Girls girls. Конечно дишам раскинав! Помина скоро месец.. Стапив во контакт со еден дечко (28годишен). Дечкото е пред развод, не живее веќе со сопругата а имаат мало бебенце од 5 месеци. Контактираме долго време може да кажам, и се чувствувам како да го знам цел живот. Дечкото е од друг град, значи не е од Скопје. (Кратово) .Дојде во Скопје за да се видиме да се запознаеме да пиеме кафе. Навистина е фин. Муабетот to be conitinue.. Ми вели, "Јас ке се разведувам, не е поради тебе, уште пред да те запознаам ние бевме разделени " , нормално не би сакала да сум причината за да се разведат. Долго широко е. Има синче од 5 месеци, многу е слатко. Е сега паднавме на муабет и дечкото мене ми вика се чувствувам ко цел живот да те знам, одвај чекам да се разведам и да бидам слободен човек.. и тогаш.. ми вели ке се борам на суд за синчето да го земам, да земам старателство врз него,сета процедура би требало да трае околу 2 месеци и тогаш кога ке го земам ке дојдам ке те побарам за жена од твоите. Јас се пресеков на пола. Му викам чекај не брзај знаеш каква ми беше ситуацијата на мене сега дувам и на јогурт шо се вика затоа.. и ми вика доволно ми беше што те видов, сфатив вика се, само сакам да добијам љубов и почит од тебе, а јас ќе те чувам како капка вода на дланка. О мај гад !! What to say? Help me girls, а стварно е сонце, се мучи за да го гледа синчето.. Јас незнам шо среќа ќе имав.
@Zumbula Те удрил веќе? П.с. Дали автобомилот е твој и ако е твој што уопште му даваш нему да вози. Божее.. Па уште да ти вика зошто не си седнала позади. Инаку пак си некултурна што влагуваш така од нигде-никаде. Јас стварно не знам зошто си со него, ако ти кажува дека може да излезе со некоја кога и да посака. Само што мислам дека ти од претходно не си реагирала и сега само се прелила чашата. Проблемот се решава од корен, а не после месеци-месеци. @RumShtangla Мислам дека треба малце да напраиш еден чил-аут. Дозна ли зошто се разведуваат? Која е подлабоката причина за развод? Мислам бебчето е многу мало, само пет месеци. Сигурно имало некоја силна причина за крај. Истражи малку кој е и што е. Немој одма да донесуваш избрзани одлуки. А, верувам дека и мајката на бебето нема да остави така да си го добие старателството. Тоа е една мачна и долга голгота, па бракоразводни парници, врагови... Непотребни тешкотии за тебе, верувам дека си млада. Немој да дозволиш да ти лета умот. Колку време го знаеш? Верувам не се знаете долго... Истражи ја добро приказната, која има две страни..
Да,мој е и не ми смета да вози он,нели како машко, ама нема јас во моја кола да седам позади за другар му да си седне напред. И да,сите наши карања најчесто биле поради истото и сега дојде до пукање.Дури и се има случено во продавница на каса продавачката да се збуни,и уште се закача ааа виде ли како ме гледаше? Демек јас фраер сум види. Тој ми дојде мене на работа пред некој ден наводно да сме разговарале и почна да урла. Среќа што немаше никој никој во моментот. И јас ништо не му кажав, а тој разговор можевме да го правиме и после работа.
@Zumbula Што има врска ако е машко, мора ли он да вози? Као непишано правило е или? У моја кола уште да ми наредува кај да седам... Ма иди бегај.. Добро, жено... Што бараш ти со овој?!
@Zumbula девојко ти стварно си љубоморна, правел муабет на скајп, правел она ова. Чекај малку до 6 години си го прифатила таков сега се буниш, се гледа дека му е досадно со тебе во врска и човекот си наоѓа занимации. Штом таквиот човек ти сведува се на "ти реков-ми рече" пушти го. Инаку горе напишаното не се однесуваше само за тебе туку општо за сите девојки. Ти тука бараш совет,тој таму секса некоја. Остај го неколку дена,покажи дека можеш без него и ќе ти дојде со подвиткан опаш.
