Некој рано станал да се расправа со мажи Гледаме , гледаме како не гледаме ама ништо не видиме Море ќе ја оттргне како нема да ја оттргне, ако машкото не ја посакува, не ја посакува, па она шо сака нека прави. Тоа е за жал. Инаку не е се до цицки и газ
Значи ако сум останата по теретани и козметички салони имам појќе шанси како кукла пред вас така? и после не сте биле површни магариња коњски
@Emili0205 заљубен човек не се однесува така ладно. Ако очекуваш сериозна врска, по се изгледа дека од него тоа нема да добиеш. @Love165 колку време поминува со тебе а колку со нив? Некогаш и премногу време поминато заедно може да влијае негативно на врската, да се презаситите, да почне да ви станува досадно и рутина она што го правите заедно.
Такви згодни жени па уште паметни да се , не ќе да е лесно да ги чуваш и задржиш покрај себе долги години ако си магаре или коњ ( инаку магарињата и коњите се имаат супер изградени тела и добар алат, па немој да мислиш дека мажите со тоа ќе ги навредиш..напротив камо на коњ да личев)....јас у категорија на волови ќе се ставам
aaaaahahahahahahaaaaaaaa zosto vo kategorija na volovi? aaaa konji sakate da ste ZATO I TAKA SE PONASATEEEEE hhhhhh
Гледаме и расудуваме пред се. Внимателно следиме како разговарате, како се понашате со нас и околината. Дали се осеќате удобно во наша близина, дали би сакале секс пред да ви предложиме, дали општо ќе ве биде за жена за и околу нас. Инаку коњите ни се идоли, воловите исто како шо кажа @Роберт 7 фудбалот го сакаме и сите спортови. Коцката ни е порок, и бегајте кога ќе не видите, дрогата исто така, не и цигарите и алкохолот. Тие се измислени за откако ќе ве земиме за жени да лечиме притисак. Цигарите и алкохолот го спуштат, а жените го креват, па зависно ситуација
fala vi na dvata i na acko i na robert - na direktnata i surova realnost i za mn raboti mi gi otvorivte ocite zimi se aplauz za dvata
Некаде околу 30% проценти од нормалните мажи не гледаат убавина туку карактер на жена. Другие 70 проценти повеќе се засноваат на физичката убавина. Епа првите се тие ретките.
Кој си ја има мувата на капата, ќе си ја ишка...тебе те набедува дека му правиш нешто зад грб, а можеби тој е оној што мати нешто?! @macencef не генерализирај, не значи дека сите мажи се исти, иако се визуелни суштества. Ако ти се погодил еден лош, не значи дека и понатаму ќе биде така. Не биди толку огорчена, работи на себе малку, промени се на подобро. Тогаш верувам дека без проблем ќе најдеш маж каков што ти треба.
Незнам што да ти кажам искрено ти си знаеш најдобро според тоа колку време сте во врска,по колку години имате и двајцата, а тоа што ти спуштал телефон и те блокирал воопшто не е во ред.Така да треба да размислиш дали да попуштиш или да застанеш цврство на твое мислење имај во предвид дали ке се промени нешто после тоа можеби дечкото чека да се случи тоа и да те остави
а ако нон стоп ти се годат тешки идиоти значи сама си си крива? не сваќам. или е тоа или не сум доволно привлечна за квалитетните мажи
Ќе се вмешан, извини. Доколку некој проблем константно ти се повторува како тешки идиоти за партнери и слични репетитивни проблеми, проблемот можеби не е целосно во нив. Не велам дека е во тебе, но добро е да направиш една добра интроспекција зошто ни сите мажи се исти, ни сите жени се исти, барем ете дури и на форумов можиме тоа да го забележиме, а се надевам и надвор од него. Се најдобро.
nedostatok samodoverba jbg, zatoa barem pocnav da gi izbegnuvam idiotite. toa ne znaci deka ke najdam voopsto nekoj kvaluteten ama barem nema da trosam vreme na idioti
Никој не рече дека не си доволно привлечна за било кој. Меѓутоа, мислам дека сите имаме некаква енергија која привлекува одреден тип на луѓе, затоа некои жени цел живот се со еден ист тип на мажи. Освен ако не се променат. И по себеси гледам... Кога бев со ниска самодоверба, повлечена и не се ценев доволно, бев во врска со момци кои мислеа дека можат да прават што сакаат во врската, да лажат и да изневеруваат, настрана тоа што им недостигаше амбиција за било што. Но кога почнав повеќе да се ценам себеси, т.е кога се променив на позитивно, врските ми се променија, така и го сретнав мм кој е милиони светлосни години над сите претходни. Затоа сметам дека некогаш е и до нас и дека треба да работиме на себе. Не сакам да ме сфатиш погрешно, само ти давам совет. Огорченоста и генерализирањето не ти се опција. Млада си, цел живот е пред тебе.
