1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовно писмо...

Дискусија во 'Врски' започната од Viiiiip, 14 јуни 2010.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Вака... Со дечко ми правиме утре година и сакам покрај се друго да му напишам и убаво љубовно писмо... Да му кажам колку го сакам, колку ми го прави животот поубав и дека неможам да живеам без него... Ама некако немам инспирација...

    Па ако сте пишувале писмо... напишете го, да добијам инспирација да напишам... :D
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    да, му имам пишувано така писма и со повод и без повод :)
    ама тоа треба само од себе да ти дојде, да го напишеш сето она што го чувствуваш :!:
    отвори на нет на гугл, напиши љубовни писма ако веќе ни на крај памет не ти текнува, и ќе ти даде милион информации :)
    а уствари нели ти требаше за оваа вечер? :^) напишааа? :D
    на крај го прашав главното, не ми се верува :D
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Знам дека ме мразиш.. и имаш право
    Без оглед на се претпоставувам тука е крајот.. Она што е најважно е тоа што јас сум одговорна и на некој начин виновна и грешката ке ја најдам во себеси. Беше момент на слабост признавам(што не е никакво оправдување,знам)
    -Го гледам секој дел од мојата игра, и не е фер кон тебе! Тонев и потонав полека но сигурно го допрев дното..
    А сега знаеш се! Дали сеуште мислиш дека мојата љубов беше детска, минлива или вистинска? Во мене ништо не беше променето, иако бев со друг тоа беше само потреба да ги потполнам работите што ми беа потребни а не ги имав кај тебе и барем еден момент да бидам сакана.

    Иако потсвесно уште се надевам, знам надеж нема. Знам дека и јас ке завршам како и сите други што го прават ова како мене. Знам дека тоа ке се случи, затоа и го пишувам ова писмо за еден ден да го прочиташ и да се сетиш на мене, можеби не на глас но во себе да си признаеш навистина ме сакаше!!

    Но животот за мене бил секогаш суров, ке биде и понатаму. Ке сватиш дека јас не сум таа што се представувам пред тебе, ке сватиш колку голема болка кријам зад оваа насмевка и колку сум ранлива!!
     
    На Adi888 и Bok им се допаѓа ова.
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Мило ми е што бев силна пред тебе, што не се препуштив на моите чуства, а толку многу сакав барем уште еднаш да те видам... :worried:
    НО! На крајот се покажа дека едноставно сакаше да видиш дали сеуште сум ти на располагање за зафркавање... И штом ти се врати претходната играчка, се правеше фраер и се изгуби од мојот живот...
    Сега би требало да се вратиш штом ќе и раскинеш на претходната играчка, или ако не ти иде со потенцијалната...
    Брее... жал ми е само што залудно сета таа љубов... :Down:
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба да примаш информации од туѓи љубовни писменца кои биле напишани како што им вели нивното срцето.
    Едноставно земи си пенкалце и ливче, престани да размислуваш за се друго на светов и нека те поведат емоциите. Прво напиши како се чувствуваш, што сакаш на него, некоја случка и слично а потоа среди го во целина.
    Верувај дека на крај ќе се изненадиш и ќе сфатиш дека било премногу лесно. :!: :*
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Kе му писам писмо имам санса д. Mу го пратам преку меговите родители. Oн е в. Iталија и они ке идет на 2 недели тука али он не :( I сега сакам да му пратам писмо внатре ке написам она сто се караме она сто го сакам и она сто ретко му г. Kазувам. E сега незнам како да поцнам. ??? Pрвин се ке написам на еден лист па се ке поклопам како д. Dојде и потоа Nа листот сто ке му писам ке го написам она најдобро сто ке биде. Sето она сто ке ми лези н. Sрце. Aли незнам како д. Pоцнам?? Sовет
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    До сега му имам напишано 2 љубовни писма,онака од што сакам,и без никаква причина,само за да му покажам малку повеќе љубов :) Интересно е :)
    Утре си очекувам негово писмо,ми вети дека ќе ми напише!Ах ќе падни смеење :lol:
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Неколку пати сум се обидела да му напишам писмо.
    Сум се мислела што да напишам, сум чкртала и сум препишувала одново. Но незнам зошто, секогаш на крајот завршуваа во корпа за ѓубре.
    Сум пишувала се што ми лежи на срце, но ете... Не сум имала храброст да му го дадам.

    Ти во секој случај не треба од форум да црпиш инспирација. Напиши му го тоа што ТИ го мислиш и чувствуваш. Секакви примери од тука би ти биле излишни.
     
