На докторски студии си. Доволно зрела и своја личност верувам. Тогаш зашто за дечко да се откажуваш од твојот живот ?! Не излегуваш на кафе, бла бла. Уште од колку работи се откажа?! Мене ми се чини оти си му дала до знаење дека си заљубена до уши. Покажи не зависнот. Крај краева не ни зависиш од него. Ниту сметам дека тој треба да се откаже од неговиот живот. Апсолутно се согласувам со коментарот од погоре. Мене повеќе би ме загрижило она другото, на негови 37 години, крајна не сериозност. Што не значи дека така и ќе продолжи. Ама, тука секогаш има АМА. Што оцени ти во овие 10 месеци ?! По постов дечкото не ти глуми, ти кажува се отворено. Спремна ли си ти да "губиш" време со него?! Ти одговара ли тебе особа за која сметаш дека те деградира и се осеќаш деградирано?! Одговор на прашањево сама најубаво ќе си дадеш. Прво убаво можеш да му објасниш што и како од една врска очекуваш. И ако нема промена, тогаш носиш една одлука. Или трпиш и се надеваш. Трето нема.
Океј бе ништо страшно другарки му се долго време се дружи со нив сеа да почнал па и да се буниш ама се дружат долго време нормално е заебанции и такви работи ама океј е малку да си љубоморничка а тоа што не става слики со тебе едноставно е кажи му ако толку би ти значело тоа ако те почитува ќе разбере и ќе гледа да ти удоволи и тебе
Na 37 god da ti vika da ne ocekuvas prsten i potpis a da te kani da zivees so nego...neseriozno.Ako sakas avantura imaj ja so nego no barem znaes sto da ocekuvas.Ceni sto e iskren so tebe... Slikite so drugarkite negovi se najmal problem. Covek koj te saka nema nikogas da te ispusti da si odis od negoviot zivot...Izvini
Не можам да разберам да човек од 37 години се однесува толку незрело. Не зборам овде за тоа дека ете не сака прстени потписи, негово право, за тоа секој сам си одлучува и сам си ја знае причината зошто тоа е така. Ама кога ќе ги видам така повозрасни а се однесуваат како да имаат 19 ми е малце одбивно. Ваму те крие, зошто да ставаш слики со девојки, друштво, а да не е вклучена девојка ти во нив, прави сомнеж, не мора да си залепена до него, да сте гушнати или сами на сликите. Не мора да се ставаат слики секој ден и слично. А од друга страна ти вика да живеете заедно, која е целта на живот заедно ако ништо не ве врзува еден со друг??? Врзувањето не е само потписж. треба да се дели се, пари храна, кревет, обврски..за што ?? бесцелно?? И коа ќе доагаат тие 5 ти ќе излагаш од дома , ќе се криеш?? Не знам мн ни е детски ова мене...
Ужасно ми е. Разбирам другарки друштво и јас имам другари ама слики секој ден, излегува јавно со мене а на фб слики со други искрено срам ми е. За една слика заедничка на Инстаграм ми викаше ќе ме блокираше на се, ми рече неќам да те видам.Јас од Ибста.и ФБ научив дека бил по клубови со другарките , или во Охрид. А со мене никаде. Во однос на второто прашање замисли да делиме трошоци и да не ги запознаваме семејствата. Ужасно ми е. Сега 10 дена сме да не контактираме. Колку и да го сакам не можам да продолжам.
Знам, затоа и пишав малце подиректно. Сама гледаш дека во таква врска немаш иднина. Не го губи времето...Ќе биде тешко, нема лесно да помине. Но сфати дека понатаму со друг ќе биде многу подобро. Бирај дур не го најдеш оној кој е баш по твој терк. И ти на него се разбира
@Daniela2207 О мај гад. На 37 години се понаша ко да има 17 години. Не можам да разберам како може некој тип да биде толку несериозен и да се понаша толку детски. Жено, на докторски студии си. Верувам дека си доволно паметна за да сфатиш дека со овој тип едноставно немаш иднина. Типот сака да си игра со тебе и твоите чувства. Мислам дека во состојба е и да те изневери, бидејќи не ја гледам неговата сериозност кога е во прашање бракот. Едноставно не е за тебе и немој да си го трошиш времето со него. Те крие, става слики со сингл-девојки и се прашуваш што понатаму? Времето си лета, така што би те советувала да се тргнеш од него...
Ви благодарам девојки. Некогаш кога не можеш сам да најдеш решение бараш туѓо мислење. Сите и познати и професори и вие тука што ги прашав ми одговорија исто. Во теко на овие 9 дена што ни преостануваат од паузата ќе направам еден цврст став но мислам ќе биде крај на све.
Претпоставувам дека тој не барал совети ниту од познати, ниту од непознати, ниту од студенти, ниту од професори. Според неговото понашање, не верувам ни дека ги одбројува деновите од паузата. Кој повеќе се замара со врската и повеќе инвестира во неа, тој/таа повеќе заглавува со чувствата, а другата страна ја има контролата над неа. Го подвлеков твојот збор „мислам“. Штом мислиш, ти нема да ставиш крај на све после завршетокот на паузата. Ги имаш заглавено чувствата и моќта на врската му ја имаш дадено него. Ти треба еднаш дебело да се изгориш за да не дозволуваш вака некој да те третира. За жал мора да помине човек низ тој процес на болка инаку џабе трезни луѓе ќе го советуваат поинаку. Извини што ти ја кажувам суровата вистина толку директно, ама мора вака. Wake up, има уште 3.6 милијарди машки на светов, а толку малку време живот
Не си помислила дека има друга? Мислам, на 37 години така да се однесува и да не сака да ставиш слика, нешто крие дефинитивно.
