дали згрешив? Јас мислам дека си згрешила не еднаш, туку повеќепати. Првата грешка ти е тоа што си го контролирала и си била љубоморна, а такво однесување машките не поднесуваат. Си добила само спротивен ефект. Наместо да го имаш до себе, таквото твое однесување довело до ситуација тој да те лаже и да те изневерува. Втората грешка ти е во тоа што си му простила дури две неверства. Јас лично не би можела да пројдам преку тоа, ама секој си знае за себе. Ако мислиш дека можеш да живееш со мисла дека те изневерил, ок тогаш. Ама јас мислам дека сега уште повеќе ќе почнеш да се сомневаш во него, а тоа нема да ви донесе ништо добро во врската. И третата грешка ти е тоа што си се смувала со бившиот, мислам дека немало потреба за такво нешто ако мотивот бил само да се одмаздиш на дечкото. Подобро раскини му ако не можеш да продолжиш со него, отколку да се измачувате и двајцата. Позз
дали згрешив? Си згрешила да, во моментот кога си му простила... Се понатаму е неважно! Според мене, неверство никогаш не се простува.
дали згрешив? епа вака,јас го сакам премногу и цело време ние сме заедно а тие неверства беа во два дена(еден по друг ) со иста.А знам дека тоа што бев таква е лоша работа вервај мн лоша,ама неможам да се контролирам сакам се да е совршено,но совршенството сега знам дефинитивно не постој.А тоа шо се мував со бившиот беше само од инает и за да не боли толку.Фала за советот
Уфф..фала ви на сите...Што ке праам ако не сте тука со мене..стварно не знам....Вака сега сум се поубедена и поубедена дека нешто ке биде..ајде ако има нешто ве известувам... На крајот на краиштата ке си ја барам алката назад хахахаха..
дали згрешив? Мене ми е јасно ти низ што минуваш. Сакам само да ти кажам дека грешката ти е во простувањето. Сега подобро ли ќе биде? Што мислиш дека доби со твоето простување? Врската сега ќе ви оди во нагорна линија, тој ќе те цени повеќе, ти ќе бидеш среќна со него и покрај сознанието дека те изневерил 2 пати, а и ти него еднаш? Тоа се обидувам да ти го кажам, дека откако ќе се скрши работата, што понатаму? Вие никогаш нема да се вратите на исто, секогаш ќе ве прогонуваат постапките во минатото. Не сум Нострадамус да ти кажам како ќе завршите, меѓутоа сакам да ти ја доловам сегашната твоја ситуација. Сега од бес се смува со бившиот, а утре, што ќе биде?
дали згрешив? Незнам,зато и побарав помош ама сепак мислам дека не само тој крив и тој има свој зивот и неможам толку мн да контролирам,а тоа дека не е исто не е....Аго сакам и мислам дека да не ме сакаше тој ко му ``наредвав`` ке речеше чекај стој која си ти? незнам шо да прам ...
дали згрешив? Го сакаш?-Ако мислиш дека можеш да заборавиш се и да продолжиш понатаму прости му и заборави го тоа дека те изневерил(ама секако ако можеш,и никогаш повеке не го спомнувај тоа)......И повеке не му наредувај туку прави се дека не ти е гајле (ама не биди премногу оладена оти можеш да го оддалечиш од себе).....ај пиши што ке направиш и со среќааа... позз
дали згрешив? а сега јас да те прашам нешто - што постигна со тоа што му врати? го смени минатото? ви се подобри врската? те засака повеќе? .... што? ок, фит фит сте... ама кога ќе видиш подобро... ништо не си постигнала
дали згрешив? Дојдов до моментот каде се ми е ј б г смачено ми е од контролирањ,молење карање ,нека оди си викам дури оди.А враќањето е за мене да ми е полесно да немислам на то мн сакам да успејме оти преубо ми е ко ке сум со него .Ама како викат то шо е за мене ке си дојди.Фала на сите
дали згрешив? Велиш дека ти е преубо со него и дека сакаш да успеј а го излажа со друг не сум јас никоја да ти судам тука ама мислам дека ако ти било толку убо со него немаше со друг да го излажиш иако тој те излажал.
дали згрешив? Штом еднаш се осмелил да изневери, ќе се осмели пак. А штом и ти си имала срце да го изневериш со бившиот, не ми гледа дека тука постои голема љубов. Совет? Друг пат немој да си толку љубоморна и да сакаш се по твое. Зашто наместо додека спиеш со насмевка на лицето што испаднало нештото по твое, подобро стани и провери дали тој спие (или работи нешто друго)
Саншајн, има нешто тука, нападни дискретно, па ќе биде убаво Нема мислам тука нешто за сомнеж, ти знаеш веќе дека си загреана, а тој јасно ти дал знаци
Еве, се средив, се пицнав, не многу, таман за на кафе...Сега уште да излезам.....вечер, ако сум во состојба ќе ве известам..ако не здрвје утре... Фала ви на сите..
Девојки, си поминав супер иако не бидна ништо. Кажа ко у стил што си ми убаво блиску можам и пешки да доаѓам.. И сеа нешо мсн ауу....И требаше веќерта да седна ама ми прати смс дека легнал ќе сме си збореле другпат и кис..ах...зш ми праи бе вакви збузнки
Ако, ако поубаво е така можеби сака да биде сигурен дали и ти сакаш нешто со него... ете ќе си праите муабети на мсн ова она, вака кога си во исчекување е најубаво