Пред околу 1 месец се запознав со еден тип и оттогаш сме често во контакт , не поминува ден а да не се слушнеме или пишуваме а понекогаш и заедно искачаме т.е. во друштва , имаме доста заеднички пријатели. Мегу нас не е имало ништо освен прекрасен пријателски однос, смеи, шали, и.т.н. Добив до впечаток декасупер му годи сето тоа дружење со мене исто како и на мене,но јас почнав да чувстувам и нешто повеќе за него. Ми се свига типот од секој аспект и ми е преубаво кога сум со него НО се останува овде, само на обично дружење. Да му признаам не се осмелувам , се плашам да не го изгубам а и дека сеуште е рано за се, работите да си течат спонтано . Последниов пат несвесно сама се издадов уз муабет, измеѓу зборови му ставив до знаење дека ми се допаѓа да не речам дека сум полудела по него. Повеќе мислам дека се изглупирав само одошто му реков нешто асално , и сега ми е многу незгодно од него Беше некаде 10,11 h кога зборувавме и како демек нешто се шалевме...па скоро секој мој збор беше ај ова заедно ај она, ова она да ти купам , ај дојди кај мене итн. Ми вика топло му било многу неможел да заспие ја му викам дојди кај мене да си легнеш ладно е Не знам како да продолжам понатаму...
Нема од што да ти е незгодно. Мислам дека треба да му покажеш дека ти се допаѓа на некој начин, немој да се мислиш и одолговлекуваш. Може би и он чувствува нешто за тебе, па и двајцата се срамите да признаете. Ама подоцна во животот повеќе ќе се каеме за работите што не сме ги направиле, отколку за оние што сме ги направиле. Вреди да се обидеш и да го направиш првиот чекор.
Друг ми беше зборот дека незгодно ми е бидејќи мислам дека тоа му го дадов до знаење на многу неубав начин, демек на шала викајќи го кај мене дома да си легне, кај мене да дојди , и слични работи. Ради то ми е незгодно
@bushavobebe Јас би ти рекла да му предложиш пријателско кафе и да направиш еден опуштен разговор со кој ќе му навестиш што чувствуваш за него, не мора да му кажеш како се чувствуваш во врска со него со многу очигледни зборови туку само преку шеги да му го воочиш тоа. На тој начин ќе те сфати и посериозно отколку преку пораки, а и ако и тој чувствува нешто кон тебе секако ќе можеш да увидиш од разговорот. Ако не секако си останувате приијатели. А и непријатноста од порките кои си ги пратила ќе се надмине само со разговор во живо
Многу е глупаво ова тука што ќе го напишам Во долга врска сум веќе една година кај и да е ќе напраиме..Цело време до сега дечко ми се бакнува без јазик мене тоа на почетокот не ми беше проблем сега ми станува...Му имам кажено не му било убаво така не бил навикнат,а мене со јазик ми е па стопати поубаво какво лапање е ова без јазик па не сме малии малите деца веќе со јазик се бакнуват никако не се менува се си тера по негово а јас сакам убаво да ми е секој ден му зборувам,една минута само ќе пушти и толку...како да го навикнам со јазик
E ова е проблем, сериозно. Пази, долга врска од една година. Врска од 5 години е... предолга? Една минута ќе пушти јазик и толку.
Мора да ги почитуваш и желбите на останатите. Ете, тебе ти е убаво но него не. Можеби и тој прави некоја одстапка по однос на друго прашање само за ти да бидеш задоволна. Не се оптеретувајте со се и сешто, барате проблем и онаму каде што го нема.
Ако ме прашуваш мене не си отишла предалеку, затоа што постои веројатност и ти на него да му се допаѓаш како нешто повеќе од другарка штом веднаш не ти кажал дека е спротивно од тоа. Сигурно сфатил што си сакала да му кажеш со таквите пораки па штом не ти дадол до знаење дека не му се допаѓаш тогаш може и да чувствува нешто кон тебе Ретки се девојките кои денес искажуваат искрено што чувствуваат, но за некои личности вреди. Па јас би ти рекла да не се откажеш од допишување и средби со него, ако сметаш дека вреди и е посебен како личност
Дај луѓе не зафркавајте какво бакнување е тоа без јазик. Во врска една година, а не се имаат залапано. И ко ќе водите љубов на блиц те бакнува па ја трга главата? Какви одстапки прави за да биди задоволна? Пријателски демек ај ќе ти вршам услуги али не ме бакнувај. Неможам да замислам.OCD да не има? Единствена логика !
Ова со една минута да не згреши една секунда? Да не се гуши јадниот купи му китке чанке Земи здив земи Китке Чанке Дај му чаша со вода и фрли му една мастика нека ја брка со јазикот како кутре, да не се удави пази Е после ова со чашава ќе ни пишеш што му е на овој многу се разлапа како куче е со тоа јазикот
Во тој случај остави го некое време не му пишувај, можеби му треба време да размисли и да биде сигурен во тоа што чувствува кон тебе. Потоа пробај повторно да започнеш разговор и ако повторно се однесува на истиот начин тогаш веројатно сака само пријателство. Се надевам дека нема да остане само на пријателство. Среќно
Направив една гоема грешка.....морам да поразговарам со некого оти ќе се збудалам...Во солзи сум, ве молам помагајте. Нека ми пише некој