@Tris9 Убаво е, ако претеруваш со таквите пороци, да има човек до тебе да ти каже дека тоа не е најдоброто за тебе, но не и вака, да се забранува една чаша вино. Можеби има лошо искуство дома, со бивша и сл, па најдобро е да поразговараш со него, од што се плаши, но и да му дадеш до знаење дека не се во ред неговите претерани забрани
Забрана за излегување од дечко, не е на арно работава. Штом си пишала овде очигледно е дека ти смета, а и нормално. На секој нормален човек ова би му пречело. Запрашај се дали сакаш да го продолжиш животот со човек покрај тебе кој почнува со забрани уште сега. А што би било поматаму.
Пак јас Со овој дечкото кај нас од рачка станува плачка што се вика..Кога ќе се затепаме едно убаво и тој мава и јас....Ај јас пак немам многу сила ама секогаш го мавав шамари и едното око право а со тоа баш и не гледаИ оваа вечер така беше,од шала на стварно стана,ама работата е што ми кажа нешто лошо за моето семејство демек такви насилни сите сме биле во таа смисла не навреди а мене тешко ми падна...дека со многу лош глас го кажа...и после јас се налутив и ми вика место јас да се лутам ти се лутиш вакво нешто не сум видел...Па ми вика и ги помина сите границиа тој навистина нема осет кога ме удира,дури и модрици на раката ми имаше направено неколку пати и сега имам една цела недела не ми е помината плус раката ме боли.Стопати му имам кажено силата нека ја покажува на машко не на женско и тоа на мене..Нема смисла се мислам како да му кажам да не ме удира толку силно зошто му имам речено ама не сваќа...Ми скисна веќе се во животот..
@aleksandra4444 Say what? Се тепате, и ти сега сакаш совет како посилно да го тепаш, а тој да не те тепа? Како да го направиш Саша Матич? Ништо не разбрав
Хаха ме насмеа алал да ти е Сакам да свати веќе дека не сакам да ме удира силно бидејки сто пати му имам кажено и ништо,тој пак си продолжува а мене искрено ми смета,значи неможеме како секој нормален пар на шала да се закачеме мора веднаш од негова страна да има посилно ударање..сега ме свати ли
Ех, што се не ке прочиташ во ова време. Не е комично ама мене некако смешно ми падна мислењево. Се тепате, удира тој, удираш ти. И проблемот не е што се тепате туку како да му објасниш полесно да удира? Па даа, тука е целиот проблем, ахм. Не, сериозно се смеам, така ми дојде некако.
Тепај ме нежно. Добро ... Како? Како се тепате бе? Гледате иднина заедно воопшто? Ако да, размислувате како ова би влијаело на децата? Немате пробано да не се тепате? Сериозна си, зошто ми е тешко да поверувам искрено. Зошто место да сакаш да му велиш полесно да те тепа, не му речеш да се воздржите и да не се тепате туку да решавате се со разговор?
Како тоа се тепате?? Па и на шала да е како што викаш што има интересно во тепањето? Не сте деца. Не треба воопшто да се тепате, а не да бараш начин да му кажеш како да те удира понежно. На што личи тоа модрици, болки.. страшно. Не знам каков совет очекуваше тука од нас... што да ти кажеме ние? Не почнувај такви ''тепачки на шала'' никогаш повеќе, а кога ќе те удри нареден пат ќе се налутиш ТИ и ќе се тргнеш од него, нека си најде некоја друга за тепање.
Леле па човек и совет од вас не можи да побара толку имате да не кажам прости размислувања..е ова само во Мк се можи на друго место не.. Прочитајте уште два три пати,вие не ли сте се закачале со вашиот онака на шала,е нашето настварно станува после и бидејки му имам кажено повеке пати а не свака пак си тера по свое барав совет како да го натерам да свати дека не сакам такви работи...али ок на погрешно место барав совет.
Кажи го на мајка му. Нека го натепа дома по газето и нека плаче....да види како боли. Знаеш дека повеќето нормални парови кога се сами се бакнуваат, се гушкаат, разговараат, се тапкаат по рамо.... Може да пробате и вие така....што знам... Онака идеја ти давам, додека не го ослепиш човекот со шамари.
Јас ти дадов најдобронамерен совет, ама ти ако мислиш дека нашите размислувања се прости и уназадени, а вашиве тепачки се модерни и нормални, слободно тепајте се, шетајте со модрици. Убаво е тоа. Поздрав.