  9. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Еве една книга.:)
    Четири љубовни писма-Најл Вилијамс
    Хммм, не знам дали би Ви препорачала да ја купите четири љубовни писма, но доколку ја имате дома секако дека треба да ја прочитате. Јас ја читав во етапи оваа книга. Некако се добива чувство дека читаш повеќе различни книги истовремено. Педесет страни се раскажува за еден дел, потоа педесет страни за друг, па повторно триесет за првиот, четириесет за вториот и така низ целата книга.
    Во почетокот ми беше некако досадна и како да е без поента па затоа неколку пати ја земав и оставав ама кога дојдов до последните 100 страни ја сфатив целата идеја на раскажувањето во делови.
    Во последните страни, станува јасно како ден...
    На крајот приказната се спојува бидејќи низ книгата се зборува (потенцирам дека ова не е тајна која ја откривам туку го пишува на самата корица) за две судбини кои се движат една кон друга и колку многу работи им се случуваат во текот на животот за на крај тие да се спојат. Доколку макар една работа не би се случила така во нивните животи тогаш тие никогаш не би се сретнале. Од ситни и незначајни нешта до големи семејни трагедии, милион ситници и поголеми животни настани ги водат овие две судбини една кон друга.
    На моменти досадни сите помалку важни настани кои се детално опишани во оваа книга, но сфаќаме дека секој од нив е опишан и опфатен со причина, секој од нив е подеднакво важен за крајот на книгата...
    Ова е љубовна приказна за оние кои веруваат во судбина.
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    аааа писав...написав се она сто ми лези на срце
    и испадна убаво....
    иако секогас сум била да не се исказува се на маско,се слуци...
     
    На LudaJakimovska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lost...Hero

    Lost...Hero Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    што сакав да ти кажам ...

    Здраво девојки, извинете што пишувам на ваш сајт, но морам некои нешта да и кажам на личноста која ми значи најмногу на цел свет, личноста која ја сакам и за која се надевам дека ќе го прочита ова и дека ќе се пронајде во овие мои зборови.


