@elenaxbbg Моја претпоставка е дека, поради што ти бил прв дечко, со кој непланирано и неочекувано си се зближила.. мислиш дека ти недостига. Уствари си навикнала на него и тој да е во близина. Дај си време. Остави ги мислите. Излегувај, дружи се, запознавај нови луѓе. Тој очигледно не знае ни сам што сака. Работи на себе, не дозволувај другарките пак да ти влијаат на такви одлуки кои зависат само од тебе. Не прави ништо што не сакаш, само затоа што другите ти кажале дека така треба да биде. Напротив, праи го она што ти го сакаш и што тебе те исполнува.
Девојки, не сум повеќе со бившиот, од пред неколку недели завршивме. Немавме некоја кавга или слично, само престана да ме бара тој, ова му е втор пат така да ми прави. Еднаш направи така и потоа сам ме побара, а јас мислам дека направив грешка што пак излегов со него и пак се гледавме. Еве сега не ме бара тој, а не го барам ни јас. Осеќам дека сеуште го сакам, сакам да го побарам, но не ми дава гордоста. Бидејќи многу пати си замина и пак се врати во мојот живот. Што мислите треба да го побарам или да се обидам да го заборавам?
Искрено да сум на твое место не би го барала. Тој си поигрува со тебе и со твоите чуства. Оди и се врајќа кога да посака, не го барај повеќе. Го сакаш, те боли но ке помине.
@elenaxbbg уште се сеќавам, мој близок пријател кога во првата врска решивме со дечково да одиме на пауза ми рече „паузата е само одложување на крајот“, беше иронично што и он беше на пауза во моментот. Сакам да кажам дека прв проблем гледам таму. Ако тој е повреден и не е спремен да продолжи понатаму со животот - не гледаш иднина со него зошто искрено не би мислела дека некој таков во моментот можи да сака. Доколку те сакал, мое мислење е дека немало да тажи по бившата. Откако излегувате така „пријателски“, тоа е зошто сака да врти наоколу и како што прочитав, има девојче со кое се врти на околу. Шансите се дека и таа излегува само така со него, зошто ако не сака врзување тогаш е логично да оди со повеќе од една, да биди слободен да истражува. Накратко, има толку многу игри и серии и филмови и што се уште не само на компјутер, толку статии, книги - најди си некоја занимација која нема да го вклучува него, а ќе ти чини задоволство тебе. Колку повеќе се дружиш со другарки, си имаш твое хоби - нема да имаш време за мислење за него. @shooter.0801 искрено, дури и тој пак да те побара - не оди пак. Зошто ќе има и трет и четврт и не знам кој следен пат кога ќе исчезнува, а ти ќе се нервираш и откако се друго ќе му здосади ќе се враќа пак кај тебе. Колку и да го сакаш, не попуштај сега. @ladyySi во која смисла ахаха? Ако е сериозен - искрено ќе се навредам и налутам, а ако е онака како на мајтап возвраќам со иста мера, нели уз шега.
Зависи сега ако навистина го рекол тоа без грам шега ондак би се налутила многу. А ако се шегувал и јас би му вратила.
Заедно бевме околу 2 месеци..го сакав и го сакам сеуште и убаво ни беше поминато времето заедно...но после некој период тој почна да се однесува поинаку,не враќаше на пораки,кога и да му се јавев неможеше да збори и се под изговор дека искачал со другарите.Буквално правев се да ја зачувам врската,му вртев,пишував постојано и бидејќи живееме подалеку секогаш одев кај него во населба да се гледаме.Се чувствував како све јас да се трудам и така изнервирана му се јавив да решиме на тел,а тој примети дека плачам и на крај рече е сеа ме наљути и спушти тел.Без размислување му раскинав и сега толку многу се каам иако мислам дека јас не сум крива упорно се обвинувам себеси.Пробав да зборам после тоа со него му кажав дека ми фали се допишувавме неколу пораки а потоа не ми ја отвори ни пораката.Не знам што да правам,постојано ја барам вината во мене,хелп
@Emili0205 Зошто ја бараш вината во тебе? Не треба. Се си направила а тој не помрднува со малиот прст.Не му е гајле за тебе,можеби само онака бил со тебе колку да тепа време. Верувај не вреди да се замараш со типот.Не сте биле многу време заедно ке го заборавиш,ке најдеш некој подобар.
