Голема грешка сте направиле што сте биле 24/7 заедно. Млади сте и ви треба малку слобода и простор. Девојката веројатно се почуствувала загушена. Сигурно ти давала и предходно некои знаци, ама не си ги сфатил. Многу е поубаво (според мене) кога нема со дечкото да се видам ден или два и едвај чекам да го гушнам, да си позборуваме... Заедно сте биле 4 месеци и сте имале муабет, но може за некој месец темите ќе се исцрпат. Друга работа е и разликата во карактер. Тебе можеби ти прија таа блискост, додека на неа тоа и е премногу и сака да има време и за себе и за другарки. Мислам дека премногу си бил фокусиран на девојката, тоа не е лошо, но со одредена граница. Мојот совет е да се слушнеш со неа и да и предложиш да се видите, но не навалувај. Горе велиш: " дали би било океј да пробам врска со неа од ново ". Мој предлог е, ако се согласи да се видите прво да разговарате за проблемот. Во прво време, првите денови не биди наметлив, не ја барај цело време и не и пишувај, дај и простор да ти каже што е проблемот и полека да го решите. И за крај, извади поука за друг пат, дека се што е претерано не е добро
Здраво, се надевав дека никогаш нема да имам потреба да пишувам во оваа тема, ама ете... би сакала некој совет и ваше мислење Имам/имав сериозна врска од година и 8 месеци. Веќе една недела сме на "пауза" по негово барање со изговор дека ме сака но неговите чувства и привлечност спрема мене се намалени, врската му е досадна а и мака мачи со депресии и анксиозност. Пред месец дена го правевме истиот муабет и ми кажа дека сум за него баш идеална девојка (затоа што ни една претходна не го прифаќала таков каков што е, бил изневеруван итн), ама некако монотоно му било се, има моменти кога му се намалува желбата за секс... По тој муабет решивме да продолжиме заедно, со цел сето тоа да го решиме затоа што никогаш немавме ни една караница. Ама во меѓувреме осеќав дека не е баш ист... Заедничките излегувања намалија. Идењето по дома исто.Не се трудеше, или пак се трудеше ама не колку мене. И пред една недела пак неочекувано го почна муабетот дека не му оди, дека не сака да ме повреди, подобро е порано да завршиме ако не оди оти сме имале години (по 25). Јас не го молев, ама ич не ми беше сеедно. Раскинувањето се претвори во пауза затоа што не беше сигурен дека треба да прекиниме. Не сакав баш, ама се согласив затоа што ми рече дека има шанси пак да се вратиме заедно. Од ко сме на пауза ме побара 2/3 пати и имавме краток муабет. Му недостасувам, ама ништо од чувствата за мене не ги средил т.е. не знае дали сака да продолжиме или не. И да сме биле заедно после паузава да не не било се ко што треба, да не не сум му верувала.. Мене ми е претешко.. ми е прва сериозна врска, прв со кој имав односи, моите дома го знаат, јас неговите ги знам. Би сакала некој совет и ваше мислење
Мислам дека се повеќе и повеќе се оддлечувате со ова паузиве..Мислам дека би требала да разговараш со него и да ти каже на што сте. Бидејќи од ова што го кажа како да се вртиш само во круг. Затоа излезете и прашај го искрено да ти каже што точно се случува со него.
Исто мислам и јас, затоа не сакам паузава да е долга и некако детски ми е. Сакаш или некеш да сме заедно, се се сведува на тоа. Само што еве денес зборувавме малку и ми кажа дека ништо не решил во врска со нас, збунет е. Затоа ако излезиме и зборуваме.. пак ќе ми го каже истото, или па ке се изнервира и ќе речи готово е. А јас така во афект не сакам да си ја фрлам врската, затоа што не можам во моментов да се замислам без неа.. (песимистички гледам некако во моментов)
Го прочитав внимателно ова што го имаш напишано и однесувањето на дечково, неверојатно многу потсетува на едно лично искуство. Едина разлика е што во мојот случај, јас иницирав разделба. Знам дека прилично долга ти била врската и претпоставувам дека уште го сакаш ама мој најискрен совет е да се дистанцираш од него. Нема да биде лесно, со оглед на ситацијата дека страда од депресија и анксиозност, но ако продолжиш да му угодуваш да се видите тогаш кога тој ќе те побара, само си ја продолжуваш агонијата. Тој најверојатно и нема да го смени мислењето и ќе очекува да бидиш тука само кога ќе му притребаш. Тоа што ти бил прв со кој си имала секс, не значи дека ќе биде и последен. Најчесто и не оди така. Тоа што имаш 25 години не знам зошто би ти ја намалило самодовербата, не си престарена, ни ти ни тој. Од мојата токсична врска, јас научив една битна работа. Ако партнерот не те прави среќна или шири негативна енергија, нема причина зошто да останеш со него. Несакам да звучи клише ама сепак, животот е пред тебе и нема смисла да му го поклонуваш на некој кој не го заслужува тоа. Очигледно е дека тој не е сигурен во неговите чуства и тоа е доволен доказ. Да прекинеш една врска не е воопшто лесно, но запамти една битна работа. Кога една врата се затвора, многу други се отвораат. Мислам дека по определен временски период, откако ќе помини цела оваа ситуација ќе си бидеш благодарна што си го направила потешкиот чекор. Ќе искористам еден совет од една другарка за покачување на самодоверба: “Што и да ти се случи во животот секогаш чекори со гордо исправена глава и со насмевка на лицето, дури и кога ти е најтешко. Никогаш не заборавај дека вредиш и заслужуваш да бидеш почитувана.“ Се надевам дека помогнав барем малку.
