Може, ама и не мора да значи. Може сакал да ти каже дека он почнал или дека планира да почне да се гледа со некоја друга. Се бива. Ако уствари он те сака нема да му биде ни најмалку проблем да биде во врска со тебе и да почне да планира нешто поозбилно. Па кој и да е. Барем бил делумно искрен со тебе. Ти си му тука додека не најде нешто што би му одговарало.
Дечкото цело време делува како да се плаши да не ме засака. Се скаравме пред некој месец, ете пред некој ден пак се видовме. Нека се гледа и со друга, се некако кај мене се враќа. На никоја друга мислам не би му одговарало такво лабаво гледање па можеби заради тоа. Во секој случај благодарам за мислењето.
Како бе нека се гледа и со други...Дечкото ако е уште дете може да се плаши, инаку мислам до сега требало да утврдите на што сте.... Затоа што ми изгледа дека ти не си баш за лабаво со него ама од страв да не го изгубиш правиш компромис.... Размисли драга, затоа што убавина со сила не бидува...
Те цитирам: „Онака лабав тип е“. Не е срцка тој „лабав тип“, туку себичен е, сака да си секса кај стигне (онака лабаво нели), а ти сака да му бидеш лојална и верна. И не е само себичен, туку доколку не се промени и не ги смени погледите и вредностите, со него немаш ни И од Иднина. Џабе трошиш време и младост. Љубовта кон спротивниот пол подразбира верност, лојалност и посветеност. Љубовта кон спротивниот пол е ексклузивна љубов: 1 маж и 1 жена = врска = сериозна врска со потенцијал кон брак = брак = фамилија. Полигамија, полиаморија, бигамија, френдс вит бенефит, фак бадис итн, тоа само холивуд ве лаже дека е кул, поголемо уживање и добра пракса за пред брак. Оние кои поминале низ ова можеби глумат дека им е ок, но најблиските кај нив гледаат фрустрации, љубомора, нервози, немир.. едноставно не си за такви „безврски“ создаден/а, туку за нешто многу подобро. И заслужуваш подобро. Длабоко во себе копнееш по некој/а што ќе те сака, ќе ти биде посветен, верен, лојален и ќе се дава за тебе, а не само да зема од тебе по потреба кога како му се сака. Престанете да ги рационализирате и да им давате позитивни епитети „лабав тип е“ или „искулирана типка е“, „не сака да се врзува пошто сака слобода“. Тој можеби мисли дека сака „слобода“, но им робува на своите страсти, робува на својата себичност, неодговорност и непознавање на тоа што значи врска, љубов, утре брак. Ако сака да е сингл, нека си биде сингл, а не да секса девојчиња како тебе кои се надеваат дека еден ден тој ќе биде само нивни и потоа завршуваат со скршено срце. Сепак сама си се согласила на ваква врска без врска и тоа си има цена и последици.
А што ако јас не сум му верна и што ако и јас сум како него ? Не помислувам на брак, ниту во мене лежи с од сериозност. Нешто не ми е погодено моментално во животот, ниту на работа ниту во љубовта, ептен лош период. Нема човек што не сака љубов. Сите сакаме да бидеме сакани. Нема никаква врска тука, јас ти кажав мене ми одговара така, зошто јас сум таа која бира, моментално тој ми е најкомпатибилен, во иднина можеби друг ќе е, во зависност од тоа како ќе стојам на полето запознавање на нови луѓе. Сепак ти благодарам на мислењето, а тоа што тој очекува од мене се зафркнал малку .
@Chopard Па чим викаш дека и двајцата сте "лабави" терајте си така. Ако нејкете да имате ништо сеериозно нема да те интересира дали те сака или не.
Мене не ме интересира, него изгледа го интересира штом ме праша дали имам односи со друг. Јас само прашав што значи прашањето.
Пак јасЕдно ќе заврши друго ќе почни.. Баш почнаа односите да ни се како подобри,одкога почна летото тој се дружи со еден другар,од мали се знаат,цела зима не се дружеа сеа пак почнаа а тој е....типичен сељак а дечко ми кога е со него и он е таков..Го прашав вечер дали ќе се видиме,а од другата страна тој се дереше ти ова вечер никаде не одиш,а дечко ми му кажа не викај ама и тој се смееше и само кажа НЕ и јас кажав добро и исклучив.Не ми е проблем што нема да се видиме,проблем ми е што тој и другар не му е..Со бившата на дечко ми после тој искачал со неа,по тоа дознав дека и не баш добри другари а блиски се..И нонстоп му љубомори на дечко ми а тој во ова ситуација доаѓа како под негова наредба,него го слуша...Не се чудам ако утре задутре заради другарот се скараме,а тој знае дека тој и не му баш некојси другар и пак се дружи со него...Не сакам ни да го видам после ова вечер..Што да правам со тој другарму..
Зoштo не сaкa дa ми јa кaже причинaтa зaрaди кoјa ми прекинa? Еднoстaвнo сaкaм дa јa знaм вистинaтa. Дoпoлнителнo ми кaжa декa и билo жaл пoрaди штo ми прекинaлa, не сaкaлa. Амa не сaкa ни нaзaд. Премнoгу јa сaкaм се уште, aмa ете ни причинa не мoжaм дa јa дoзнaaм зaрaди кoјa ми прекинa oнa.
