Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Битно си му го видела правото лице како му е.
    Не си го исфорсирала туку си му кажала отворено, а тој бетер од дете се испонашал...Значи не е за тебе и добро што си видела на време каков е, пошто сигурно не сакаш да живееш во лага.

    Замисли тој да се правел дека е добар цело време за откако ќе поминат 5-6 години да разбереш каков е всушност...Така дупло полошо ќе ти биде.

    Убаво и погоре ти пишале, крената глава и продолжи.

    Многу убаво те сфаќам колку ти е тешко, ама ќе најдеш некој во иднина што е баш за тебе, што ќе те цени и почитува, а не да ти враќа само ОК...
     
    На Angie24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е да не се замараш и да продолжиш понатаму,да бидеш истрајна и да не се смируваш со него ни под разно.
    Е сега,треба да извлечеш една голема поука од ова. Според мене кога се почнува врска прво се остава простор да се запознаеш,да разговараш,да видиш дали имате нешто заедничко па после да се тера страст и секс,а не обратно како тебе!
    Што си направила ти? Те смета за предмет за истурање тага,за задоволување и ништо повеќе.
    Тој и да излезе со тебе едвај чека да му помине времето,сигурно гледа на саат и брои кога ќе си идете од кафиќ за да се фрли во акција.
    Во една врска најважно е заедничка комуникација,да постои хемија,не дека интимата не е важна,но животот не е само кревет,постои живот надвор од него. Затоа велам , ако на почетокот немаш муабет,немаш блискост,немаш нешто взаемно,нешто што едвај чекате да се видите за да се гушнете,разговарате непрекинато,некад да молчите цело време а да се осеќате најубаво на цел свет,стави веднаш крај! Ти си го научила да го држиш со вагината и нормално ќе те гледа за секс .
    Не те осудувам,ова да го прифатиш како добронамерен совет и да учиш од грешката во оваа "врска".
    Поздрав,ти посакувам да бидеш среќна!
     
    На Angie24 и Marinelanela им се допаѓа ова.
  3. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам,а дека имавме сосема погрешен старт тоа е точно.Ниту јас знаев како да се поставам од почеток,сакав јас да го кулирам а не да почнуваме со врска зошто од минатитe искуства се испостави помалце форсирање поарно.Јас се штитев себе си од повреда,тој исто,ама ете јас попуштив па ми стана битен.Сепак се надевав,лош почеток не значи лош крај.Сите во животов сме имале ситуации каде што сме биле нечија авантура,ете мојата оваа била,a можеби ке ги има уште,живот е ова,макар и што заврши лошо по мене.Имав јас бивши кои најпрвин беше се лизно мазно и се супер,муабети,љубов преголема па сега со нив не сум,и накрај се оладија емоциите.Не се навредувам воопшто,ценам сечие мислење,сакам да кажам дека ова е лудо време сега и никој никого не искористува ако не дозволиш.Јас дозволив една година залудно зошто многу ме привлекуваше. :/ Поради тој лош почеток се каам сеуште.Можеби ако се поставев поинаку сега и поинаку ке беше се.Ама се штитев себе си од повреда,и некаде помеѓу тоа ,и реалната слика за него,се изгубив себе си..Идев на таа карта демек повреден овој,нема сигурно мене да ме засака,па нема ни јас со него на почеток дамски да се поставам.Луда :( Не го знам исходот,ама мислам дека пак вака ке беше.Велеше немал верба повеќе на жена и слични муабети од тој тип.Фала уште еднаш,и секако дека е многу битно да си приоритет некому,затоа и еве се осветив,можеби задоцнато ама не е заборавено...
     
    Последна измена: 1 мај 2017
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NARKO[vska]

    NARKO[vska] Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има ваква тема, не можев да најдам, а ми треба итно совет и мислење од машките и од женските кои имале вакво искуство.

    Сакам да ве прашам, што може да го смени однесувањето на машко преку ноќ и како да се однесувам спрема него? Подетално, си пишуваме 2 месеци, ногу ни одеше маабето, уште веднаш се ми раскажа за него, но со текот на времето почна да го снемува да не ми пишува 24/7, кога го прашав ми кажа дека сака да биде од време на време сам, дека има некои проблеми у друштвото и дека му е тежок период. Му кажав дека го разбирам, ко ке може некогаш да ми пише. Поретко ми пушуваше, но неколку пати ме викна да излеземе, јас го одбив. Пред 5 дена се договоривме на пола саат да се видеме, но испадна цели 2ипол саати маабети да разврзуваме. Од тогаш само 2 пати си пишавме и толку. Не знам на што сум, не знам што да правам, дајте ваше мислење и од машки и од женски аспект. Иначе дечкото е 20 години и го сметаат за не сериозен бла бла, а пред мене друго се покажа
     