Фала ти на мислењето, знам дека ќе е така ко што кажуваш, затоа нагласив дека во моментов размислувам песимистички со оглед на тоа колку тој ми значи и колку ми прираснал при срце. И баш поради тие причини му реков дека ке му дадам уште недела дена време затоа што се повеќе од тоа е свесно оддалечување. Во меѓувреме ми призна дека неговата претходна бивша му пишала и се заканувала да ме остави, во спротивно ке ми кажела "се". Ми кажа таа се што имаше, ни збор не поверував. Јас имам доверба во него, но и нејзиното мешање придонела во проблемов.. Сеуште ли има бивши кои се однесуваат ко психопати? Како и да е, таа е само делче во приказната, затоа што тој не знае што чувствува
@pierces , колку повеќе се трудиш да ја задржиш врската, толку повеќе спротивен ефект ќе има. Не смееш да дозволиш тој да ја има целосно контролата на врската, а твојата позиција да биде: “Еве јас сум ти на закачалка, а ти размисли си, погледај лево-десно дали имаш подобра опција, па ако немаш подобра опција и ако сум ти вредна за сакање, тогаш врати ми се, јас ќе те чекам колку сакаш со отворени раце...“ Никако! Така во негови очи ќе испаднеш патетична, ќе те гледа како очајна и „резерва“, како многу слаб предизвик и сл. Мораш да ја набилдаш својата самодоверба и почитта кон себе си. Ако сама не се почитуваш, не очекувај други да те почитуваат. А типот, нашол па зашол. Ако врската ви е монотона, тогаш двајцата сте одговорни за тоа. Тоа значи дека ако на него му е монотоно, нека не биде пасивен и нека тој внесе жар, страст и авантура во врската. Почетните пеперутки не траат вечно. Во сериозна врска треба да се инвестира, треба да се љуби не само под водството на тековните емоции, туку и разумски и со одлучно. Што значи тоа? Тоа значи дека ќе има периоди и во врската, а особено во бракот кога нема да ги чувствуваме тие пеперутки и таа заљубеност кон партнерот. Ама тоа не е причина за развод. Емоциите се променлива работа и понекогаш зависат и од тоа што сме јаделе, каков ни бил денот на работа, дали поминуваме низ финансиска или друга криза, конфликти со партнерот итн. Сериозната љубов не се темели само на емоции. Тогаш треба разумски да си речеме: Ова е мојата партнерка и иако ме нервира во моментов, иако е болна, иако е депресивна, пасивна, разочарана whatever, сепак таа е мојата партнерка, жената на мојот живот и јас денес одлучувам да ја љубам. Баш во вакви моменти љубовта е најпотребна. Тогаш треба да се подари цвеќе, да се каже некој убав збор за партнерот/ката (значаен комплимент), да се помине квалитетно време со неа, да и се помогне ако поминува низ тежок период итн. Најлесно е да се избега. Кукавиците бегаат при првата криза во врската/бракот. Вистинските љубовџии се борат во врската, инвестираат во неа, се жртвуваат за партнерот и не го земаат само шлагот од врската само за да си ги задоволат своите сексуални потреби или потреби за забава и разонода, и не гледаат само себично да земаат од врската, туку и они да се дадат во врската. Ти не мора да го чекаш он да ја зазврши паузата и да ти даде „конечна одлука“ што одлучиле неговите ооо пресвети чувства. Радо би ти препорачал ти да му раскинеш со изговор дека во животот не ти треба дете што не знае што сака, туку зрел маж чија стабилност нема да зависи од чувствата и на кого ќе можеш да се потпреш ти и твоето идно семејство. Ти гарантирам дека ќе те бара за да праите муабет очи во очи и дека ќе те сака назад. Но дали си ја постигнала целта со тоа? Не би рекол. Ти пак ќе останеш со истиот нестабилен човек во врската. Ај доста беше, зајдов со коментаров
Да не бев јас на ова место на кое сум сега, ќе го кажев потполно истото. Ама сега кога се работи за мене, ми се матат мислите. Јас всушност сеуште го сакам и сум спремна а да се борам за таа врска, затоа што сме поминале многу и мегусебно се извадивме од депресивни периоди, поради тоа сум како што викаш ко на закачалка. Мене ми е јасно дека скоро секоја врска има убави и не толку убави периоди, него не му е.. Тој во моментов е нестабилен и ме копка кога би се вратиле пак заедно, да не остани таков. А ако паузата се издолжи сигурна сум дека и мене ке ми се намалат чувствата. Можеби и ќе те послушам и јас ке прекинам се, и онака немам баш многу надеж дека се ке е ко порано