@Emili0205 Не си крива но поради годините и заљубеноста не си била во можност да ги сватиш сигналите кои ти ги праќал дека не сака да биде со тебе. Колку што сватив тој ти раскинал ти спуштил слушалка а не ти немо, но тоа не е битно, проблемот е што си се довела во ситуација да трчаш по него иако сите факти говореле дека тој не сака да биде со тебе. Тоа што себиле заедно 2 месеци не значи дека тој нешто чувствувал за тебе туку како секое машко да има една плус на списокот, а постои и тоа дека можеби нешто не му се допаднало кај тебе па затоа решил да се одалечи. Зошто би се каела ти за нешто што не постоело? Како мислиш дека би можела таа врска да опстане ако само ти си таа која се трудиш? И јас се каам што не сум заедно со Џорџ Клуни ама тоа ти е. Гледај пред себе и не тагувај за она што поминало, ќе запознаеш уште многу мажи кои ќе знаат да те ценат и почитуваат.
@Emili0205 На старт на врската си направила грешка што си влегла само со срце без очи и мозок, сите кои сме биле повредени знаеме и то како да се поставуваме на почеток оти нели од падовите се учи. Е сега ти што си му дозволила да биде он алфа маж во 2 месечна врска тоа ти е единствената вина, еднаксвост е во прашање, свесно газање на твојата личност и ти си дозволила па затоа и така те третирал. Батали го навистина не вреди. Животот е еден , прекрасен, уживај во слободата се додека не наиде некој човек кој ќе ти ги пружи вистинските вредности на љубовта. Со среќа
Девојче зошто вината ја бараш во себе кога ти воопшто не си виновна. Тој со прст не мрднал за врската, за тебе, а ти себеси се обвинуваш ај не му се замарај, се видело неговото. Не вреди уживај не се замарај, ќе најдеш подобар којшто ќе те цени.
Може некој итно да ми пише ЛП? Се надевам повеќе души ќе ми пишаат бидејќи ми требаат повеќе мислења...
Не го барај повеќе пробај да го заборавиш,знам дека нема да ти биде лесно али што е тоа е. И да те побара откачи го не си ти на дугме па кога сака ќе те побара кога сака ќе го снема.Како она САД МЕ ВИДИШ,САД МЕ НЕВИДИШ! тоа што без причина го снемува и без причина престанува да те бара може да е знак на друга личност во неговиот живот.
@Emili0205 многу добро знам како ти е , сум била во иста ситуација . Сум трчала по тој еден и секогаш кога ќе ме побараше , јас бев спремна за 5 минути да излезам од дома , макар и во 2 среде ноќ . Еднаш , по последната разделба , нешто пукна во мене . Решена бев дека колку и да го сакам и колку и да ме боли , јас веќе нема да му дигнам слушалка . И дури и да му дигнам слушалка , ќе бидам сосем кратка во одговорите и ќе се однесувам скроз другарски . Разделбата и ваквата одлука не ги поднесував лесно , многу пиев ( и сега се каам што пиев толку , среќа немам лошо пијанство ама сепак лоша слика оставив на друштвото за мене ) и таа вечер тој ми се јави . Сакаше да се видиме онака другарски , и да му поправам друштво бидејќи ќе дошол со другар кој требало да се види со девојката ( живеевме на исто место со неа ) . Ок се согласив . Во меѓувреме мене ми се случија други работи , од кои за жал бев под стрес кога се видов со него . Кога ме прашуваше што ми е , не сакав да му кажувам . Но не можев да го излажам . Два дена подоцна ми се јави да се смириме . Не сакав да се смириме , и тогаш видов дека со тоа што се откажав од него , тој почна да се труди околу мене , беше искрен и сега тој трчаше по мене . Често пати ми се јавуваше пијан , се слушавме на секој саат , а ако сум излезена и на секој пола саат . Така беше месец дена . Се смиривме по 1 месец откако почна да трча по мене , за подоцна сосем случајно да излезе дека сум била бремена за време на цела оваа наша брканица наоколу . Денес ми е сопруг и е татко на две деца .
Sosema e drugra prikaznava.Otkako mu raskinav ni ednas ne me pobara nitu da pise...ete jas mu pisav go prasav kako e razmenivme dva tri reda muabet i ni porakata ne ja otvori...mnogu mi e tesko