  5. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум била љубоморна.На почетокот на врската бев,неколку месеци престанав не се замарав за ништо,буквално ништо не допираше до мене...Сега пак почна...Ама тој така се понаши со мене,значи нема женска што нема лајк од него,тие што ги знае и тие што не ги знае,нонстоп додава некои женски на фејсбук па ми смета му имам и кажено вика нема ништо лошо во тоа|(и кога гледаме некои пејачки сите се негови нема некоја што не е...Ќе кажи алал да му е на тој што ја има оваа,или ова колку е јака колку е згодна....Па кога гледал убави жени животот му се продолжувал..А да му се продолжеше ку*от малку повеќе подобро ќе беше|(Се нервирам за овиее работи банални дали јас да се сменам,да не бидам љубоморна на се и сешто или дефинитивно да го менам дечкото? :envy:
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Ххахаха ај да не пукнеш, ме изнасмеа со тоа ку*от да му се продужи, еми ова е баш пример за Ем шуто, ем боде :D
    Значи и мене животот ми се продолжува кога ќе видам некоја убава жена, па ќе ја загледам, иако сум жена не па на мажите.
    Ама се си има граница. Во ред е некогаш да се искоментира од двете страни за некој/а пејач/ка глумец/а , жена/девојка/маж случајно што ќе ја разминете на улица, али ова веќе е синдром 'Камионџија'
    Како напален мажјак, се живо да коментира, уфуф, па уште и пред тебе .навистина не е долично, искрено како сп‘рма да му тече низ ушите.
    Седни и разговарај и отворено кажи му дека не ти се допаѓа или пушти му некој порнич со црнец па прокоментирај како животот ќе ти се продужи од +20цм па да видиме како ќе биде на своја кожа кога ќе го осети тоа :)
     
    На littleflower, Nausicaa, Trxmx и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Bella.04

    Bella.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Како можете за глупости да се замарате не знам:)
    Машко си је,нормално ќе гледа други женски па очите се за гледање,реци ми дали ти уопште гледаш машки?:DДодека не направи ништа нема што да се замараш па и за пејачките да љубомораш(facepalm)Мењај се ти дефинитивно:DНе е во ред да се биде толку љубоморна од искуство ти кажувам:)
     
    На aleksandra4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Има некој/а од Струмица на форумов ? Се заљубив у Струмичанец па некои информации да размениме :)
     
  9. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Камо среќа да бев како тебе и повеќето женски што не се љубоморни...;(
     
  10. Кате03122205

    Кате03122205 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Јас имав дечко, со него одев 2 години ама тајно излегувавме и не беше излегувањето многу често. Јас многу го сакам и неколку пати се имаме скарано на фејсбук и пак се смиривме. За скоро време се скаравме пак поради една слика на фејзбук што ја имаше објавено со женско, ама незнам дали тоа беше за да ме направи љубоморна или не, бидејќи сликата не изгледаше како да се во врска. Сега јас одам кај него поминувам покрај неговата куќа, онака се шетам ама и сакам да го видам, а тој го имам приметено пред некој ден ме следеше и сам беше покрај мојата куќа, а јас бев со другарка. Кажете ми мислење или некој совет што да правам сега? Дали тој ме сака или не? Дали тој сакаше сама да сум и тогаш да ми се приближи за да зборува со мене? И дали ако се сретниме некогаш тој да е сам и јас да сум сама да се смирам со него или не? Ве молам ако сакате да ми помогнете некако во ова, да ми дадете некој совет ако можите. :(:l:
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    А зошто секој пат кога ќе се скарате мислите на раскинување?
    И што бараш да одиш кај него - непоканета, тој затоа те следел затоа што ти си го следела прва, си поминувала од кај него, си се шетала секој ден вауу, мислиш не приметил.

    Ако сакал да разговарате немало да те следи туку ќе ти се јави и ќе те викне на кафе. За сакање никој не знае со сигурно освен тој самиот.
    Ако ти се чувствуваш виновно за сликата тогаш ти треба да направиш чекор, а ако не се чувствуваш тогаш чекај да сфати он сам дали треба да се извини или не.
    И што ако имал слика со женско, од каде ти знаеш која е таа, можеби му е сестра,братучедка, некоја роднина, другарка.
    Што мислиш дека ќе фатиш дечко и оп ај чао на сите, почнуваат контролирањата не иди ваму, не со таа не со онаа, тоа на почетокот е океј ама со тек на време човек си става прст на чело и си вели колку е осамен и не се во тоа да се има девојка а да се нема пријатели.
    Мој совет ако ова пишаново не си го разбрала - до тебе е.
     