Не мора,ама ете никогаш не ми сметало. Па не сум веќе со него, ама мн ми е криво што ги вознемирив неговите. Не се они криви за ништо,секогаш биле мн коректни. Дури вчера татко му ме виде дека сум вознемирена и ми вика поседи смири се немој да возиш така,а он си излезе од дома. Кога се симнав на паркинг уште ми вика немој да си ме замарала, од утре секој ден ќе сакаш да се самоубиеш и ме стиска за рака.
Ако не сте заедно што бараш совет. Тој едвај чекал да направиш нешто.за да ти набаци вина. Ајде кулирај, каков идиот тој ќе ти вика "да се самоубиеш" демек он ти е помил од животот.
Sto ti vika kje samoubies hehhehe ccc kazi mu da si odi da napravi prostor za nekoj drug vo tvojot zivot, samoubivanjeto za nego da poceka, zdravje de.
Јас никогаш не сум го прифатила тоа, мислев дека има прекинато со тоа.Барам совет затоа што секогаш прави да се осеќам крива па сакав да слушнам и др мислења. Мислите дека ќе ме побара?
Прво, не го пишуваш убаво проблемот дека те понижувал и дека те удрил, туку само нафрли нешто таму за скајпот и дека ти си урлала кај него дома, а бараш совет. Па после ја кажа работата убаво што како. Второ, како можеш да сакаш да те пораба по се што ти направил? Зарем сакаш да бидеш уште со него?
Ако почнам да пишувам треба цела книга да ви напишам...јас целосно му се посветив и дури и да е вистина тоа дека никогаш не се видел со тие девојки од нет не сфаќам зошто толку му е битна таа комуникација. Уште сум вознемирена и збунета и не можам да размислувам со ладна глава. Само знам дека мн сум собирала на куп за да избувнам така.
Боже па вие се гледате како непријатели какво самоубивање како може да ти каже такво нешто...каква врска е тоа ако се вреѓате и напаѓате, не се гледате како свои и немаш заштита од него никаква тој не се грижи за твоите чувства зошто прашуваш дали ќе те побара како можеш да посакаш да те побара убаво ти е да си во таква бедна врска?? Страшно...
Бооожееее, Господеееееееееее............ девојче што уопште се замараш со него?!?!?!?! Ај,мани го таму... Нека крши глава. Ццц..
Ako pisuval na net znaci imal vreme za dr curi, pa milo to alesno se resava, redovno izmoruvaj go do besvest i dojdi kazi dali se mota so drugi hahahha bitna mu e zs tamu si go kreva egoto i taka ti se pravi fraer, lazno ego duso.
Не сакам да те разочарувам ама мислам дека ептен избрзуваш. Како прво човекот го знаеш само виртуелно, а сте се виделе едвај еднаш и тоа на кафе. Можеби тој не е воопшто лош дечко ама јас мислам дека треба да ги истражиш подлабоко причините зошто се разведува од сопругата со која имаат 5 месечно синче. Има луѓе цел живот ги знаеме па се изненадуваме на крај од некои работи, не пак од човек што го знаеш едвај месец дена. Сакам да ти кажам само да не брзаш и да не се надеваш многу, тој сега излегол од еден брак и веднаш да трча во друг ми е некако за неверување. Тебе сега вака може од страна ти изгледа слатко како демек тој ќе се бори за синчето ама секоја приказна има две страни, можеби работата не е ни најмалку така наивна и едноставна како што изгледа.
Да те разбирам, се видовме синоќа и ме однесе кај најблиската негова тетка. Женатами раскажа се. Детал до детал, вика можеби и нашево не е цвеќе ама она како што правеше никој не правеше добро е што ти кажал, се надевам вика дека ке бидете среќни. А детето вика, е најмалку криво. Читав пораки од нејзина страана дека не му го дава детето му се закануваат го навредувааат.. врти сучи се е како што кажува немам ниту еден мал сомнеж. Незнам стварно, btw му кажав да не брза, прво се да се среди па понатака ќе видиме.