A браво! Несакаш да му повредиш ги чуствата да направиш ступидно да се осеќа после и нормално не се кажува така диреткно "не ми се допаѓаш, ај остај ме на мира" многу дрско звучи. Едноставно најди/смисли добар изговор кажи му дека се гледаш со друг, дека моментално не си заинтересирана за започнување нова врска, смисли нешто но нека биде LITE/благ изговор.
@Matotheja Епа тогаш освен директна искреност, ништо друго не ти преостанува Помалку ќе го повредиш вака
Морее вие ако не си кажувате такви работи не ви сум јас крива. Нека се плеснат де, таа сака тој сака. Ми е гајле мене што помисливте, ама многу памет солите. Одморете се малку пробајте опуштете се.Chill out
@pupi.girl Епа Папи, ноу офенс, ама на секој можен совет или коментар, реагираш ептен засегнато, а во прилог и со по некој нов детал, се олеснил, се двоумел, немало фаца никаде Но, ете, чим е за другарка стварно, еве, не се замарај со неа, за нејзината ситуација да пишуваш, остави ја, таа всушност нема ситуација за решавање, бидејќи нема никаков проблем, тие се двајцата раскинати, а таа малку подоцна ќе сфати што и како
Добро не напишав во првиот пост, па затоа од тоа сега сто поста излегоа. Двајцата се возрасни, не требаше можеби и јас да напишам, ама ете мене ме прашуваше и нон стоп за тоа зборува. Ајде да не правиме оф топици. Или ќе сфати или нема
Мислаш ти треба да си се опуштиш, а не ние... Се збуни малку На јавен форум пишуваш, како да не ти солиме памет? Остави го бившиот... Ете си му се соблекла на камера, тој убаво си се испразнил и заборави го. Ќе си најдеш нов... Т. Е. другарка ти де
Јас опуштена сум, а исто немам намера да се расправам тука. Ако ти се прави муабет повели во инбокс, за што било
Било каков совет за да се преболи некој кој многу се сака би бил добредојден. Девојки јас не можам да го преболам човекот кој ми беше се, поминуваат месеците, а јас секоја вечер мислам на него. Премногу ми недостига, се чувствувам како да починал и како никогаш веќе нема да го видам. Пробав и со некој друг да се гледам, ама не можев.
Човекот кој ти беше се? хммм каква ви беше врската или брак беше? Ништо страшно не е, ни прва ни еднинствена што од време на време ќе се лаже сама себе дека не може да преболи, се се преболува во однос на партнер. А ќе се најде некој од летаргија да те извелече кога најмалку се надеваш, не налетал соодветен тип на човек.
За се треба време не се доволни неколку месеци само. Ке видиш ке заборавиш. Ама и ти не треба цело време да мислиш на тоа,тргај ги мислите од тој човек што повеќе можеш.
Не беше брак, јас многу го сакав, за жал попусто. Можеби си во право, не треба да очекувам ништо. Се трудам да не мислам, ама навечер пред спиење самите мисли одат таму..
@Chopard излегувај, дружи се, не се затворај дома, прави некои работи кои се нови за тебе. Секој може без секого, не е крај на светот
Ако не било брак значи и немало заеднички планови, соништа и тн. Љубовта е двонасочна улица, ако оди во еден правец џабе е се. Не се измаувај сама себе, мислиш затоа што не налетал некој да ти го смени правецот на мислите сакала ти или не. А за очекувања, за мене секогаш е, очекувај најлошо надевај се на најдобро.
Види времето викаат дека лечи се. На секој му е потребен различен временски период за да ја надживее разделбата. Тука голема улога игра и причината за која сте се разделиле а исто така и должината на временскиот период во кој сте биле заедно. Иако ти е тешко мораш да гледаш позитивно на животот. Секој човек може да љуби повеќе пати а секоја наредна љубов е се посилна и подобра. Мораш да разбериш дека ти си способна да сакаш некого повторно но прво да го заборавиш оној кој ти предизвикува болка. За таа цел ова време искористиго за себе си. Оди излегувај дружи се, стекнувај нови познанства и мислите насочи ги кон убави работи. Во животот има многу потешки работи од една разделба. Најди ново хоби кое те исполнува, работи на усовршување на себе си во некоја област. Разговарај и со некои блиски за проблемот сигурна сум дека ќе те поддржат и ќе ти поможат да го пребродиш периодот. Најбитно не се затварај, искорити го секој момент да уживаш во животот.
Јас би те посоветувала да не си го трошиш животот тагувајки по тој што вејке тебе те заборавил.Со тек на време ке сватиш.Можеби не си го сретнала вистинскиот.
Здраво Девојки ве молам за совет Ете несум многу активна на форумов но оваа ситуација ме збунува незнам со кого можам да разговарам и кој би ме разбрал па решив да напишам ако има некој да ми врати Ете вака имам дечко и скоро сме 4 г заедно, ме сака и јас него го сакав, имавме заеднички планови за во иднина, но во последно време некако се расправаме се оддалечуваме. Но ете веќе последниве 3-4 месеци се појави едно момче со кое се допишуваме на фб, и незнам дали е нормално но некако се навикнав на него, разменуваме слики, си ги раскажуваме секојдневните ситуации, зборуваме за семејствата другарите едноставно се, а после овој период тој ми кажува дека иако на таков начин почнува да се заљубува во мене, се будам и заспивам со неговите пораки, дури ми недостига а тој е во Канада таму работи а доаѓа летоска во Македонија. Знае дека имам дечко и ја знае ситуацијата, но ми вика чекај ме да дојдам јас ти го кажувам чувствата види ме па ти одлучи со кого ќе останеш, а инаку е 28 години и вика сериозен сум во врска со тебе. Сегашниов дечко некако го избегнувам, сакам да му кажам но неможам. Незнам што да правам. Дали е можно да засакам некој на таков начин или јас само замислувам ? Голема будала сум што се доведов во ваква ситуација, но што да правам ???
Ако не го сакаш дечкото со кој сте заедно 4 години треба што побрзо да му кажеш да не се лажете сепак 4 години не се малце. Треба убаво да размислиш и да одлучиш што сакаш.Дали навистина си заљубена во другиов тип или е нешто само пролазно. Во последно сте се оддалечиле со дечко ти,ти фали внимание и такви работи си ги пронашла со него. Одлучи се со кој сакаш да бидеш ама после немој да жалиш за изборот. Запрашај се дали навистина си го сакаш дечкото.
Мораш да одлучиш додека не е предоцна.Бидејки како сто и самата казуваш веројатно не го сакаш повејке дечкоти.