Јас би отишла...Кога веќе го сакаш зошто да не го видеш за последен пат?..Барем мака нема да ти биде цел живот...А така можеби ќе се каеш,зошто не отидов а требаше..Така да јас да сум на твое место ќе одам ич не му ја мислам...Еден е животот...
Спомените со него остави ги зад себе. Таквата средба буди поинакви чувства.Не дозволувај да бидеш во непотребно исчекување и да броиш денови за да се чувствуваш полошо. Тоа што не сте заедно е позитивна околност за тебе. Слободата што ја имаш е многу важна во секој сегмент од животот, а посебно во изборот на партнер.Тој нека живее во духот на традицијата, а ти потруди се да го заборавиш без средба за збогување за да продолжиш понатаму.
Го запознав сосема случајно на приватен час по еден предмет,тој имаше термин веднаш после мене. И така започнавме да се допишуваме. Траеше допишувањето три медеци и еве сеуште. Но ниту еднаш не ме покани на средба. Имал девојка со која уште од средно биле заедно,сега е втора факс но повејќе не се заедно. Не знам што да направам,некогаш знае толку убаво да ми направи фда се чувствувам а некогаш ни трага ни глас од него. Ми се допаѓа премногу но не знам како да изреагирам. И во меѓувреме имавме неколку случајни средби. некогаш ми дава знак за надеж посебно последнава недела..
Еве еден мој проблем, можеби малечок, но сепак решив да го напишам. Станува збор за едно прекрасно момче. Се запознавме пред околу 1 месец, иако јас го знаев од претходно. Живее во мојата населба. Имаме поминато заедно убави моменти за овој краток период. Кога сме заедно, се е супер, дури и му се гледа некаква возбуда во очите. И на фб се е супер, си се имаме потпишано со многу слатки Nicknames, ама во последниве два- три дена гледам дека тој на социјалните мрежи си коментира со друга девојка, што ја знам, мсм си прајме по некој муабет. Кажете ми што да правам. Навистина ми се допаѓа, но овие денови навистина сум збунета. Помош плс.
Веќе доста пати ми се има случено. Не е дека не го сакам но не знам дали сакам да продолжам со него. Иако одиме скоро 3 години многу несериозно се однесуваме. Како прв месец да ни е. Неколку пати имаме раскинато или сме биле на 'брејк' од кои некогаш било поради мене што не сум сигурна што сакам. Прв ми е и отсекогаш ме плашело што ќе се случи ако идеме долго време. Не сме изживеале што се вика, па ќе бараме нешто ново. Исто така, немаме некои многу заеднички работи и може ќе помислите дека тоа е глуп фактор за двајца да не бидат заедно, ама за мене сега е важно. Освен кино или некој кафич немаме негде заедно отидено. Стилот ни е исто така многу различен. Не знам што да правам, ако раскинам ќе се каам како и секогаш ама па ако сме заедно имам чувство како да се мачиме..
@Hellobeautiful Велиш ако раскинеш ќе се каеш, а по напишаното, ти веќе се каеш. Досадно ти е во врската и баш се мачите. Ни делите заеднички интереси ни правите нешто заедно, не се залагате за градење на врска. Тоа што ти бил прв и тоа што сте 3 години заедно, не е никаков фактор дека треба да продолжите по секоја цена. Плус, каква е таа врска ако неколку пати имате раскинато? Аман бре луѓе
@Hellobeautiful исто би додала дека ако многу пати имате раскинато и сте биле на пауза знајш како ќе ти биди т.е. која состојба ти е подобра. Ама се согласувам со @Summerlover ова вашето изгледа како измачување, како уште сега да не ви е добро, а не па во иднина.
Полошо ми е кога не сме заедно, нормално и многу сме среќни кога ќе се смириме. Го сакам, многу ама како да фали нешто..
Ако не ви оди раскинете нема потреба да се мачите заедно. Нема врска тоа ако ти е прв и дека мора се со него да бидеш нешто кога не оди и не оди. Размисли што ви фали внесете некоја свежина во врската, сменете нешто штом го сакаш толку многу.
Па и не си така ниска, јас сум 1-2 цм. само повисока од тебе и не се сметам за баш ниска а ниту изгледам така. Голем дел од женските околу мене се пониски така да не се жали како да си 1,50 оти верувај дека познавам доста такви девоки. А ако толку сакаш повиска да бидеш, носи штикли почесто. Мојот партнер е дваесетина цм. повисок од мене и тоа не ми представува апсолутно никаков проблем, фино изгледаме еден крај друг. И повисок да беше, немаше да ми пречи. Нормално е машкото да биде повисоко а и баш кај нас не се некои џинови туку се просечни, сосема добро ќе ти прилега некој 180-190 цм. а мнозинството се такви.
Мој совет е ни случајно да не се заглавуваш со било какви кредити, во зависност од тоа на колку време ќе го земеш ќе имаш и камата која не е воопшто мала па тие 5000 евра ќе испаднат може 7000 за враќање. Нека не се прави многу свилен господинот и нека се фати за било каква работа додека да си го исплати стариот кредит па после нека си земе нов на свое име. Арно ќе беше сите да станеа газди но не оди тоа така. Плус тоа шансите една обична продавничка да успее не се многу големи така да ќе си создадеш само проблем. Освен тоа немаш никава гаранција дека нема да раскинете. Во денешно време треба да се внимава и во брак како се постапува по однос на вакви и слични прашања а камоли пак во една обична врска која утре може ќе заврши. На секој чекор има измамници кои сакаат лесно да дојдат до пари, многу треба да се внимава.
Ако не сакаш да раскинете,подрудетесе да ја одржите врската во живот. Најдете го тоа што ви фали. Поминувајте повеќе време заедно,разговарајте за тоа. Ако не џабе се мачите раскинете со време.
Со него си затоа што не сакаш да си сама. Остави го момчето да си ја бара среќата на друго место, не биди себична кога знаеш дека не го сакаш.
По кажувањето на девојката, немаат заеднички интереси. Како ќе је одржат врската ако само во кино и во кафич отишле заедно? 3 години не се малку, а живот во заедница не е мала работа. Како ќе живееш со некого ако единствено умеете во кафичи да одите заедно? Едноставно, let it go, не се мачи.
Хахаха, баш ме насмеа. Инаку сега се е подобро. Мсм си имам нова занимација, не ми е потребен. Девојко, тој тебе не ти е потребен, верувај ми. Не сега да се правам некој Паметњакович, ама такво однесување ко за прв месец и плус тоа што немате излегувано никаде освен во кино или кафич... Значи, остави го, ќе ти биде полесно.
Сакам да ве прашам нешто. Сум пишувала тука за дечкото што го сакам најмногу на свет, дека тој сака да се гледаме ама не сака врска, онака лабав тип е, сака да е сингл и сл. Јас се гледам со него веќе една година и неколку месеци. Дечкото што кон мене гледа како девојка за онака, пред некое време ме праша дали сум имале што друго со некој друг, пококнректно дали сум имала односи со друг ? Зошто би ме прашал вакво нешто ако не му значам и ако не сака ништо со мене? Нели ако не му значиш на некој нема да се интересира за тоа дали се гледаш со некој друг или не.