Не е баш така . Погрешно си ме разбрала . Ние раскинувавме повеќе пати . Секој пат јас се трудев за да се смириме , него му беше сеедно . Кога јас престанав да се тдудам , почна тој . Сдк престани да го бараш .
Sakam pak da probam nekako ama nezgodno mi e da ne bidam dosadna i ocajna...ne znam stvarno,deckovo me unisti
Баш затоа ти пишав што ми се случи мене . Додека јас го барав нему му беше сеедно . Кога јас решив да продолжам со животот , тој се смени за 360 степени и почна да ме бара на секој половина час кога сум излезена , па со кој сум , па дали и колку машки има и сега истиот тој ми е сопруг . Оддалечи се , не му пишувај , не го барај . Ако му значиш нешто ќе почне да се труди околу тебе , ќе трча по тебе и нема веднаш да се откаже на првото : " нели ќе бидеме другари " кажано од твоја страна . Нема да му биде сеедно
се гледам со еден дечко три месеци и убо ми е со него не го сакам за дечко барем не сега за сега ама нејќам ни да го изгубам, тој на почеток сакаше врска со мене ама сега не, а исто убо му е со мене.. причината шо нејќи да бидиме во врска беше моето бурно реагирање во една ситуација испаничив без потребно и сега мислам шо и да напрам ќе биди џабе.. има некој некоја идеја како можам да напрам пак да се заинтересира поќе за мене, зборавме вчера му објаснив зошто така изреагирав ама мислам дека не е доволно.. мм?
Јас мислам за да ти дадеме совет треба да ја опишиш твојата реакција? Претпоставувам дека е љубоморна сцена....
Во оваа приказна не знам дали само јас сум заљубената или и тој е во мене. Но по погледите што ми ги фрла со 88% сигурност мислам дека е. Се започна преку поздрави. Одличен начин за да ме освои. Дефинитивно не постои никој друг, никој како него, никој што толку се внесе во мене, никој што ми посвети толку многу и толку големо внимание мене. Можеби е малку чудно но се плашам дека би можела да полудам од толку многу размислување: Што ќе беше, ако не беше? Инаку генерација сме, се запознавме во училиште. Се беше супер, си пишувавме, излеговме но.. Во секоја приказна има и едно но кое што ќе ја расипе. Женкар си беше тој, а јас не се потрудив да го сменам. Нашето траеше кратко кога на крајот се откажав од него поради х причина. Што сака секое машко? Бев мала, не се чувствував спремна, но не сакав ниту да бидам само една од многуте негови. Во врската никогаш не сакам да бидам опција. Потоа бевме во контакт уште година дена, ми велеше дека ме сака, не му верував, не можев, срцето сака, разумот не. Еве поминаа две години тој си најде девојка. Но не било каква. Имаме исто име, исти хороскопски знак и многу сличности. Секако му останав белег на срце. Но и тој мене.. Го сакам сеуште и после толку време. Времето не лечи ништо, ниту пак некој друг...
Зошто си опседната со него ? Верувам дека си убава , зошто не им дадеш шанса на други? Што се замараш до толку за овој ? Бившите си остануваат во минатото и The End!
Најнапред ти благодарам за охрабрувањето.. Баш ми е потребно. Уфф што да правам. Непрежалена љубов. Камо да можев овој да го заборавам.. Секогаш кога е во моја близина почнувам да треперам, заборавам каде се наоѓам, не знам како да се однесувам... Како некоја дрога ми е. Имаше и други, но секогаш се навраќам на него.. Не знам зошто..
@Moonlightbb Ако биле добри немало да бидат бивши. Животот оди понатаму. Ке најдеш некој подобар верувај.
Срцка сите сме имале вакви несрекни доживувања , фати некој друг па да осетиш права љубов и ке те извлечи од монотонијата во која што си сега. Никој не е вреден , освен ние самите
Па да љубоморна сцена, ама и општо во некои ситуации паничам и после се сеќавам.. пример ЗОШТО НЕ МИ СЕ ЈАВИ.. ии шо муабет знам дека имаше работа зато не ми се јави..
@tteea55 Не му веруваш? Зошто паничиш ако не ти се јави? Можеби навистина не можел, не е човек секогаш во можност веднаш да одговори на повик.
да ама во почетокот некако поќе внимание ми посветваше и сега чудно ми е секоја промена ја чувствувам..
Уффф, кажете некоја држава каде што машките се пониски. Ми треба поголем избор, овде кој да ми се допадне испаднува џин. Се осеќам многу глупо, ниска сум 164 см.
Уффф, кажете некоја држава каде што машките се пониски. Ми треба поголем избор на машки, овде кој да ми се допадне испаднува џин. Се осеќам многу глупо, ниска сум 164 см. Смачено ми е.
Љубовта не бира години или висина,љубовта нема граници.Ако он е добар,фин и културен кон тебе висината не е битна. Во висина сум тука негде со тебе имав дечко кој беше скоро 2 метра на почеток чудно после се навикнав и може да се има интересни моменти со високи.