    Здраво сонце
    (малку е подолг текстов но читај до крај) :)
    Знај дека јас секогаш и за се ќе бидам тука за тебе. Јас ќе те чекам. ЈАС ТЕ САКАМ
    Прости што пак ти пишувам и покрај тоа што кажав дека нема да ти досадувам повеќе.
    Иако кажав дека ќе бидам ОК, сепак те излажав, не е ОК. Го пишувам ова со солзи во очите и болка во срцето, но едноставно морав на некој начин да ги искажам сите оние нешта кои ненамерно ги заборавам кога сум во твоја близина.
    Што сакам да ти кажам ...
    Зборувам, т.е. пишувам од се срце и мислам дека никогаш не сум бил поискрен од тоа како што сум сега во овој момент, не сум бил вака искрен ниту со себе, ниту со некој друг. Пред неколку денови кога ти кажав дека ќе бидам добро и ке се снајдам некако, не можев ни најмалку да претпоставам дека ќе бидам во толкава заблуда. Неколку денови без да го слушнам твојот глас, неколку ноќи поминати без да ти посакам "добра ноќ", денови поминати во агонија, тага и со лажна насмевка на лице, секој пат кога некој ќе ме праша дали сум добро.
    Денови во кои се чувствувам осамено како никогаш до сега во мојот живот. Денови во кои ја изгубив потребата за јадење и пиење, ја изгубив потребата за сон. Денови во кои проклето многу, само ти си ми потребна. Не знам од кои причини, но најверојатно се лажев самиот себе дека не ми значиш толку многу, дека ќе можам да не мислам на тебе секој пат кога ќе легнам да спијам, дека ти нема да бидеш првото нешто на кое ќе помислам кога ќе ги отворам очите наутро и дека сепак ќе можам да слушнам некоја љубовна песна која нема да ме потсети на тебе.
    Го пишувам се ова, но сепак не знам дали некогаш овие зборови ќе бидат пред тебе и дали некогаш воопшто ќе го читаш ова.
    Сепак доколку го читаш, тогаш сакам да знаеш дека најмногу жалам што никогаш не ти ги кажав оние нешта кои би сакам да ти ги кажам држејќи ја твојата рака, гледајчи те во очи и зборувајќи од се срце.
    Доколку би имал повторно можност за такво нешто, тогаш би ти кажал дека во овој момент не знам и не сакам да живеам без тебе, би ти кажал и тоа дека навистина не знам и не можам да најдам начин да не мислам на тебе, да најдам начин и причина за да му се радувам на животот како и претходно... и на крај би ти кажал дека ТЕ САКАМ <3 .
    Можеби ништо повеќе нема да биде исто, но сепак ги имам спомените, сите оние мои најсреќни мигови поминати со тебе, миговите кога ќе купев цвеќе и го носев со мене цел ден, и сите гледаа во мене, а јас одев онака горд со цвеќе во рака кое беше наменето за тебе најмила моја.
    Можеби не поминавме многу време заедно, но сепак во моето срце и меморија ќе останат врежани сите оние заеднички моменти, како едни од најубавите во мојот живот.
    Особено ќе се сеќавам на начинот кога Нама на 12.02.12, блиску до уво ми ја пееше "I Will Always Love You" и еве во овој момент уште можам да го слушнам твојот глас пеејќи го рефренот.
    Исто така во овој момент, со еден мал дел од моето срце посакувам и ти да ја чувствуваш барем малку оваа моја болка, и исто така и од твоите очи да капнат две три солзи, како што капнаа кај мене, првпат после десетина години и првпат за љубов и од љубов. Сепак поголемиот дел од моето срце сака да си среќна и никогаш да не бидеш во ваква состојба како што сум јас сега, тоа беше и ќе остане моја мисија - ти да бидеш најсреќна!
    А сега се прашувам .... зошто се заљубив во тебе?
    Јас не се заљубив во тебе поради тоа што си прекрасна личност, секогаш насмеана со најубавата насмевка на лице и со способност веднаш и мене да ме насмееш. Не се заљубив ни поради тоа што си преубава и неодолива, што си онака баш своја и несекојдневна, поразлична од сите кои ги знам.
    Најголемите причини поради кои се наоѓаш во моето срце се оние "мали нешта" кои додека ти ги кажуваше јас се чувствував како да раскажуваш делови од мојот живот. Како на пример кога си крадела од чоколадата на брат ти, исто како што јас ја крадев чоколадата на сестра ми. Оние случајности како на пр. скршеното лево рамо и на двајцата, истите омлени песни, омилената "Love Songs" на Аntenna5, која беше и најголемата причина да се запознаеме. Моментите кога ќе го земев во рака мобилниот да ти се јавам или пишам, тогаш во тој момент ти ми се јавуваш, а исто да не го заборавам крадењето на сувото грозје уште пред да биде готова тортата :D
    Сите овие нешта не ги сметав за случајност, туку за мене повеќе беа како знак од Бог дека можеби конечно и јас ќе ја пронајдам онаа сродна душа, кога сите ја бараат во текот на животот.
    Кога влезе во мојот живот брзо ги исполни сите празнини во моето срце, а сега кога сме во точка каде најверојатно патиштата ни се разминуваат, веќе нема празнини во срцето, бидејќи со тебе исто како и тоа да ме напушта.
    Овие поминати денови чувствувам страв секогаш кога ќе останам сам, секогаш кога ќе помислам на утре, на иднина без тебе. Чувствувам страв секое утро кога помислам на тебе и кога ќе сватам дека треба да преживеам уште еден ден без да го слушнам твојот глас, без да можам да те прегрнам и бакнам, без да знам како си и каде си, без да знам дали барем малку мислиш на мене ... а најтешко се чувствувам пред да заспијам.
    Тогаш доцна во ноќта ги гризам усните како што ти тоа го правеше, ти тријам очите само да не пуштат солза. Така после два-три часа мислејќи на тебе ќе заспијам и тогаш ќе ми дојдеш во сон и пак таму да бидеш со мене, се будам и тогаш пак почнува се исто да се повторува и да се повторува ... и се така неколку денови
    ТЕ САКАМ нарцисче мое
     
    На cresa-jagoda, Angel.girl и female.3 им се допаѓа ова.
  12. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    што сакав да ти кажам ...

    ПРЕУБАВО... имам пишувано нешто слично за мојот бивши према кој се уште нешто чувствувам... но ништо не е како порано, тој се промени и јас се променив, се се промени.. помина многу време... верувам дека таа девојка секогаш ке биде некој дел од тебе.. дури и да избледат чувствата кои ги имаш кон неа таа секогаш ке постои некој мал дел од тебе кој ке биде само за неа. Срекно и без нервози.. времето ке покаже :)
     
    На Lost...Hero му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    што сакав да ти кажам ...

