Не си ниска, 164 за девојче е океј. Многу е нормално момчето да биде повисоко од девојката. Не знам само зошто си набивате комплекси за банални работи.
Како ниска??? Па просечно толку се високи македонките. И јас сум толку па сум имала и дечко што бил 190, што има врска висината со љубовта?
Ама просечно Има врска со љубовта кога девојката се поткрева а машкото се ведне, кога девојката не може да го бакне ако сака. Ккако растат толкави овие луѓе??? Каде згрешив кога бев мала за да останам просечна висока.
И јас мислам дека преферирам не многу високи типови... за да можам да им мавам заушки Шала на страна, навистина е покомотно рамо до рамо со некого, го разбирам тој момент. Некогаш се прават и компромиси, висината е нешто што може да се игнорира ако е единствен проблем.
Не знам дали е за тука ова ама пак ќе напишам... Дечко ми стана многу груб во последно време...На време на односите.Порано се побавно абе романтики ја сакав повеќе силно а сега една недела само брзо,подиво,ме тегли за коса и после главата ме болипа нејкам веќе цело тело ме боли како да му кажам дека ми смета....а најлошо од се е што секогаш ја му велев подиво а тој нејќеше кога јас бев а сега се свртивме ама ич не ми одговара
Пред/после однос ќе му кажиш дека ти смета така. Договорете се за некоја средина евентуално или пред да почните давај му знаци во кое расположение си тој ден. Нема да имате проблеми со сексот само ако зборувате за тоа што сакате и за тоа што не ви се допаѓа, па директно да му кажиш дека не ти се допаѓа е подобро наспроти да размислуваш како да филоваш причината.
Ако му имаш кажано дека тоа ти е убаво можеби му се врежало в гла дека ти е убаво и сака да направи да е по твое. Но ако не сакаш, зборувај со него, ќе се разберете
Со разговор ќе најдете компромис. Ништо страшно, можеби поради тоа што си му рекла така претходно гледа да ти биде убаво. Кажи му отворено и ќе се среди се.
Девојки зошто со дечкоми се осеќам повеќе како со пријател одколку со дечко, не сакам да го бацам, не сакам да бидам интимна со него. Дури некогаш несакам ни да го гледам.
Според мене, не си баш заљубена во него. Тебе ти се допаѓа сигурноста и вниманието што тој ти ги дава. Меѓутоа во врската освен тоа треба да имаш и желба да го видиш, желба да го гушнеш, бакнеш, и секако треба да има страст.. Можеби не ти се допаѓа физички или пак не си приврзана со него на тој начин. Во секој случај, јас лично не би сакала да сум во врска со некој што не сакам ни да го бакнам, а камо ли нешто повеќе. Ако не чувствуваш ништо такво за него, и го гледаш како другар тогаш расчисти на време. Поздрав
Еве ме пак мене Со тој што пишав претходно уште идемее веќе некое време. Се ни беше супер буквално како од филмовине романтични е баш такви бевме. Преубаво се однесуваше со мене, ама сега последниов период јас не знам што му е. Стана многу перверзен, упорно сака да пикне рака под моја фармерка (не знам како да се изразам покултурно), а јас не сакам, невина сум и сето тоа за мене е грдо некако.. Ме почитува кога ке речам дека не сакам ама после некое време пак пробува по неколку пати.. Кога зборевме за тоа, ми кажа дека “кризи го фатиле“.. И не само тоа, почнавме и помалку да се гледаме, помалку да зборуваме вака на фб, имам чуство како да ме избегнува а јас сум затрескана во него до небо и не знам што да правам во врска со сето ова.. Помош? Не знам што да мислам, може ме варал па затоа ме избегнува, може му се случува нешто лошо а не сака да ми каже.. И исто така комуникацијата нагло ни опадна и во живо, не знам што му е може му здосадив? Треба да му раскинам?
@Lady in red^^ Мое мислење е дека не си му ни била интересна, туку целта му била друго, очигледно. Па сега на твоето не, нормално ќе се оддалечи и ти ќе се почувствуваш дека си му здосадила, а уствари уживај си во животот и не се форсирај. Не дозволувај затресканоста кон одредена личност да те заслепи или да те наведе да направиш нешто за кое не си спремна во моментот, да се каеш после
Колку време сте заедно и колку години имаш? Јас мислам дека потполно твое право и одлука е дали ќе му дозволиш нешто на дечкото или не. Нема причина за он да се лути, оддалечува, да се однесува ладно или не знам што. Не велам дека е лошо тоа што сака да биде поинтимен со тебе, ама треба да сфати дека ако ти не сакаш, т.е ако сеуште не си доволно спремна треба да го прифати и да го разбере тоа како секој нормален човек. Можеби целта од самиот почеток му била таква, па затоа се однесувал добро со тебе како што велиш и самата како во романтичен филм. Не мора и не треба дечкото да се однесува како да сте во филм полн со романтика за да видиш дека се грижи за тебе. Ако те почитува и му значиш, тоа се гледа од авион! Само треба убаво да си размислиш, што може да била неговата цел што откако му кажа не е се поладен и пооддалечен?
18 години имам и идеме 4 месеци не сум искусна ептен во љубовта па затоа и овде прашувам.. Не сакам ништо да му дозволам а тој баш тоа го сака очигледно. Претходните врски сите му беа од по две недели највеќе женкар со тапија беше и сите и по однесувањето и по се ми викаат дека ме сака ама после ова не знам колку е вистина тоа.. Може стварно ме сака ама му здосадило од мене и од моето НЕ...
@Lady in red^^ само ќе ти кажам да не правиш нешто што ти не сакаш, само затоа што тој сака. Подобро изгуби го него отколку нешто друго за што после ќе се каеш. За тие работи за кои ти викаш НЕ, ако не го почитува твојот збор и се оддалечува, не е тоа љубов. Ако те сака тебе а не твоето тело, нема да му смета тоа што го велиш.
Јас мислам дека 4 месеци не се толку многу за тој да биде толку нетрпелив и да ти вика дека го фаќале кризи или не знам што. Со тек на време, кога и ти ќе имаш желба за тоа, работите сами по себе ќе се одвиваат и тоа ќе се случи.. Но за да дојде до тоа тој треба да покаже почит и трпение кон тебе. Тоа што ти не сакаш да бидеш интимна со него е сосем твое право и не дозволувај тој или било кој да те изманипулира за да си ја оствари целта. Можеби целото ова негово оддалечување е со цел ти да посакаш да биде се убаво како порано и да попуштиш. Не прави ништо што не сакаш да направиш, па по цена и да го изгубиш него. Ако тоа му била целта тогаш слободно остави го нека си оди уште од сега, а не откако ќе те искористи.
Вака, имам дечко со кој сме веќе година ипол заедно и сега јас како индивидуа, сакам да правам работи кои тој не ги дозволува. Едноставно ми забранува скоро се. Не знам можеби си има набиено комплекси од бифшите негови.. Забрането ми беше да излегувам, да пијам по забави, родендени, со или без него, без разлика. Можеби е едноставно, но за мене не е така.. Сега сакам да започнам да си ги смирам нервозите со цигари, тој не ми дозволува и ми се заканува, како и претходно дека ќе ми раскини. Не знам да си терам по мое, или пак да го послушам. Едноставно здосадено ми е веќе од неговото "не може"...