    На Trxmx, Кате03122205, tea20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    2годишна врска е многу долг период за да биде тајна. Мене уште на почеток од постот ова ми боде очи.. е сега зависи и на која возраст сте иако во денешно време многу се поместени границите и во тој поглед така да возраста многу малку игра улога и пак си стојам на тоа дека двегодишна врска е долг период за да се криете. Од која причина?
    Ако е по негова иницијатива тогаш да знаеш дека те држи само како резерва кога нема што да "пецка" наоколу. За смирување да сакал би требало да се јави или пише досега, нема некоја голема филозофија околу сето тоа. Сепак ти најдобро знаеш како се однесува кон тебе и на кој начин си третирана покрај криењето на врската од јавноста па на прашањето дали те сака само ти можеш да си дадеш одговор. :)
     
    На Кате03122205 и "Zoki" им се допаѓа ова.
  13. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Епа вака, со дечко ми сме заедно 1 ипол година и ко секој нормален пар се караме се мириме насекое. Имаме врска на далечина, јас 18 тој 21 год сме.
    Саботата јас излегов во мојот град, а тој во неговиот. Ми се јави во 2 да си одам одма, пошто сум женско ама и јас бев сама свесна дека треба да си одам дома. Тој остана до 4 часот, а јас секогаш кога е излезен се нервирам ако ме игнорира или ако не ми пишува по малце.. вечерта само му звонев откако си отидов дома насекое го барав и ми креваше ама едно време почна да ми спушта. Се напил 5-6 чаши ми кажа и го фатило малце.
    Др ден (вчера) станав и не му ни пишав па тој кога стана ме побара и почнавме со кавги, цел ден помина така, легнавме скарани. Цело време му пишував дека има други дека е пијаница дека е женкар и ред други работи го вреѓав и ме игнорираше, а едно време почна и да ме вреѓа и тој и мене и тетките и сестра ми. Јас се нервирам ако сум игнорирана а тој знае и секогаш ме игнорира кога му пишувам глупости, но многу се нервирам и му кажувам се. Некако осеќам ладно понашање од двете страни и јас се понашам и тој. Не ни е прв пат да имаме кавги ама секогаш се полоши и полоши, се караме, се вреѓаме... и после ова не знам како ќе ни биде.
    И јас претерувам за се се карам, се ми пречи, ама се нервирам кога ми се понаша ладно и кога ме игнорира а е излезен и го нема.
    И сега денес се смиривме и пак почнав да се карам пошо осеќам неубаво понашање, а ние женските си сакаме малце нежност и лигајчарење.....
    Некој совет?
     
  14. Кате03122205

    Кате03122205 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, и сите тоа ми го велат дека ако сака тој самиот ќе ми се јави ако сака тој да е со мене навистина. Сакав само да видам што ќе кажете, јас и самата знам дека сум наивна и големи се шансите да му простам овој пат ако некогаш се сретниме насамо, ама не треба.Ова ми беше прва врска затоа не сум многу самоуверена. :)
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Ларачи мила според мене мислам дека не ви оди.
    Само си го губиш времето, се тој попушта и ти попушташ ама до кога.
    Ти веќе си го приметила првиот знак а тоа ќе почне полека полека да паѓа.
    Седнете разговарајте како двајца во пар, што ти смета тебе кажи си, што му смета нека си каже.
    И кој е тој да ти кажува до колу да си излезена, а тој до 4ри треба да седи?
    Тоа не не, никако според мене таа контрола треба да си ја избришеш.

    Тоа со игнорирањето си претерала, не може секогаш и човек кога е излезен да зјапа во телефонот и да пишува со тебе само затоа што ти си се вратила дома. Те игнорирал баш ради тоа што си претерала. Ти си помина убаво така, епа остави го и тој да си помине убаво надвор.

    Штом се ладите, кавги ви се трупаат набрзо ќе дојде до крај. А за да не дојде до тоа ќе мора малку и ти да се прибереш со игнорирањето а и тој со контролите.

    @Кате03122205 те разбирам се и потребно е време да се изградиш во самоуверена личност, но биди своја со свое јас. Излегувај, шетај и тој кога ќе види дека можеш без него ако му значиш ќе те побара. Јас го испуштив делот каде сте се гледале тајно, тоа сепак ми боде и мене очи.
    На крај краева ти си вредиш колку што знаеш самата така да мислам дека треба да си продолжиш понатака, а доколку дојде до повторно смирување побарај да не се гледате тајно.
     