    Не пишувај го ова овде, ние да го читаме. Дај и го нејзе, прати и писмо со овој текст. Верувај ми многу ќе и значи. Можеби и ќе промени нешто во неа, ќе ти се врати :) Незнам која е причината што сте се скарале.
    Ти посакувам многу среќа :)
     
    На cresa-jagoda и Lost...Hero им се допаѓа ова.
  14. Lost...Hero

    Lost...Hero Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    девојки фала за поддршката :) ... јас сеуште не сакам и не се откажувам од неа.
    @bumbuleya ... така и планирав, го имам напишано ова на хартија и ќе и го дадам, само многу тешко би било тоа ... не знам кога пак ќе ја видам... јас сум во Ск на студии а таа е од друг град.
    А причината за која сме се скарале? Бевме другари и ќе си останавме другари (барем така кажавме)
    Воопшто не сме се ни скарале... т.е ние никогаш се немавме она баш скарано (некои мали недоразбирања кои веднаш биле решавани) ... И јас не ја знам причината, таа најпрво почна малку да се оддалечува и да не ми враќа на пораки, и потоа само ми кажа дека едноставно не иде. Барав да се видеме и во лице да ми ја каже точната причина, а таа кажа дека некој друг пат ќе го стори тоа кога ќе најде соодветни зборови, бидејќи не сакала да ме навреди.? и не знам што да направам :/
    Инаку се слушаме поретко сега (еднаш во 2-3 дена) ... само колку да ја прашам како е таа кога би можеле да се видиме, а таа повторно одолговлекува и не знам ... Ваш совет ?? фала уште еднаш :)
     
  15. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    дај и го писмото кога ке можеш, подобро што порано да го направиш тоа ... после тоа мое мислење е да почекаш на нејзината реакција, и мој совет е да бидеш упорен но не премногу нападен во некои работи.. После писмото однесувај се убаво, обракај и внимание итн ако си и кажал дека ја сакаш немој тоа да и го повторуваш често затоа што сепак вие не сте во врска туку се дружите... чекај на нејзината реакција сигурна сум дека сам ке препознаеш дали таа ке биде позитивна или негативна. СРЕЌНО! :)
     
