Па остави го нека излегува. Како што излегува тој, така и ти го прави тоа, но не само кога ќе се скарате. Што ќе биде ако еден-два виќенда излезете ти со другарките тој со другарите? Не мора постојано да бидете заедно па и да излегувате заедно. Ако ти рекол дека сака да шета, нека шета. Ако му забрануваш така само ќе го отргнуваш од себе.
^^ А зошто таа е уште со него? Едно е решението на проблемов. Клоца во газ и ајде пријатно! Кога разговорот не помага, следно е тоа. Лошо би било ако и таа почне како него, лошо би било за неа. Не сум конзервативна, ама така е на Балканот за жал. Сите ние, жените, се трудиме да се изедначиме со мажите ама кога ќе видиш на крај, тоа што тој е секој викенд со различно женско друштво, за него е плус (пред другарите и околината), тој тогаш е опасен фраер, најјак од сите (како да не!-само така си мислат мажите). А, за неа тоа би било исто толку голем минус. Единствен начин, (да го за*бе и да му направи услуга воедно) е да му раскинe, да не се замара со него...па тоа се нервози бе! Секој викенд да чекап нешто ново, лошо, да слушниш за дечко ти. Тоа е мое мислење. Јас не би поднела така, секој викенд. Нека излегува дечкото, слободно, но тоа што го прави е претерано значи!
Проблемот беше околу неговите излегувања за викенд, каде секогаш беше со другари, но со разни женски друштва (се запознавале навечер). Отпосле (последниот викенд) го фати со друга девојка. Поточно излегоа две другарки кои шпионираа.
^^ Дека тој ќе излезе со друга било и повеќе од очигледно, пошто секој викенд со ралично, женско друштво, па носи ја дома, па Фб, па ова-она, само ние жените сме такви и несакаме да го прифатиме тоа. Сигурно, се нашла некоја од нив, што сакала нешто повеќе со него, а верувај него, тоа и му била целта, да заведе некоја, ако не за нешто повеќе-доволно за една вечер. И што направи другарка ти после тоа викендов?
Другарките ја обавестија истата вечер. Таа му ѕвонела на мобилен, ама тој не кревал. Другото утро го направила партал по телефон и му раскина по телефон, му кажала дека не сака повеќе да го види. Но, тој одрекувал, велел дека конкретната женска особа му била стара познајничка, дека ништо немал направено. Потоа ја обвинил дека повеќе им верува на другарките (шпионите) отколку нему. Очекуван изговор, не? На еден од неговите другари во муабет му споменавме дека го фативме што прави другар му. Тој ништо не потврди, ниту одрекна, ама многу му беше незгодно, не знаеше што да рече...очигледно ја потврди работата. Поминаа неколку дена, тој уште ја бара на мобилен, ја обвинува дека го обвинува без повод...итн. Другарката е упорна дека нема да му се смири. И искрено не верувам дека ќе му се смири, премногу е повредена и разочарана од него.
Girl мислам дека проблемот се состои во неговиот карактер. Односно тоа шо он дозволил да подпадне под влијание на неговите сингл другари . Намерно или ненамерно We don't know. but the point is ... Дека тој живот му е позабавен одколку врзаниот. Дечково ке се смени доколку и другите негови другари се стаат у статус врска тогаш и он ке си ги смири хормоните... Док има сингл другари ваков ке остане. Што се однесува до девојчето, жал ми е ама залудно потрошено време. Нека се смири и нека си остане на ставот. Доста живци губење за некој со тинејџерски памет . Има момци и момци кои знаат како да се однесуваат у врска , и како да си ја почитуваат партнерката.
Во право си, тој е многу под влијание на неговите другари, кои сакаат да се во шема, па и тој со нив се однесува така. Т.е. се работи за слаб карактер. Иначе не е тинејџер, на жалост има околу 30 тина години. Како личност е многу добар, сите имаа само пофални зборови за него, ама ете навечер си го правел меракот. А, за другаркава ми е посебно криво, што бидува изневерена, затоа што е најдобрата, најкротката меѓу сите нас, а доби вакво нешто....
тинејџер ми беше за неговиот памет. Секако дека не ни помислив дека е тинејџер, само сакав да кажам дека има тинејџерски мозок . А за годините 30 Оххх неее свака му част. Најубаво нека си заврти грб другарка ти и нека си почне по свој пат да си тера. Он нека го. А тоа е чоек , мислам на сите може да ни се деси тоа. Можеби и баш затоа што ете си имала таков кроток карактер па ете овој си зел за право. Сепак за машко си треба од наша страна зуби и рокчињата да си ги покажеме. Иначе тешко нас ке биде работава.
Не е битно колку години има, се‘ додека има сингл другари и тој ќе се однесува ама баш исто како нив. Таква се машките, скоро сите. Можеби не 100% женски туку солидни 90% го имаат баш тој проблем, ама сигурно не до толку како дечкото на другарка ти. Па тоа е претерано и јас лично не би го трпела.
Мојов не оди никаде без мене До некаде љубоморна сум и не го пуштам...Но и нема кога да го пуштам кога сите викенди е со мене,останатите денови преку ден ги поминуваме заедно,и ич не се сомневам во него..Знам не треба да се верува многу,ама јас сепак му верувам,оти ако не веруваш па до некаде и со то не бидува врска..Еднаш му имам речено зошто не излегува без мене и ми рече..’’Досадно ми е без тебе,зошто да шетам со другари кога си имам женска ’’
Блазе си ти...Мојот во последно време зема да се шета стално со другарите.Денеска ептен ме изнервира .Не сме се виделе две недели,минатиот викенд ме извиси за другари,денеска пак ме извисе се договорил со нив за вечер,а на мене ми вика ај на кафе или кај него дома ,сам бил,ако не да сум си седела дома .Поради него се оддалечив од сите другарки,а тој така ми враќа.Ма и никој да не ме викне ако треба дома ќе седам сама,ама не му попуштам.Што мислите вие за ова?Едноставно сакам да ми кажете како би реагирале вие
Е ја разбирам и љубов и сакање и љубомора... Ама да те одалечи од другарките бе? И он ти е крив за тоа? Јави им се на другарките под итно и искочи си со нив. Зашто да седиш дома, од инат?