Јас мислам дека можеби во овој период се соочува со нешто лошо па ти раскинала а воедно и не сака тоа да го сподели со тебе...можеби сака друг,што баш и не верувам ако рекла дека не сакала така да испадне...има доста варијанти,сепак ти ја познаваш повеќе од сите нас,како се однесувала последниот период?имало нешто чудно?
Земајќи се себеси за пример, ќе кажам дека веројатно причината е: сака друг. Мене ми беше неугодно тоа да го кажам, можеби и на неа и било. Можеби. Ако те избегнувала во последно време, тоа ќе да е.
Причини и варијанти има многу, ние девојката и вашата врска не ја знаеме ша може само да нагодуваме... Јас ќе ти ја кажам причината поради која кас одлучив да се разделам....стана невнимателен кон мене (не ме третираше лошо, туку немаше ни џ од џентламен во него) престанав да му бидам приоритет...... Толерирав одредем период за да на крај од ненадејно без објаснување одлучив да прекинам. Немаше друг, не престанав да го сакам ама што ќе ми е маж кој ме гледа исто и мене и сите други жени.Внимавај на ситници, најчето многу значат позз
Јас тек сега го читам ова, ама морам да ти вратам бидејќи сум била во иста ситуација. Се гледав година и некој месец со еден дечко, го засакав премногу, а тој исто како во твојов случај не сакаше врска. Сакаше да биде со мене, му бев мила ама наводно не беше спремен за нешто сериозно. Јас исто си се убедував дека не сакам врска, туку само да се гледаме и да одржуваме некоја лабава врска. И сето тоа го правев затоа што сум го сакала и сум се задоволувала со малку, затоа што ми беше полесно така отколку воопшто да не бидеме заедно. Е, ама, почнав да се фаќам како тотално си изгубив и принципи и се` за одредени работи, почна да тлее непријатно чувство во моментите кога не бевме заедно и се прашував што прави, каде е и со кого. Откако сфатив дека сето тоа е психички тортура за мене и заслужувам многу подобро, решив да ставам крај. Ме бараше после тоа ама јас не сакав. Немаше ни 2 недели тој почна врска со друга. И како бе наеднаш си спремен да почнеш врска? Очигледно си седел на повеќе столчиња целиот тој период, па која остане, остане. Отпосле дознав и други работи кои ми ги правел зад грб, и ич не ми беше сеедно кога слушнав. Ама се тргнав на време, пред да потонам уште подлабоко и да почне очајот. Сега имам дечко година дена, ме чува ко очи во глава, ме почитува и ми посветува максимално внимание. Добивам се` што не добив претходно. И сега, во ваква ситуација сфаќам колку сум била смотана што сум се задоволувала со НИШТО. И што сум оправдувала се` што ќе направи, затоа што го сакав, се правев слепа, барав исто вака надеж како тебе во неговите ситни зборови дека можеби ме засакал и тој, и се измачував сама себе. А тој иако знаеше дека не ми е воопшто сеедно, упорно ме влечеше за нос. Е за тоа никогаш нема да му простам, за другото простено му е и нека тера. Не те заслужува девојче, не си го троши залудно времето, знаеш и сама дека заслужуваш повеќе и не му ги оправдувај постапките, на крајот ти ќе бидеш повредена. Дај си шанса сама на себе да осетиш некој да те сака од срце и да не дозволи прашинка да падне на тебе, а не да те гледа како пополнување на слободното време.
Мисли дека на тој начин помалку ќе те боли. Нешто као "кретенка е, ме остави туку така, ај ќе ја заборавам". Не е свесна дека не за секој тоа е полесен начин. Дека некој сака да знае зошто е оставен. Можеби ти полесно би ја заборавил ако ја знаеш причината и најдеш во неа логика отколку вака да мислиш на тоа. Сепак, тоа е таа. Тоа е нејзин стил на раскинување. Со тек на време ќе престанеш да ја мислиш и ќе ја преболиш.
Би сакала да разговарам за еден сериозен проблем околу мојот партнер. Нешто го мачи долг период, не знам што и секој ден настојувам да ми каже што се случува. Најпрвин ми вели не знам, потоа ми вели дека психата го мачи, трет ден нешто сосема друго. Се чувствувам безпомошна што веќе не знам што да му кажам, и притоа кога го притискам да се олесни и да ми каже што се случува, знае да ме искара. Искрено, почнав да се плашам за него, не е баш присебен во некои моменти, а јас сакам да му помогнам. Некогаш ми вели јас не ти требам тебе таков никаков а е свесен дека живот би дала за него. Караници имаме, како и во секоја врска, понекогаш мислам дека е до тоа, но кога ќе помислам повторно веќе одамна е така.
Не напнувај го да ти каже. Ќе дојде време кога самиот ќе ти каже. Еден период таков беше дечко ми. Забележував дека нешто го мачи, дека му е тешко. Се лутеше кога цело време тоа го прашував. Па решив да си молчам. Потоа самиот ми кажа. Имаше некои домашни проблеми. Кога ми кажа ми падна жал што и јас го нервирав.
Излегов еднаш со едно девојче,ја запознав преку фб,излеговме се беше ок контактиравме и после тоа иако ги игнорираше некогаш моите повици,и sвонев неколку пати на ден,се слушавме зборевме,и sвонев и пишував пораки и од еднаш ја снема...не ми е јасно зашто така?убаво си правевме муабет само чудно ми беше зашто така и доста често ми пишуваше дека не може во секое време да зборува по телефон јас и sвонев по 20 пати на ден,убаво ми беше да зборам со неа,и пишувам не ми враќа...не знам што да правам