  16. Lost...Hero

    Lost...Hero Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Изчезнувањата секогаш почнуваат со исто име. Се сопнувам на првата буква и последната ми предизвикува застој во дишењето. Еден цел живот за исто исчезнување. Немам нареден чвор за гужвање во грлото. Љубовници кои никогаш не биле тоа и кои си заминуваат. Ми недостига времето во кое луѓето пишувале писма. Си недостигам себе си понекогаш, а понекогаш му тежам на денот и затоа ноќта не стига на време. Моите тежини се предусловени да постојат само ако решам дека ти си некаде тука. Тогаш денот нема смисла, а еден поминат час со твојата насмевка и поглед кој се крие, тој еден час почнува да трае со векови чекање. Секогаш вистински одговор и ненамерно поставено прашање. Умор. Болка зад очите. Често се случува да помислам дека никогаш не си постоела никаде на друго место освен во моите ментални забелешки и дека токму од тие ментални забелешки сум полудел и си се родила ти. Моето лудило. Сите со своето, јас со тебе. Затоа денес мора да сум разумен. За себе. Љубовниците кои не биле љубов не можат да болат по цело тело. Мене престана да ме боли постоењето. Отрпнав, исто како време после време. Не оди сакање во прво лице. Не оди ни во лоша множина.
    Денес те нарекувам привид. Нека остане така. Во оваа лага мене ќе ми биде полесно. Не за тебе. За прв пат не за тебе. Денес е само за мене. И за сите други кои можат да бидат. Но не да бидат ти. Никогаш да не бидат ти.
    Не можам да лажам. Мене ме боли сето време кое постои и кое ќе постои. Сето време, твоето лице, твоето тело, сè што си допрела, сè што ќе допреш, сè што нема да видам. Ме боли. До солзи. До коска. До крв. Толку ме боли што ми треба ново име за болката. Кога сите ме гледаат се смеам и го оправдувам своето убаво лице. Кога нема никој легнувам во празен кревет и ја слушам тишината, молејќи за буква од твојот глас, да се закачи некаде во моето уво и никогаш да не излезе од него, да зуи додека ме има. А ќе ме има се додека те има. Ужасно патетичен маж. Недолично.
    Вечерва ќе ги облечам најубавите чевли. Ќе ставам црна вратоврска и ќе ставам од твојот парфем. Ќе ја кренам главата високо, гордоста некаде под брадата. Во твоето име. Во грлото. Ќе ги прошетам сите улици од овој град. Сосема полека во студот и во мракот. Сосема полека. Можеби ќе потпевнувам. Можеби ќе се опијам. Можеби ќе те мислам повеќе од вообичаеното – ќе ја поделам секундата и ќе го надминувам времето во брзината на изговарање на твоето име. Ќе те препозанавам во сите убави жени кои треба да дојдат, дури и во оние кои никогаш нема да дојдат. Ти нема никогаш да знаеш колку му требаш на моето недостигање и на празнината во мојата љубов. Нема никогаш. Но, тоа е за добро. Твојата среќа која ја предизвикува мојата патетика секогаш ќе се брои за насмевка повеќе од мојата несреќа. Мојата насмевка за тебе.
    Да беше времето на наша страна, можеби ќе бевме и ние еден со друг на заедничката. Вака има само име за заборавање. Има и цел свет зад тоа име. Јас не можам да го заборавам сето она мое за тебе. Нема да можам. Премногу е. Отсекогаш било. И тоа е најдобрата работа која ми се случила. После неа ќе има само ситни нешта. Ќе има и кажувања. Сите песни кои биле. Сите кои не си ги разбрала. Сите кои треба да бидат. Сето. Сето. Толку многу сето што ти нема никогаш да знаеш.
    Станувам опседнат со маани. Во секое лице барам по маана вишок за да не го гледам. Во мене нешто пука на твоето име. Секој пат, во главата. Не можам да го извадам. Можеби сето тоа беше само чиста опседнатост со формата и духот, можеби внатре никогаш немаше љубов. Кој да знае. Луѓето се често фанатични. Мојот фанатизам останува во твојот непознат здив. Претпоставувам, љубов.
    Цел живот живеев во различни простори и со различни луѓе и после секоја љубов доаѓав кон твоето лице. Сето останато беше неважно за спомнување и смешно за раскажување. А ти ги кажував луѓето – ти велеше дека ќе поминат, а јас во истиот миг знаев дека веќе прошле. Беше ти. Со своите зборови и своите приказни, со својот свет од кој се подзинува, со сопствената волја за големи, огромни нешта. Ќе бидат твои. Сите тие. Тоа го знам, исто како што знам дека нема да ги гледам како ти се слеваат по животот. Се разидуваме. Овој пат засекогаш. Не го сакам тој збор и не верувам во засекогаш. Може да постои само за оние кои умреле, но и тие останале засекогаш во нас. Така ќе е со тебе и за мене. Засекогаш. Моето засекогаш кое нема да знаеш дека тежи колку сите засекогаш кои си ги рекла. Моето е вселенско. Ние пишувачите имаме големи засекогаш за пишување. Јас со своето не застанувам тука. Не знам како се застанува со засекогаш.
    Во ова писмо кое ми недостигаше цел живот ги ставам врвките од чевлите од твоите неродени деца. Ти ги врзуваш за прв пат. Некој маж со недефинирана гримаса го одобрува твоето сè. Го одобруваш и ти неговото. Во оваа приказна носам огромни очила за сонце и сум на некој друг крај од светот, ги бркам своите сништа. Ти секогаш велеше дека треба да отидам, дека овој свет овде не е за мене. Затоа го претпоставувам своето замнување, исто како што ја претпоставувам твојата среќна иднина со некого некаде. Некаде блиску, иако твоите сни, како и твоите очи гледаа еден друг свет.
    Ќе заглавиме со своето, мила.
    Нека биде за добро.
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Имам пишувано, не писма, поезии бре. Тоа за бившиот (а не заслужуваше, ама заљубеност глупава).
    Најубаво е да си отворите некоја книга, роман, поезија, не е битно, со убав јазик напишана, со метафори, компарации, да си соберете еден тон зборови убави и да си напишете што ви лежи на душа, ама ете, со поинакви зборови. Кога ќе напишете -неможам без тебе- со зборови во стил на -вечни се отчукувањата на часовников, кој како да ги мери ударите на моето срце, како тежнее по тебе секоја секунда...-ќе видите која друга реакција се создава кај човек :) Секој може да каже те сакам, ама начинот е битен
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Brave.Girl

    Brave.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Дај кажите некое убаво за секашните доста само бивши :D :D ..
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    "Нејзиното единствено љубовно писмо"