Hermosa зошто дозволуваш да се запоставува,дај излези шетај забавувај се а тој шо сака нека прај ич к*р да не те боли Идиот -.-
А зошто би седела дома? Ќе си се договориш со другарките, ќе се дотераш и фино лепо ќе излезеш. Нема да го манијачиш телефонот, ќе гледаш да си поминеш убаво првенствено за себе. Не му ѕвони, не го барај, пушти го раат... сам ќе си дојде, како некое кутре. До остатокот - јас не знам што толку напнувате. Не ви е мило дечкото да си има свое друштво, а вие свое и секој во неделата по еднаш да си излезе сам со своите? Немате потреба од некаков друг муабет, освен тој со дечко ви? И кога ќе слушнам коментар - ама јас со мојот дечко си споделувам се', се' може да си кажеме... Стварно? Се советувате дури и за тривијални работи, како тампони, фризури и шминкерај? Мене дечко ми да ми се фиксира како некоја таксена марка и нон стоп да е со мене, и секогаш да ме бира мене пред машко друштво, ќе помислам дека сериозно нешто не е во ред со него. И општо, не ги сакам тие луѓе што се лепат само до една особа и забораваат на остатокот од светот. Не ми е за верување човек што си нема свое друштво. Убаво е да се има дечко, но не си ги заборавајте пријателите. Животот е предолг да се помине само со една единствена особа до себе.
мојов (дури и јас понекогаш му викам излези со друштво, уживај, а тој ми вели што ако бендисам некоја инаку мислам дека не излегува со другари( а до доцна работи, кога се врака е после полнок, душишка преморен е, само 2 дена е слободен и тоа време ми го посветува мене) а јас најнормално се дружам и излегувам со другарки, присутна на активности сум-знае за тоа и не прави проблем
Дечко ми е човек што не сака да поминува многу време со други луѓе, ниту пак да шири нови познанства. Мене тоа ме живцира. Јас буквално го молам да излезе преку неделата, за викенд. По ѓаволите што ќе прави дома? И така сме разделени, во различни градови нека излегува таму, нека се дружи. Од една страна го разбирам на неговите другари им е најбитно да се начукаат и да фатат колку можат повеќе девојки за задник,а ако евентуално допрат и до града скокаат до небо. Но, тоа не значи дека мора целосно да ги избегнува. Ако ништо друго кога има фудбал нека иде да гледа со нив. Јас не ве разбирам вас што им забранувате. Па и на нив колку и да им е убаво со вас, убаво ќе им биде и пред и по излегување. Па девојки ако сакате и вие слободно да излегувате со другарки, пуштете ги и нив. Зарем вие не сакате слободно да шетате со другарките? Како што вие ги губите другарките заради нив и после останувате сами, така и они можат да ги изгубат другарите.
Значи док студирав Ск, еден период седев со сега мој бивши. Ама ја стварно неможев да поднесам 24 заедно да сме. Мислам уше на самиот почеток од таа врска ја и он си разграничивме, колку време за нас двајца, толку и за нас сами и за другари и другарки. Ја неможам да си дозволам на мој партнер да му забранам да излегува. па шо е он ? Кутре ??? Па утре маж да имам и 24h дома да ми е ??? Па ке збеснам бре, ке го истерам од дома само да не го глеам 24/7 како ми се вртка околу мене. ја не ги сфаќам тие девојки како не им дозволуваат на момците да излегуваат. Уште љубоморни бе ?? И шо поголема сигурност ако дома седат ? Па ако сакаат да ве изневерат ке појдат до продавница и ке ве изневерат ако се имал договорено, али дома е сепак... Луѓе дајте си слобода и на вас самите и на тие ваши партнери. па луѓе сме. После ке има муабети еве го две недели со другари е а порано нон стоп заедно. Епа ете зашто цели две недели со другари. Ете .
Проблемот е што немам толку блиски другарки,едната е омажена со детенце и ретко ја гледам,со другата се скарав за лични причини,и се околу мене има завидливи женски особи.И цимерката моја е мажена и немам на кој толку да се потпрам за викенд .И не му забранувам да си излезе со другари,туку начинот на кој ми го кажа,се договара зад мој грб,минатиот викенд во саботата ме извисе не му било добро,ми обеќа кафе во неделата а си излезе со другарите,јас отидов до комшивката ,па на мене се налути после .Незнам шо му е,па одогора денес и ми спушти слушалка со тие зборови ти седи си дома,јас со другарите ќе се собирам.Е затоа пак јас после не му дигнав кога ми се јави .Фала ви на сите кои ми пишавте,фала од се срце на советите
кај мене е малце поспецифицно кога излегуваме.. другарот од мојот дечко ми се пушта и др ред работи и нна тоа мојот дечко збесвити после 1 неделза зборуваме за тоа иииии секогаш јас сум крива (мислам секогаш е таков кога јас сум во негова близина.. мн чудно ми е сите другари имаат женски а тој само по мене трча... а и незгодно ми е од неговата женска,,, ( девојчето е супер ) ама детето мн пие и не знае шо прави п.с и кога не е го имам забележано таков е спрема мене.... ДАЈТЕ СОВЕТ ШТО ДА ПРЕВЗЕМАМ ????