Млада сум, ама имам скоро никакви шанси - веќе сум разведена и имам дете мало. Посебно во мали средини шансите да некој те прифати со мало дете и разведена се минимални, скоро никакви. Јас лично познавам само 1 пример на повторно прифаќање на таква жена од некој друг маж. Дури се оди дотаму што си дежурна о......(знаете што) и се прави мајтап на твоја сметка, те деградираат само заради тоа што си разведена, па ти можиш и директорка да си ама пак не чиниш. кога ќе ти ја залепат лепенката на таа што можи секој да ја има - честито да си ја носиш. затоа мн жени што имаат лоши бракови, не како мојот нормално - мојот беше избор мегу живот и смрт, полесни случаеви (со тепање, изневерување, коцкање, дрога и слично....) - не завршуваат со развод, велам во помали средини. Ќе седиш и ќе трпиш. Затоа сум огорчена, фрустрирана признавам - никој не го интересира како ми било мене, само ги интересира дека МЕ ВРАТИЛ КАЈ МОИТЕ, дека очигледно јас сум крива за целата работа. Јас само го заштитував животот на син ми и мојот, буквално му избегав на смртта од рацете. Сега, молим те, кажи ми пак - треба да верувам на маж пак? и да не генерализирам? И да, во право си - заради вакви мажи, јас бегам од сите. Сега можи и ангел од небото да слези да вели и да тврди дека ме сака - јас нема да му вервам. Не дека не можам да бендисам некој, јас не можам да му верувам на никој, дури ни самата - оти јас направив избор на маж кој беше чудовиште.
Животот е равенка во која непознатите се менуваат. Некогаш се блиски или исти некогаш се различни. Никогаш не се впуштај во нешто без да го испиташ и да бидиш сигурна за тоа. Очигледно е, те читам премногу долго во овие теми @macencef и можам да ја забележам тагата или фрустрацијата или разочараноста која ја носиш уште кога пишуваше во друга тема за фејсбук. Уште тогаш бев сигурна дека не е толку наивна ситуацијата. Што сакам да ти кажам, со генерализирање само си даваш на горчина. Пример ете ни јас ни ти не сме исти, ни јас ни мајка ми, ни мајка ми и колешката, а не па цел машки род. Да, во ситуација како твојата ти е тешко да веруваш, да сакаш, но можам со сигурност да кажам дека ти сакаш и да сакаш и да веруваш и да бидиш со некој. Коренот на твојот проблем е мислам поделеноста во тебе, од една страна огорченоста која ја носиш, а од друга страна потребата да бидиш сакана. Во мало место се зборува се и можам да забележам дека и тоа има дел во твојата огорченост по начинот на кој го изразуваш проблемот. Не им верувај ни на комшиите, ни на сограѓаните, особено оние кое се дрзнуваат да судат за туѓ живот. Твој е животот и сама направи си правилата, па тие безживотњаци нека зборуваат што сакаат. Ќе има мажи кои ќе сакаат да те искористат ама биди цврста и тестирај ги за да го дознаеш тоа, но ќе има и мажи кои искрено ќе те сакаат и мислам дека тоа не само што ќе го препознаеш туку и ќе го почувствуваш. Сите заслужуваме да бидиме среќни, и ти. И за крај, запомни дека сите сами ја градиме својата среќа, немој да работиш на својата огорченост туку на својата среќа и добра иднина. Се најдбро.
@macencef потполно те сфаќам. Знам дека е тешко да бидеш, ете, на некој начин „обележана“, ама проблемот е што таков е менталитетот тука, особено во помалите градови. Сите берат туѓо гајле, а ѓубрето во сопствениот двор не го гледаат. Ама ти биди над нив. Убаво ти пиша @theowndemon, животот е твој, еден ти е, и работи на својата среќа и поубава иднина. Затоа што ако ги слушаш сите околу тебе, уште повеќе ќе се исфрустрираш и огорчуваш, па и на детето ќе му се истураш. Гледај си го него, на малото му е потребна здрава и пред се' среќна мајка. Ако ти самата решиш, можеш тоа да го постигнеш. Не барај партнер и љубов по секоја цена, чувај си го детето, барај работа (ако немаш, а ако имаш стреми се да напредуваш ако имаш можности) и едноставно уживај во она што го имаш. Па тогаш сигурна сум дека ќе се појави некој кому нема да му пречи тоа што си разведена со дете, и ќе имаш среќа и во љубовта. Коцките се редат кога најмалку очекуваме, ама треба да работиме на тоа, не да чекаме од небо да ни падне.
Да, ова се што напиша е точно. И само знам дека некогаш се осекам како саботер на својот живот што ми е мн тешко. Можи ќе помини време и ќе ми подпомини ама еве поминаа 3 и пол години....стварно не знам ништо, не да сум поделена на два дела, на десет.