Нашата врска секогаш се состоеше од раскинувања и смирувања. Тој раскинуваше,тој ме бараше...а јас секогаш трчав одма,но никогаш го немав вниманието од негова страна што го сакав. Уште на почетокот од врската мојата доверба се сруши,ме излажа за мн голема работа. Згора на тоа постојано го фаќав како комуницира виртуелно,а тој ме смируваше дека нема ништо повеќе од тоа и како јас сум таа која јаде и спие кај него. Пред 2 недели ми започна разговор како он после 6 години ме осетил како жена со која сака да го помине животот. Сакаше да си ги споделиме сите тајни. Јас цело време бев убедена дека ме има изварано со некоја од тие со кои си комуницираше и сакајќи да го натерам да се отвори го излажав дека сум се гледала со др. Се изнервира кажа дека не го очекувал тоа од мене, но и понатаму не призна нешто конкретно освен дека еднаш случајно се бакнал со некоја другарка од порано,се сретнале случајно,по што и на двајцата им паднало незгодно и се повлекле. Стигнавме до момент дека ќе си простиме се и ќе се исчистиме, но мене постојано ме мачеше некој сомнеж. Пред некој ден требаше да идам кај него, излегов од дома,но по пат се скаравме по тел и ми рече не доаѓај и ми спушти. Јас отидов,беше отклучено и кога влегов кај него во соба седеше пред ком и пишуваше на скајп со некој и кога ме виде одма исклучи. Врвот беше вчера кога јас почнав да полудувам и да фрлам работи низ соба. Ме смируваше,но јас претерав и во еден момент срипа и ми вика ајде да си одиш. Јас почнав да давам отпор,но почна да ме влече и да ме кубе и неговите да не влезеа во соба нз што ке се случеше. Криво ми е што во туѓа куќа направив сцена и ги вознемирив неговите. На крај ми кажа ова што вечерва го направи никогаш нема да ти го простам. Знам дека сум и јас крива ама почна да ме навредува и омаловажува и збудалев. Ме боли што беше како дивјак. Мн сум бесна и без волја за ништо. Што мислите што треба да направам?
Како прво, ти си таа која се сомневала во неговата верност. Што испаднало? Не бил со никоја. Како второ, пак ти си виновна за тоа што го опиша на крај. Можеби кажал навреди и лоши зборови, но со право. Какво е тоа однесување, осет за самоконтрола немаш ли? Па и во негова куќа тоа... и сега, ни тој ни неговите нема да те гледаат на ист начин. Во целава оваа приказна ти си таа што ги прави проблемите таму каде што ги нема. Сега можеш само да се извиниш и да си поработиш на своето однесување ако не сакаш да го изгубиш дечкото. Едит: Тоа раскинувањата и смирувањата, од која причина беа? Колку време траело тоа? Тоа било на почетокот нели? Несериозно од негова страна, па и за тоа што те излажал но важно е што се променил.
Он се однесувал ко дивјак, а ти не а? Па со право сакал да те истера кога си почнала да хистеризираш во негова куќа пред неговите. Ако сум жена, и мојот сегашен маж така да хистеризирал кога одевме ќе бил истеран. А кога ќе се омажиш, така ќе фрлаш работи и пред свое дете? Треба да му се извиниш ти.
@Zumbula многу врева за џабе. Мислам како можеш да кажеш дека нешто си направила, ако не си? Не ја разбирам поентата. Што очекуваше тој да направи. Да каже: Ништо страшно, и јас те изварав? И се ќе помине ко ништо да не било. Или пак ќе биде: Уживај, и јас го направив истото. Не! Тој си ја зел топката во негови раце и нормално дека ќе се однесува така. Уште па и непоканета, своеволно си влегла кај него дома. Каде ти е бон-тонот, бе девојче. Не сакам да те напаѓам, далеку од тоа. Ама имај малку достоинство. Ко прво: Си згрешила што си излажала, а ко второ остои цивилизиран начин за решавање на проблемот. Кој е дивјакот во приказната. Дали ти што си расфралала по сите страни работи во туѓа куќа, а он пробувал да те смири? Што да ти прави, во куќа си му. Но, ко што сама велиш: ПРЕТЕРАВ. Ти треба да пробаш да му се извиниш и да му објасниш дека и го излажала, кажи му и зошто така си постапила. Барем си извлекла дека направил некогаш нешто со некоја негова другарка. Но, што ако тогаш сте биле скарани? Ко што велиш: Имвме многу смирувања и раскинувања. Побогу, зарем очекуваш индина од толку повуци-потегни? Јас не би..
Не отидов кај него непоканета,бевме договорени. Јас на пола пат веќе бев до кај него,а он ме провоцираше на тел и оп ми спушти. Му ѕвонев пак,не крева. Сигурно бил зафатен со муабетите на скајп. А за тоа дека и јас бев како дивјак, бев признавам но тоа не беше пред неговите,дури и татко му ме викна и ми рече ако ме удри пак да му кажам. На мн работи сум прогледала низ прсти,му имам најдено и слики од девојки во ком. Не викам дека јас немам никаква вина,ама секогаш сум била тука за него. Вчера отидов да го соберам од кафе со другар му и за враќање му давам на него да вози и седнувам напред до него,другар му уште беше надвор и ми вика што не седна позади? .... И не, не би се расправала утре пред децата. А за тоа дали бил со некоја или не,не знам го немам фатено на дело,но која е потребата да трошиш време и енергија на комуникација со непознати девојки? Тој има широк круг на реални пријатели и не можам да ја разберам таа потреба. Уште и ми вика мене ме молат да се видиме ако јас посакам одма ќе се видиме. Нормално е тоа?