Здраво феминки Ве читам веќе многу време и одлични сте со советите, па ете имам и јас еден проблем за кој што сакам да дискутирам со вас. Најпрво да се вратам пред една година бев пишала овде за проблемот со мојот дечко кога крена рака на мене, беше под дејство, и стварно многу му беше криво и ете веќе цела година не ги прекршил ветувањата што ми ги даде тогаш, значи сепак има лек, се надевам... Сега поминуваме низ период преоден за нас, нови случувања, нови проблеми и стварно ми е потребно ваше мислење. Живееме во странство, јас со родителите, тој со цимери, но наредниот месец се селиме во нов стан двајцата, а мене ме мачат милион прашања. Знам дека го сакам многу, сигурна сум дека и тој мене... Но сепак нешто ме кочи во заедничкото живеење. Тој знае да биде многу добар, најчесто е внимателен, но има една многу голема маана... Постојано е негативен кога сме сами и секогаш ми префрла за нешто. Пример му смета кога јадам благо, му смета кога навечер јадам некои грицини, или некогаш кога сакам да поспијам повеќе (затоа што јас сеуште не работам) денот ни поминува во карање зашто сум била неодговорна, мрзлива итн... Имам разговарано неколку пати за ова со него, но тој никако не прифаќа дека греши и цело време ме обвинува дека јас сум заслужувала да ми зборува така... Моментално сме разделени јас сум кај родителите (инаку често седам кај него и цимерите) и не знам дали вреди да се смирам со него и да продолжам со тој притисок што ми го врши. Завчера почна буквално да урла за ситница, а тој упорно тврди дека е во право, иако не е... Како да го натерам да ме сфати? Како да ми укажам каде греши? Има некој во ваква ситуација, а сепак да останал во врската и тој да сфати и да се промени? Размислувам да му раскинам, ама веќе сме премногу сериозни и со фамилиите, и со заедничкото живеење... А и тоа што премногу го сакам, не знам дали стабилно ќе издржам... Ве молам дадете ми мислења, викендот треба да разговарам со него, а стварно не знам што да правам... Се ми е измешано...
таков човек не ти треба крај тебе, викаш те сакал, ете и ти го сакаш па му збориш на ист начин ко тој тебе? Поарно сега да стаиш точка него понатаму во брак, со деца...
За лоши работи животот е долг, тебе треба да тие убаво со него, и тоа што се знаат фамилиите не треба да те кочи во никој случај! Луѓето во брак, со деца и кога не бива, со сила не иде. Пробај уште еднаш разговарајте сериозно, за се што ти смета... според мое мислење, ако е таков уште сега, замисли каков ќе биде кога ќе сте заедно 24/7. Некои луѓе никогаш за ништо не се менуваат, или ќе ги прифатиме како такви или продолжуваме
Според ова што го читам дечко ти има многу пасивна агресија насобрано во себе. Он можеби не си го има прекршено ветувањето дека нема пак да крене рака на тебе, ама неговото однесување ми укажува на тоа дека утре во брак може тотално да излезе од контрола. Какво е тоа пререкување дека си јадела или не знам ти што? За храна ти пререкува? Дечково си има некои проблеми потиснато во него кои утре кога ке се земете и кога ке се осигура дека си негова ништо чудо да ескалираат. Денес е за храна, утре ке го нервира како џвакаш, задутре каде се гледаш дури шетате, после не знам што.. само ке наоѓа изговори за да те цица психички. А да не зборам за фактот што е склон кон физичко насилство. Сум имала искуство со ваков човек затоа знам што зборувам.
Откачи го, направи му услуга. Дечкото не сака да ти каже во очи „дебела си и немам намера да те издржувам цел живот, земи работи нешто“. А за тоа што ти кренал рака, скрши му ги рацете на спиење. Направи ѝ услуга на идната која ќе ја фати.
Разговарај уште еднаш со него ако не сака да го смени тоа остави го. Сигурно не сакаш да живееш заедно со некој што ке ти префрла цело време и ке те омаловажува. Најдобро е да го средите проблемите пред да се вселите заедно да не стане полошо.
Па и не дека не ми го рекол тоа, пред некој месец ми рече дека почнал да има грда женска, зашто јадев во мц доналдс, а сум поправена некои 2-3 кг А не работам зашто имам проблеми со документите, до крајот на годината би требало да се средам здравје. Чудното е тоа што кога разговарам со луѓе што долго го познават, на сите им е чудно неговото однесување, дури и сестра му не верува дека е таков... Па нормално почнав да се запрашувам дали е проблемот во мене? Благодарам девојки, стварно ми треба вашето мислење периодов, советите ви се на место и нормално јас го знам сето тоа, знам дека треба да завршам со него, зашто со таков човек дефинитивно не сакам да го минам животот... Но поентата ми беше дали има некој со вакво искуство, а работите по некое време да се средат... Ќе размислам уште малку до викендот и ќе ве известам за одлуката. Благодарам многу, срцки сте
Duso jas za da se spasam od bukvalno ist Kako ovoj tvojov se preseliv vo druga drzava,ic ne cekaj go vikendot tuku spasi se uste odma..
