За жал најчесто е така кога ќе престанеш да се трудиш они почнуваат и што кога веќе ти поминал меракот. Ако бившиот е проблем и не си го заборавила зошто се форсираш со друг? Дај си време да го заборавиш иначе со никој нема да ти биде убаво колку и да ти посветува внимание. На кајот на краиштата ти треба некој што ќе направи на сите бивши да заборавиш очигледно он не е тој штом сепак и покрај него размислуваш за некој друг. Не му го губи и на него времето ако не ти е убаво не ти е зошто би трошеле време на нешто што не ве исполнува?
Ме интересира што би помислиле ако дечкото со кого сте во врска постојано инсистира на секс? Моментлано сум една таква ситуација и знам дека сексот е нормална работа и треба да го има во секоја врска ама тој во последно време буквлано за тоа збори, ако сакам да ја сменам темата ми гаси на телефон, дури и ме блокираше на фејсбук. Директно не ама индиректно ми вика не можел да издржи веќе ако не сме имале секс ќе било крај меѓу нас. Не знам што да мислам и дали да му попуштам?
Тој ако те сака ВИСТИНСКИ ќе ја почитува твојата одлука и нема да ти врши притисок, да те уценува, да те блокира, да ти се лути... Мој совет е да си го смениш дечкото.
Во право си ама читав и други мислења од форумот од машки членови и свесна сум дека сексот е битен, може најбитен за машките. Ама мене најмногу ме изнервира тоа што постојано ја врти таа тема, не дозволува ништо да кажам само тоа и тоа. Решив да се одалечам постепено од него, не му викам да ме одблокира ниту ништо да видам дали ќе ме бара тој, така ќе сфатам колку сум му битна.
Целта како да му е таа. Само тоа изгледа сака. Какво однесување е тоа кај толкав маж ? Јас би се навредила и веднаш би му раскинала. Што си мисли кој е тој да те прицка и уценува. Да важен е, ама немој да имаш со сељак како него.
Па многу нормано дека на секс ќе мисли на 29. Сега ако не мисли, зарем на 60. Најубавите години му се за да биде сексуално активен.. Е сега, бидејќи не може да го добие тоа кај членкава, а очигледно дека не му е толку важна, јас би му препорачала НА НЕГО да си најде друга.. Ем што ќе му биде поважна ем што ќе сака да има секс... Вака џабе си го губат времето и двајцата, кога се на различна бранова должина
Девојче, ако сте подолго време во врска, нормално дека ќе ти бара тој. А и кажуваш дека има 29 години, па нормално дека сака. А ти ако не сакаш и не му веруваш зашто гледам дека си и дете спрема него ( имаш 20 години), подобро да си раскинете.
Абе ок, да мисли на секс, треба и на брак да мисли на деца на тие години. Дечкото очигледно само секс сака, ништо друго. Девојката е мала за него, па ако направи нешто такво мислам ќе се кае. Секој за себе си знае најдобро, ама по ова таа што го кажа и што напишала дека се карале зошто тој се слушал со друга на телефон, јас да сум како неа ќе му кажам кај му е местото. Се еб***та мажите денес, каде така бе
Здраво феминки, деновиве имам проблем за кој навистина ми треба ваша помош и мислење. Епа вака со дечко ми сме заедно 3 години и имаме по 20, проблемот настана од моја љубомора за што мислам дека сум во право. Тој пишуваше со колешка во врска со факс само за книги такви работи ама потоа почна повеќе од што треба да пишуваат, јас ги читав разговорите и го опоменав дека ми смета тоа.. ајде ок бидна што бидна вчера таа му коментираше на слика јас се налутив и му реков да ми го даде тел да прочитам се што пишувале. После тоа видов дека и пратил и снап а разговорите ги избришал, му реков што е ова како не ти е срам ми рече само ги избришав мора да ми веруваш немам никакви чувства кон неа ниту таа кон мене ја прашував за совет во врска со тебе (дека бевме скарани за глупи работи) дали мисли дека ке ми се смириш. Не знам како да постапам навистина не знам, не сме во тајна врска па да не знае таа дека одиме. Се разочарав многу и ја изгубив довербата сега, ова не ми се случило никогаш.
@Any05 Ани, мора да разбереш дека човек во врска не е човек само во врска. Мора да се има друштвен живот, пријатели, семејство, колеги, не може само со тебе да разговара, не може само со тебе да биде и само ти да му коментираш на слики на социјалните мрежи Три години не се малку за да не ја познаваш личноста до тебе. Ако сите овие три години не ти дал повод да се соменеваш во него, зошто сега ваква недоверба? Ете дури ти дозволил да му ги читаш пораките со колешката и имаше нешто соминтелно или само ти засметал контактот? Колеги се, ќе комуницираат, ќе се зафркаваат, не сфаќај се толку лично.
Any05 само наблудувај го понатака. Може не е ништо само зафрканција со колешка. Веднаш немој да избрзуваш со одлуки.
Прашањето овде е зошто ли го избришал разговорот. Да е чист немало да брише. Следи го неговото однесување кон тебе, ако има некаква промена во неговите чувства, лесно се забележува.
@Any05 si razmislila deka ako prodolzis da go kontroliras ke te napusti? Ne veruvam deka nekoj saka da bide kontroliran. Ako ne mu veruvas togas ic ne se zamaraj, ke dojde sleden.
Sto najmnogu ve privlekuva kaj zenite? ova prasanje e isklucivo za mazite pa ako mozi iskrenost do srz.....