    На Кате03122205, "Zoki" и larrachi им се допаѓа ова.
  16. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Vi se slucilo li nekogas da ne znaete dali sakate/svigjate nekoj (facepalm)
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Ако не знаеш, тогаш не го ни свиѓаш
     
    На honey.11 и "Zoki" им се допаѓа ова.
  18. Кате03122205

    Кате03122205 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    ти благодарам многу за советувањето .:):l:
     
  19. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Морам да се исповедам.Овде ќе бидам малку поинаква,ако видете мој оптимистички совет,да истата ќе сум.Значи јас не сум женска што имала многу дечковци,всушност имав само 1. Не сакав ни со него да бидам,не осеќав привлечност воопшто,тогаш викав,,не,грд е,не сакам со него".Бев напнувана од друштвото,поточно од бивша другарка дека било срамота што сум немала дечко на таа возраст,исто било срамота што на толку години сум немала излезено со никого,и дека следно било да се закалуѓерам.:fubar:И реков грд не грд ќе излезам со детево.Арно ама можда и дека прв,се заљубив..Сфатив дека не е нешто минливо бидејќи не ме привлекуваше по изглед,не знаев што сакам на него.Одеднаш ми стана најубав на свет.Се покајав што сум го нарекла грд или слично.Сите се убави на свој начин,не постои грд човек,ама нејсе друго сакав да кажам.Да не објаснувам сè тој имаше долга врска,ама ја изневерил и таа го остави за друг,па на овој доцна му текнало што сторил со тоа што ја изневерил,потоа сфатил колку ја сакал,во депресии бил дечкото.Како и да е,одеше со мене неколку месеци ,па пауза,па ми рече да излегуваме ама ми здосади,го прашав што сака и ми одговори јас не сакам врска,се заебав еднашка не сакам пак,со наредната ќе се венчам,можда ти ќе си,ми треба време блабла,не ме сфаќај погрешно јас те сакам,ми се свиѓаш само не сакам врска.Океј прифатив само да излегуваме ама јас после секое излегување реагирав импулсивно,на секое се карав а тој ми се враќаше.Мислев зошто да излегувам со некој што живот би дала за него,а на крај да не е со мене,пошто не сакал врска.Можда му здосадив со карањето,ама .. И почнав пак да пишувам ама дознав дека имал и друга,ми кажаа го видовме со таа и таа , ја прашале со овој излегуваш? И потврдила..Сега не знам дали се во врска или само излегуваат,ама мислам дека се заедно,а мене пред 1 месец ми кажа како не бил спремен за врска:^)И сега пишав тука бидејќи не знам како да си помогнам,24/7 ми е преетешко,и кога не мислам на тоа тешко ми е е.Не знам како можам уште да го сакам како првиот ден а поминати се 2ипол години .. Не знам што сакам кај него,изглед не,карактер не,и друга има дури,не можам да се замислам повторно со него,а лошо ми е без него.Го сакам ептен ама е ѓубре,така да never again.Ама во депресии паднав,немам воља за ништо ич,а воопшто не сакам да сум ваква,јас не сакам да го заборавам еве не знам зошто,мислам дека е прв и последен,јас не можам да се замислам со друг,а помислата дека е тој со друга ме убива..
    Чувствувам дека само него морам да го чекам,дека само тој е на светов.Опседната сум со него.Инаку некоја мене вака да ми запаѓаше пред 2 год.ќе и кажев дека се самосожалува,дека се глупости дека само тој бил на светот.Затоа ќе разберам да има таков одговор,ама би ми било мило да продискутирам со некоја што била на мое место,повеќе ќе сфати .. Фала ви на вниманието.:l:
     
  20. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    @elenaxbbg
    Де расположи се. Не вреди.

    Прво не си требала да одиш со некого со сила, а најмалце ради мислењето на други. Ум за друг пат-прави само по свое.
    Второ. Дечкото излегол од долга врска, па нормално е да си флертува, да се гледа и да излегува со други. Добрата страна е што ти признал и кажал, а лошата е што женско како женско ќе се затреска.

    Најбитно е да си опуштена. Комуницирај и со други машки, дружи се. Знам дека колку и да ти пишуваме заборави го, не е за тебе, ваков е, таков е, во моменти на заљубеност и опсесивност во какви што си ти сега е залудно. Тебе едиствено што ти е важно сега е да ти пише, да се видите, да те побара. Ама покажи му заби, не си му закачалка.
    Помири се дека е машко и дека покасно созрева, дека ќе му треба подолго време да се изживее за да е спремен на нова врска.
    Не се препуштај на депресиите, еден ден ќе ти помине и ќе ти биде смешно.
    Just stay positive.
     
    На elenaxbbg му/ѝ се допаѓа ова.