Како може некој да ми вика ние сме многу различни и затоа не можеме да бидеме во врска, а од друга страна тешко му паѓа кога ќе слушне дека излегувам со други. Зарем мисли дека него ќе го чекам да се одлучи толку време? Стварно не можам да разберам.
Девојки јас имам еден проблем... значи со дечко ми не идеме многу долго сега ќе правиме 8 месеци . Почнувам да се чувствувам како да ме запоставува заразлика од порано . Јас барем кога сум во врска сум таква личност што целосно се посветува * да не се сфатиме погрешно искачам и со другарки и се тоа* се грижам нешто да не недостасува и се тоа. Така и овој случај само што он цело време ми збори дека сака сериозна врска и слично а самиот се оддалечува од мене порано и он беше доста посветен на мене, знаеше што сакам , како да се однесува во одреден момент, како да се справи во кавга и слично а сега сум како на втор план со фактот што знае дека следна недела ќе патувам, ретко кога знае како порано да изразува толку многу љубов и приметува промена во моето однесување но ако кажам многу директно тоа ќе биде уште една кавга, ќе бидам погрешно сфатена и ќе се испокараме
Мора да поразговарате сепак. Побарај објаснување на што се должи таа негова промена. Не би било во ред да се карате доколку се отвори ваква тема на разговор туку би требало да побарате решение на проблемот. Можно е да настапила и монотонија во врската па не би било лошо да пробате и нешто ново. Или пак во краен и најлош случај му се имаат оладено чуствата кон тебе. И да е така, не е крај на свет, некој друг ќе покаже многу повеќе интерес. Затоа мора да расчистите на што сте.
Имам еден проблем и сакам да слушнам различни мислења. Со дечко ми и не сме баш многу долго заедно, јас работам тој еден период бил во странство сега е дома никаде не работи. Од порано имал земено кредит и не му е исплстен уште, пошто не му ни легнуваат пари на сметката. Е сега не сакал да работи за други сакал некој помал сопствен бизнис. Па ми вика мене да сум извадела кредит пд 4000 или 5000 евра демек тој ќе ги враќал ратите и да сме почнеле заедно да работиме. Мене ме ми се допаѓа идејата, пошто имс милион трошоци додека почне да работи и знам милион примери од околината што почнаа па пропаднаа. Не сакам и не можам да враќам после кредити за џабе. Што мислите вие?
@anastasija18 Just no . Да бил со претприемачки дух, прво ќе поработел малку кај други, ќе заштедел, ќе направел нешто. Многу паметен вака, да лежи дома, а ти за него да земеш кредит. Немој да се лажеш, особено кога не си ни доволно со него, не го ни познаваш најдобро каков е.
Не, не и не. Не сте долго заедно, па можеби и не го познаваш најдобро. Зошто после ти да мораш да ги враќаш неговите пари? Со самото тоа што дотичниот не сакал да работи за други мене лично ми изгледа на несериозна и недоволно зрела личност.
Никако тоа не, не Не сте многу заедно од кај знаеш ќе те остави, па има до гуша во долгови да бидеш и да исплаќаш кредити. Нека си се снајде на друг начин.
Па 4000 евра не се малку пари, плус задоцнување, камата... Во здрава нога трн не си ставај. Многу луѓе имаат заглавено на таков начин, било со подигање на кредит, било со станување на жирант.
Какви се мажи постојат. Ако се случи нешто непредвидено и раскинете, ти ќе бидеш заглавена во долгови, а тој ќе нема никаква обврска кон тебе. Кредит од 4000-5000 евра не е мала работа, којзнае колку ќе испадни со се провизии. Мој совет, ни на крај памет.
Никогаш немој самата да се заглавуваш за други. Било дечко или некој трет. Н-И-К-О-Г-А-Ш! Не вреди ти да си закачиш нервози поради некој неработник.