@aleksandra4444 има милион други работи да правете место да се тепате. Гушкајте се, бакнувајте се, гледајте филмови, шетајте се, вежбајте, трчајте, а не да се тепате. Тоа ми е стварно чудно Јас со дечко ми никогаш не сум се "тепала" или па тој мене нема шанси ни на зафрканција ни пак озбилно. Седнете разговарајте има толку убави работи да правите, а тепањето заборавете го.
@aleksandra4444 Па богами тешко е на ова што си го пишала човек да даде совет во нормален и озбилен стил... Какви реакции очекуваше ти, и побогу на форум ли треба да ти каже некој дека не треба воопшто да се тепате со партнерот? Ситуацијава ни најмалку не е нормална и треба да сфатиш дека и двајцата сте ги преминале границите кога сте кренале рака еден на друг, а не да бараш совет да го убедиш помалку да те тепа и уште да скокаш овде на реакциите.
@aleksandra4444 а зошто не ги прифатиш советиве наместо да се правдаш себеси и да велиш дека ние другиве не сме во право? Сите ти пишаа дека тоа не е убаво, а еве и јас се надоврзувам на тој став. Значи те разбирам дека тоа е на шала, сум била во слична ситуација, но тоа подобро да го прекинете. Зошто да шеташ со модрици и да трпиш болки кога можеш (и треба) да си сакана, чувана, пазена. А каков е тој дечко што сака да ти предизвикува болка? Спојлер Мојов не сака ни малку сила да покаже на мене. Веројатно ви е интересно, но пробајте и нешто поинакво, како нежност на пример.
Искрено мене ми делува како едвај да чекате само некој ваков коментар за да добиете прилика да покажете колку сте паметни и смешни пошто на нормално прашање две три личности ќе дадат совет ама на вакво смешно и до некаде глупаво прашање сите ќе искоментирате и ќе се развлекува тоа и ќе се развлекува и ќе се докажувате и докажувате колку сте смешни и колку сте иронични и така. Не знам што е страшно што луѓето се закачаат и си играат како деца мене баш ми е слатко тоа и сакам партнер кој знае да си игра така понекогаш како дете. Извинете вие возразните што со партнерот само муабет правите вежбате и не знам што уште прочитав горе нема да разберете секако дека постојат луѓе кои имаат и 30 ама сепак се понашаат како дечиња на моменти и во тоа е убавината според мене. Далеку од тоа дека ова е смешно и чудно во вашиот однос, смешното овде е што очекуваш ние да ти дадеме совет за вакво нешто. Ако ти не знаеш да му поставиш граници на дечко ти и ако не знаеш како да му кажеш дека нема осет...што да ти кажам...повели, зачлени го, ние ќе му кажеме што да ти кажам друго...
Мислам дека само ти ме свати Јас ѕнам дека не е убаво мегутоа јас не ѕапочнувам такво нешто сега не мора секогаш да бидеме оѕбилни нели мора некогаш и да се опуштаме ама проблемот ми е што нема осет само тоа ѕашто не свакате.Му имам кажено не сакам да ме удира макар и на шала ама не ме слуша ѕатоа напишав на кој начин како да го раѕубедам дека не е убаво така. Е алал да му е на дечко ти Па дека пробав со раѕговор не успеа од моја страна сакав и други да слушнам можеби на некој нешто ке му текнеше нешто..нема веѕа веке.фала им на тие што не ми одговорија иронично.
ништо фино лепо ќе го гушнеш или како и да го разнежнуваш ..не знам кој начин ти пали ама тој одбери го и ќе му кажеш дека ти е забавно тоа ама дека мора да внимава на силата он несвесно го прави тоа пошто мисли дека сме исти како нив а ние нежни гревотка
Мора сериозен разговор, ако треба и по неколку пати. Не може така, ти да му кажуваш а тој пак да си тера како што си знае. Расплачи се ако треба.
Мислев дека никад нема да пишуам у темава за совет, ама како да го тргнам дечко ми од досадниот другар? Љубоморен е и само го замајува како за инает, а овој па мојов не знае да откаже. Седам кај него дома сама, веќе два саати е излезен. Пробав да зборам, ама за два-три дена пак иста песна... Другачије се понаша кога е со другарите, тоа ужасно ме нервира. Другар му нема ни Ж од Женска!! Ќе пукнам!!!