Здраво, долго време размислувам дали да пишам за мојот проблем. Значи пред некое време се запознав со еден дечко и почнавме да контактираме онака другарски да кажам ама сигурна сум дека чуствува нешто повеќе кон мене а и јас не сум баш рамнодушна во врска со него. Ама ме буни нешто друго. Тој има 30 години (а јас 1 и до сега колку што разбрав јас немал девојка. Другар ми (кој инаку го знае и него) ми вика дека беспотребно се замарам, баш затоа што немал девојка ќе ме чува како капка вода на дланка. Ама мене ми е страв бидејќи тој мене нити ми е прв дечко, нити сум невина да не посака и тој со тек на време да проба нешто друго да ме изневери или остави. И искрено не знам што да мислам, а осеќам дека нешто повеќе ќе има меѓу нас. Ве молам без осуди, ви се обраќам зошто сакам да слушнам искрено мислење. Благодарам однапред.
Он 30, ти 18? Капка вода на дланка?! Аиии.. Девојко седи си раат. Не знам како очекуваш да ти биде верен побогу 30 години има. Време му е деца да има не да се забавља со тебе..
Во твојов случај не е проблем тоа што ти го наведуваш како проблем, дека тој немал девојка па дека еден ден би те изневерил. Поголем проблем се годините. Преголема разлика е, не верувам дека твоите родители би ја поддржале таа врска. Мој совет е да се оддалечиш од него и да ги стивнеш своите чувства, ќе најдеш некој соодветен на твојата возраст, не мора врсник да е ама ни толку постар... а плус, некој со кој нема да ги имаш тие грижи што ги имаш сега. Не требало својата невиност туку така да ја губиш, прерано, но тоа е веќе друга тема... Значи, совет: пропушти го овој, не е добра идеја, чекај некој друг.
Девојче многу години се во прашање сериозна ли си дека сакаш нешто да имаш со човекот. Ти си сеуште многу млада и ке доживееш уште многу работи во животот.
Не мора да значи дека ако има 30 години треба одма да се жени. За мене лично годините никогаш не биле проблем, од секогаш мис е допаѓале повозрасни. Со врсници не можам, дали е до околината и машките кои се во моја околина ама сите се многу детски настроени. И моите родители нема потреба да се мешаат во мојот избор. Мојата невиност не е тема на муабет. Не реков дека за сигурно ќе имам туку размислувам, не е ништо сериозно може и нема да испадне ништо само сакав да чујам туѓи мислења.
Не се ни годините проблем на крајот на краиштата не може ништо да биде проблем кога помеѓу двајца едноставно постои некоја хемија. Имам другар кој има 31 девојка му 20 ама мнооогу се сакаат и одлично им оди. И ни јас не би со некој што е моја генерација секогаш гледам да е постар малку ама ти имаш 18 зошто се брзаш да пораснеш и бараш сериозен тип ? Сега треба да уживаш и да се зезаш ако сакаш само онака да пробаш со него слободно али на подолга стаза што ќе ти е? Уживај во твоите години биди неозбилна и биди дете, едноставно не брзај
@anastasija18 немој да мислиш дека ако типот има 30 години е сериозен. Има доста неиживеани на тие години, тој ако сака да те изнервери ќе го направи тоа. Друго што можам да те советувам е ако сакаш да покажеш зрелост не барај вакви совети и влакно во јајце. Сега на 18години ти се плашиш, а замисли за 5 години што би било. И јас сметам дека си сеуште млада за сериозна врска.
Се согласувам со тебе. Ете јас просто не можам и не можам со врсници (или малку постари), сите се тотално незрели, несериозни и дечиња. Јас ниту брзам да пораснам, ниту пак барам сериозен тип. Мене од секогаш ми се допаѓаа и сум била во врска со машки доста постари од мене. Најверојатно е психологија во прашање, отсуството на татковска или родителска љубов го барам најверојатно во некој дечко. Факт е дека повозрасните знаат да се испонашаат и се за разлика од некој осумнаесетгодишник. Па не знам сеуште се запознаваме и искрено не сакам да брзам овој пат. Можеби е сериозен ама можеби и не е, не сакам да донесувам погрешни заклучоци. Искрено само сакав да чујам туѓи мислења дали некој се соочувал некогаш со ваква ситуација.