Ви благодарам на советите девојки, се согласувам со вас. Убаво е да си имаш свој бизнис ама факт е дека не секој може да успее и поголем е бројот на тие што пропаѓаат отколку обратно. Тие што порано на времето отвориле дали продавнички, дали бутик или било што сеуште си работат, а за ново многу тешко. Мој близок роднина ете така си планираше отвори свој сопствен бизнис вложи се што имаше, влезе во долгови и на крај пропадна зошто е преголема одговорност и не секој може да се снајде. Има многу закони кои мора да се испочитуваат, давачки и кога ќе видиш повеќе си во минус. Реално и мене не ми се работи за 15 илјади ама се видовме и преѓеска убаво му објаснив дека не е така лесно и едноставно како тој што заммислува, ќе извадиш кредит ќе отвориме продавничка и ќе бидеме газди и готово. Не само ако раскинеме, ако тој бизнис пропадне и неуспее тој кредит ќе остане на мене и јас ќе МОРАМ да го враќам. А 4000-5000 евра барем за мене се страшно многу пари, подобро за 15 илјади кои ми се сигурни и чисти ќе работам, отколку да враќам огромни кредити за џабе. Дури и кога би успеале не знам како тој мисли и кирија да плаќа, и кредит да враќа и милион други работи. Затоа од сам старт се откажав, подобро ми е кога друг ми го бере гајлето отколку јас да берам нечие гајле.
Видиии и не е толку лоша ситуацијава уклучи малку имагинација Може одалечувањево му е фора да си речеш еј ќе го изгубам дај да му дадам Не ја прави таа грешка, ако те сака ќе те чека. Дечково многу свилен бе, не сакал да работи за некој? А нема ли мајка/татко да му земат крдит на синчето да му се исполни желбава?
Денес ти е дечко утре недај боже,може нема да ти биде дечко и што прајме?ти рече абе не си ми девојка веќе не ти ги плаќам јас ратите? Немој ѓаволот да те лажел на ваков потег,како што си ги земал парите,така ке си ги врати.
@anastasija18 дали навистина си толку наивна? Прво и основно, еве нека потврди некоја феминка која знае со сигурност, ама јас речиси сум сигурна дека на плата од 15,000 нема да ти дадат кредит од 4-5000 евра. Прво и основно доколку немаш решение за работа никаков кредит нема да ти оддобрат, ама толкава сума и со решение никој нема да ти оддобри. Второ, исто така многу битно, зошто ти да земеш кредит а заедно да почнете да работите? Тој не сака да работи за минималец, ти да работиш, ти да земеш кредит, а заедно да делите заработувачка од заедничкиот бизнис. Ако е така, знам уште мнооогу луѓе на кои им одговара оваа математика, да те поврзам со нив? Еве да речеме, зошто неговите не земат кредит, па така заедно да работите?
Девојки незнам што му се случи, се беше океј, пишувавме убаво се слушавме и се така додека пред некој ден престана да ми враќа на пораки (го преплавив со пораки и ме остави на seen) му звонев ми исклучи 2 пати и уште 2 пати му звонев не крена Незнам што да правам стварно, се нервирам, сакам да појдам и да му удрам шлаканица ама не вреди .Веќе 2 дена е вака. Глупава сум многу, му признав дека го сакам и сега си игра со мене како што знае Многу ме интересира зошто престана да ме бара ќе се изедам
Нели до неќна го осеќаше како пријател не сакаше ни да го гушнеш? Сега кажуваш дека не можеш без него. Ама ај... Си го напнала очигледно и најверојатно барем според мене не сте зрели ни ти ни он. Тој можел барем да се удостои да ти одговори, а ти треба едноставно да продолжиш напред и да го баталиш. Стави го на игнор гарант сам ќе ти се јави кога ќе му поминат бубачките и кога ќе види дека те нема. Значи решение ти е само тоа. Па ако сакаш после пак продолжи си со таква личност.
Не е заинтереситан за тебе. Не е напнување 2 пати да звониш, напнување е 10 пати без престан. Ама штом си видела дека не ти враќа и си на син немало потреба од дополнително барање. Клоца у гз и чао.
Можеби само чекал да му признаеш дека го сакаш. Мој совет игнорирај го наредниов период и на улица да го сретниш сврти си ја главата. Нека цркне. Покажи незаинтересираност.