k.frosina и Bitter-Sweet убаво те советуваат. Потполно се согласувам со нив. Од ова што го прочитав заклучив дека и тој те сака. Ако е добар и нежен немој да го пропуштиш. Еден совет: Секогаш ставај се на негово место, така ќе видиш дали тебе ако не те бара како ќе ти биде. Една врска тешко се гради. јас секој ден се нешто ново учам. Од тоа што бев пред 15 години сега сум тотално изменета. Повеќе бев по друштвото кога ќе излегувавме, Види се со оној,со овој, напрај муабет демек не сме се виделе а ММ секогаш беше до мене и демек со него после ќе надополнам. Нему тоа му сметаше а јас не го сваќав. Тој сакаше во тоа друштво да бидеме тим а не на сите јас да им угодувам а за него немав време. Секогаш ми велеше седи до мене тие нека дојдат да се поздрават или ако излезеш надвор или тоалет враќај се побрзо. Со тек на време учев и сеуште учам дека тој ми е број 1. Тој ми е се. И другар и сопруг и брат и утеха и подршка. Тој ме сака и јас го сакам затоа треба да се бараме. Мислите ми се секогаш кај него. Кога сум нервозна тој ме смирува. Тој ми е утеха. ...... Труди се- чувај го..... Немој да го испуштиш
Meliha душо овој муслиманот не е дефинитивно за тебе. А за овој христијанинот ни ти не си сигурна што чувствуваш. Јас мислам дека ти е рано за одлука. Тргни се некое време. Дружи се, излегувај, запознавај нови лица. Дај си време да размислиш. А тоа што пие и пуши и ќе умре за тебе не е ни најмалку битно. Многу умирале па не умреле. По некој месец си нашле нови прилики во животот. Сепак рано е за одлука. Одговорот е во твоето срце само сега не е тој момент. Времето ќе покаже
Ви благодарам на сите за прекрасните совети. Но еве сега си пишувам со него иако сношти добро ми кажа сеуште се понаша одбивно како да чека да направам нешто. И некако мене вака не ми оди добро конверзацијава и ми е како со сила и ми смета. А вечерва како штое ужасно времево незнам дали ќе можам сепак да излезам со него. ОФффф бе
@solomun95 повеќе од јасно е дека со тебе се гледа само заради задоволдтво и заради тоа што ти си му бивша и нема да го одбиеш. Јас те советувам да не бараш спас во ова зашто не е за тебе. Ти најди си друг кој ќе те цени повеќе од овој. И откачи го. @Meliha. воопшто не си зрела според ова што го кажуваш и очекуваш другите да ти помогнат при изборот на дечко. Можеби муслиманинот не е спремен за големи чекори и нема планови со тебе. И самата си го кажа одговорот дека тој сака да си имате забава флерт. Од друга страна зошто си играте со тие што ве сакаат, а после доаѓате барате совети како истите да ги враатите. Самите сте виновни за сето тоа. Ти треба сама да одлучиш со кој ќе бидеш. Слушај го срцето. @pushmetotheedge во твојот текст увидов дека се плашиш да се пуштиш во неговата игра. Не биди тапа и биди повеќе интересна затоа што се гледа дека ти се допаѓа и после ти е криво што го нема да ти се јави. Во 1 врска треба да се вложи заеднички труд, како и женското така и машкото си бара внимание. Во мали дози можеш да дадеш. Опушти се и уживај.
Во право си со тоа дека се плашам. И знам дека треба да бидам поинтересна но вака ако некој не ми обрнува премногу внимание незнам како да бидам. Незнам што да правам
Не може да очекуваш веднаш да му бидеш приоритет и на прво место. Тоа времето ќе покаже и треба да биде заслужено тоа место,а не колку ради реда.
Имам дечко со него сме речиси 2 години и е совршен. Многу е културен паметен одличен во кревет и што е најважно многу ме сака и почитува. Пред да бидиме во врска бевме најдобри другари 1 година и многу убаво го знам совршен е. Но имам еден другар со кого не се делиме веќе 7 години и почнав во последно време нешто да чувствивам за него а и тој за мене, го изневерив дечко ми со него и тој разбра и сепак ми прости. Но не можам вториов никако да го извадам од ум за другар е совршен а за дечко ужасен сосема спротовност е од дечко ми воопшто не ме почитува и со игра со мене. Не знам што да правам дали да останам со дечко ми иако мислам дека го сакам другар ми кој буквално ме искористува (еднаш кога беше многу заљубен во една многу убаво се однесиваше со незе се надевам можеби и со мене така ќе биди)
Па самата си одговори дека другарот те искористува. Ќе си останеш сама на крајот. А дечко ти заслужува да си најде друга која знае што сака.
Јас како да се читам )))) Ништо, што да правиш, те сака веќе, убаво се зезнал .) Се шалам. Кога имаш нешто до тебе што вреди, треба да му се обраќаш со истата пажња, ок може и малце помала Носи го на пијачка, покажи иницијатива малце ти, организирај ги дејтовите, веруј дека ништо повеќе не се бара. После ќе си одат природно работите. Чувствата сами ќе ти искочат да ги покажеш, тотално знам како се чувствуваш. Ќе се опуштиш со тек на време кога ќе ви созрее врската.
И после ќе дојдеш на форумов ќе плачеш како те искористил,ќе бараш совети. Остави го одма дечко ти не го заслужуваш сестро. Имај убав ден
Ти не си заљубена во дечко ти, туку во вниманието, културата, интелектот...има 1000 такви па ќе ги сакаш сите? Ако си паднала на двајцата секогаш изберија втората личност, зашто ако беше заљубена во првата никогаш втората немаше да ти падни на памет. Знаеш сама што и да направиш, а и немора да си во врска 365, 8760, 525600, 31,536,000.
Жени бе жени......како беше она" во мене ќе гледаат 100 мажи...јас ќе го гледам тој што не ме ни приметува "
Луѓе готова сум,не знам што ми требаше ова!Имам дечко два месеци,и пред некој ден со една другарка наидовме на еден од Србија на интернет си правевме муабет многу често,и пошто не сум во Ск моментално, ми вика кога ќе се вратиш итн мислев онака си прашува, и му викам па на први септември и еве го сега ми пишува ќе дошол во Скопје,после први ќе седел 20 дена,ја не знаев што зборам,му реков скопје грд град нема ништо се' срушија глупости почнав да зборам само да го премислам,после му реков извини ама да дојдеш одкога ќе се запознаеме поубаво и ми вика јас веќе извадив карта и ќе дојдам и ми праќа слика од картата и ми вика веруваш сега?Не е лош дечкото баш е убав ама не знам сега како,ене каде е септември,август ќе летне,ако излезам со него не е еден ден 20се,што ако некој ме види?Одма муабети
Па дечко е дечко, пријател е пријател незначи ако имаш дечко треба да се изолираш од светот. Знае дека си во врска ? Дечко ти знае дека имаш пријател од Србија? Не паничи, можеби сака да прошета и ете пријателка впрочем за то е фб наметен првенствено. Што ти смета конкретно? Луѓето тргни ги настрана и вака и онака зборуваат. Тебе што те загрижува?
Па не го носи низ јавност, во станче 20 дена турбо најт хахахах. Ти сакаше да се закачнеш ама од далеку изгледа .
Како не ќе дојди така е тоа некој два дена ќе си пишуваш па ќе се закрени од Србија да дојди Ск за да се запознаете освен ако не оди на друго место па кај ќе те најди во Ск тој речиму не сум тука и чаоо пријатно ако несакаш проблеми со дечкоти...