За почеток те советувам да не го мислиш многу, туку да си го исполниш времето со други работи. Не е само дечко/маж во животот. Земи читај нешто, работи, посвети внимание на блиските пријатели и на подзаборавените пријатели. Еве побара совет на форумов и прочитај денес и утре и толку. Немој сега со секоја другарка само за него да збориш и да си ги окупираш мислите со него. Паузата нека биде пауза и за тебе, а не само пауза за него. И ти заслужуваш пауза и потоа одлука со трезна глава. А ќе се отрезниш ако ме послушаш што ти велам
Фала ти, инаку паузата и јас ја користам и за размислување и ја исполнувам со други работи и активна сум. Не е дека јас не можам да издржам без него, обратно е. Ко што ми се гледа, ке те послушам..
Имам дечко веќе 5 месеци сме заедно,но во последно време некако многу ми е досадно..Едвај чекам да одам кај него а кога ќе одам па едвај чекам да си одам...му реков не ми е убаво како порано вика да и мене така можеби периодот ни е таков...ми рече не ми е досадно со тебе исто те сакам,ама од ништо нешто за многу банални работи се караме,и тој се лути и јас...не знам дали да раскинам или шанса да дадам за нас,можеби е стварно период..А го сакам јас не велам не,но не се замарам како порано пример се нервирав за лајк кога даваше на сите сега ич не ми е гајле.Ми рече дека пишувал со една другарка на фб јас ништо пак не бев љубоморна а бев многу....Сега ништо не ме интересира...Дали тоа љубовта ми згаснува полека..
@aleksandra4444 нема што да форсираш нешто што не иде кратка ви е врскава ако уште сега ви здосадило тоа е тоа... видете вие разговарајте си ако мислите дека треба да прекинете направете го тоа не си губете време
Се случуваат вакви работи.Но разговарајте подобро е сега да ставите крај ако не ви оди и да не се лажете џабе. Сепак не сте многу време заедно можеби и љубовта ви била пролазна.
Ама за него знам дека ме сака..Јас веќе не сум сигурна како што бев..Си ги сменивме улогите,сега тој е повеќе љубоморен,дури се осмели да ми отвара пораки во фб,вибер,дури и и на инстаграм..Тој повеќе гледа сега да ми угодува ама до мене ништо не допира..
Ние цела година се чекавме додека да бидеме заедно,а само 5 месеци сме официјално.Сигурна сум во неговата љубов ама јас уште мислам на бившиот тука е проблемот..
Епа тоа е главен проблем. Ти треба првин да ги средиш твоите мисли. Дали можеш да го заборавш бившиот или не. Ако не подобро вие да раскинете за на крај никој да не е повреден. А ако си спремна да го избришеш и да се посветиш на твојот дечко тогаш би имало напредок можеби.
Пробав да го заборавам од почетокот многу ми беше убаво мислев дека сум го забораила но сега колко повеке поминува времето толко повеке на него мислам..Проблемот ми е што бившиот мене многу внимание ми посветуваше,јас му бев најбитна на него а сега очекувам и од дечко ми исто така ама не е исто...Тој ми посветува внимание ама не на начинот како бившиот и јас нонстоп ги споредувам и он е нула со него не знам дали ме свакаш..
Можам да разберам како тие сум имала сличен проблем како овој.Ама немој никогаш да очекуваш или да правиш споредба на бившиот со сегашниот дечко. Тоа се двајца различни луѓе и нормално дека не можат да бидат исти. Битно е ти да си среѓна со тоа што го добиваш од него макар и да не е на начинот на кој што го правел бившиот. Со помош на љубовта од дечко ти можеби ке можеш да го преболиш бившиот,мене ми успеа се надевам дека и тебе.
Тука и ти е најголемата грешка. Се додека сите ги споредуваш со бившиот, со ниеден нема да ти биде убаво. Среди си ги мислите и не го мачи детето за џабе а и себе си.