Убаво што си и пишала. И него у полиција да го пријавиш ако продолжува да те уценува. Вакви копилиња си ги лажат девојките дека ти си уствари курвата што го замајувала, а он бил нели сонценце. Прво ќе покуша така да среди ситуација со уцени и закани, а подоцна ќе плаче, ако не може кај неа кај тебе. Само клоца за таквите.
Ако продолжи во полиција ќе биде, прикачив слика од цвеќе и чоколадо што ги добив на инста и ете ти го се јавува пак со закани.
Куче што лае не каса. Нека продолжи со заканите. Покажи го истото на татко ти/брат сестра/ постар братучет па нека прати батиња да му кажат два три лепи збора. Не си должна да трпиш тортура од некој што не знае што во животот. А таа, со која што бил ако продолжи со него, и треба итно психијатриска помош.
Не сакав да вмешувам никој да не отварам проблеми, но ако продолжи така ќе морам. Да сакам можам да го уништам имам премногу очигледни докази што можам да и ги пратам ама не вреди. Благодарам на советите. Поздрав
Ако продолжи директно ќе идеш кај неговите дома плус, со мајка ти или татко ти. Седни принтај тоа се што имаш, покажи им од тоа како лажел две девојки до тоа како ти се заканувал и ајт со здравје. Абе за ваквите само така маме им ебам недораснато. И не провоцирај ниту ти, не биди дете со инста. Блокирај од сегде, пошо ќе западнеш у поголеми лајна. Значи тргни се и остави го. Нека не знае каде си со кого си зашто си пошо у спротивно ќе мораш да вмешаш фамилии. Тури му пепел.
Седи си со дечко ти и не се залетувај, не се залажувај со глупости. Среќа е што си нашла некој што ти одговара и самата велиш, мислиш дека е најдобар. Ако го сакаш и те сака, ако имате сериозна врска и гледаш иднина со него седи си мирна. Да не ти требаат други другарки тебе случајно наместо други машки како што прашуваш? Јас имам другарки што се сингл и и нив им фали машко внимание, ама тоа не значи дека ќе спијат со различни секоја вечер. Не се дружи многу со нив и нема вакви луди идеи да ти текнуваат, седи си со дечко ти, цени го повеќе.
Хелоу девојки пак јас Запознав прекрасен дечко во секоја смисла на зборот 5 години постар. Излегуваме, одиме на плажа имам 100% внимание од него, се грижи за мене, се интересира.. ме третира буквално како кралица кога сме заедно. Искрен е во врска со се не е цици мици. НО додека се запознававме ми кажа дека имал 4 годишна врска, 1 и пол година каде што се разделени заради различен поглед кон светот. Мене мие прекрасно ,а и него евидентна е хемијата, нежностите. Како он што ме прашува за моите бивши така и јас вчера го прашав дали би се смирил со неа зашто 4 години не се малку он ми одговори помина веќе една и пол година...сепак јас го разгледвам фб коментари од 2013 она го познавала цело негово друштво, се правеле заедно. Страв мие да се предадам целосно, а сакам. Што би направиле вие?
Четири години врска е долг период, меѓутоа штом не се смириле за 1 ипол година после раскинувањето значи тоа не било една мала пауза во врската како што некогаш се случува, туку официјално крај измеѓу нив. Доколку биле еден за друг тие сеуште би биле заедно, очигледно не им успеало и одлучиле да си продолжат понатаму секој по свој пат. Според мене, не треба толку да мислиш на минатото, ете дечкото велиш и сама дека е искрен и отворен и супер во секоја смисла на зборот. Штом е навистина така, гледај ја повеќе сегашноста и иднината со него. Врската со неговата бивша одамна завршила и очигледно не планираат да се смируваат пак. Ти посакувам многу среќа во љубовта. Поздрав.
@MG3 Благодарам мила од се срце Ние сеуште не ја имаме официјализирано врската, он сака повеќе да ме запознае, јас него итн..хемијата е преголемаа нежност, милост обострана. Но пусти страв од тоа да не бидам разочарана, а и искрен беше кога ми ја кажа причината за раскинувањето видов се уверив во тоа. Само тие 4 години..
Ако не пробаш нема да знаеш. Тоа е најмногу до него и дали е толкав "идиот" да те замајува така. Сепак, не значи дека оние што раскинале долги врски немаат право да бидат со некој друг и дека сите лажат. Можеби едноставно решиле да се разделат, свако својим путем и тоа е. Не секој сака да се смири со бившиот.
Искрено, колку човек да биде прекрасен, толку може и обратно да биде. Претпоставувам дека типов си го запознала на одмор? И идете на плажа? Или како? Би ти предложил да не брзаш.
Ми пиша едно машко пред две недели,меѓутоа се знаеме од порано само така на видување одалеку..И сега се видовме,тој дојде бидејќи сме различни градови...Се убаво,муабет направивме,меѓутоа беше многу напален...И цело време ме допираше,сакаше блузата да ми ја соблечи, и раката цело време кај него ми ја ставашеМу кажав на што личи ова прв пат се глеаме,има време за се..Ако ме сакаш ќе ме чекаш,вика ќе те чекам ама многу ми се прави сегаА има 24 години јас имам 20....Вика отсега натаму сум твој..Место да кажи моја си..Нема веза...Бидејќи стварно работи сега,сезоната е таква и вика кој знае кога пак ќе се видеме може август ако не дојдеш ти кај мене..бидејќи е сам во стан,тогаш подруго ќе било..И си отиде,ми напиша стигнав и срце,и после ми пиша многу ми се правеше..пак му кажав за се има време..Вика ќе чекам нормално те сакам..Го прашав нели е малце рано за тие зборови вика не е,кога ќе се видеме пак..Му кажав кога ќе дојдеш пак..Не знам дали само сака да иаме односи,или не знам стварно разбркана сум..И ми го има бројот а не ми е ѕвонал до сега,можеби е рано ама можи да се јави не само да пишеме...Официјално сме заедно уште пред да се видиме,такви сме ние,само не сакам да избрзам за него,ми треба време да го дознаам каков е,вие што би направиле на мое место?
Дечково очигледно си бара партерка за секс само. Ако сака нешто друго барем нека те бара,нека се јавува да покажи дека му значиш нешто,а вака ништо. Не брзај според мене.
Би ти го кажала истото што и членката над мене. Подалеку од него. Не му е до љубов нему, туку ете сам си кажува што сака... Не дозволувај да бидеш искористена, биди паметна.
"-ти би само секс, а ја хочу мала пажња... =ПАЖЊА ПАЖЊА, биче секса!" Ако и тебе ти одговара да имаш само секс со него, продолжи да кожуницираш. Ако не, блок. Инаку, многу незрело однесување за негови години. Бетер од 15годишен тинејџер. На твое место би си заминала уште веднаш, но ти си знаеш.
Според мене, дечково штом не се срами уште на прво гледање отворено и толку опуштено да го врти муабетот на секс како да е нешто најнормално, утре нема ни да се срами да те остави откако ќе го добие тоа што го сака. Биди паметна.
Pa ne e tolku strasno de samo e izbrzano od negova strana.Sepak e 24 godini si ima potreba coekot ama ne mu bilo ova na mesto.Ako ti pisuva,ti se javuva,te bara,ne se srami da kazi deka e so tebe,ok bi bilo,ako ne begaj od nego.