    Со овие очи и со сета старост во нив. Со сета болка. Со сета радост. Со сето она кое било пред нив и кое се скрило од нив. Со овие очи. Со тајните во нив. Со премолченостите и со бучноста. Со овие очи, знаеш. Со нив те плачев. Со нив те гледав. Со нив те љубев. Со нив ти верував. И во нив нема ништо сега. Всушност, има знаеш. Има време кое оставило лузни. Има други љубови кои никогаш не биле тоа. Спакувани куфери, отворени па затворени, некаде повторно отворени и повторно затворени, полни со ново големо ништо. Со ништо. Ти ми ја зеде радоста. Немам ни солзи веќе во нив. Немам што да кажам во некоја нова солза. Немам солзи. Немам нови моменти. Ги затворив своите очи во потполн мрак и не гледам ништо сега. Во мракот минуваат само оние работи кои се случиле. Нема нови настани, затоа што нема нови луѓе. Ти ми беше сите луѓе кои ми беа и сега нема што да ми биде. Знаеш, имаше толку многу. Толку проклето многу. Во овие очи кои те љубат и покрај сé имаше живот. Среќни мигови кои се случуваа. Среќни мигови кои требаше да се случат. Места, пријатели, изгрејсонца, денови, зајдисонца, ноќи. Некои нови утра некаде. Толку многу. И сега се празни. Нема ниедна поголема празнотија од празни очи во кои го имало сиот свет. И сега го нема. Толку многу го нема што дури и нема што да ме боли. Навикнав на сето болење. Толку многу навикнав што дури и ми беше чудно кога нешто не ме болеше. А душата? Тука умирав. И мислев дека нема што веќе да умре. Мислев дека сé во неа е мртво. Дека нема ниту еден грам светлина. Ми недостигаше секоја музика која некаде била. Ми недостигаше бидењето на сопственото срце. Не го слушав. Знаеш што се случува кога не можеш да си го чуеш срцето? Знаеш ли? Клекнуваш на колена, ја корнеш косата и вриштиш. Ги зариваш ноктите во сопственото месо и гледаш дека во крвта која тече нема ништо друго освен промашеност. Целосна промашеност. И ми се мешаат прамените коса со крвта. И во таа нијанса си го гледам срцето како ми чука. Не го слушам. Го гледам. Знаеш што е тоа? Тоа е ѕверка која паднала во најлошата стапица и која се бори да преживее. А животот заминал и нема кого да чека. Си го гледам чукањето на срцето и се молам да престане да чука. И не престанува. Се засилува. Мислам дека ќе експлодирам. Толку сум сама што нема кој да ме собере од ѕдиовите ако пукнам. Душата ќе ми се заплетка во малтерот и тоа ќе остане така. Душа на ѕид. Како да е некаква слика.
    Нема. Знаеш, нема. Ќе си го соберам срцето од подот. Треба да ми чука во градите. Треба некој да спие на нив. А нема кој. Да се најде? Каде да најдам некој кога јас се немам ниту себе си денес? Кој ќе ме чека? Кој ќе ми ја сака несреќата во овие празни, толку многу празни очи?
    Беа многу градови. Многу луѓе. Учев како се негува лицето. Знаеш, на крајот од денот човек секогаш легнува сам. Може да спие со некого, но легнува сам. И тогаш, во сонот излегува она лице кое треба да биде единствено цел живот. Јас го сакатев моето со сите работи кои ги имав и кои никогаш ги немав. Сега сфаќам дека секој има само една желба: лицето да му биде сакато од насмевки. А види. Погледни! По ѓаволите, погледни! Нема овде ниедна насмевка. Има старост која требаше да биде среќна младост. Имам премногу несреќи во овие бори. И знаеш што има друго? Знаеш? Има храброст. Има желба. Имам потреба да се смеам. Да бидам овде и да се смеам. Колку што ме држи гласот. Колку што ме држат нозете.
    Да се смеам? Заради себе ги изгубив насмевките. Никој никаде не ми е виновен за тоа. Виновна сум што сум и што не станав нешто друго. Што го изгубив своето време. Не. Не го изгубив. Го потрошив погрешно. Имав други сонови, знаеш. Други желби. Имав. Сакав да бидам некаде, сакав да бидам со тебе и тоа да трае. Сакав да се будам наутро и да се насмевнувам за некои обични работи, за заспаноста на твоето лице, за грчевитото смеење во сонот. За некои работи кои ми се смешни само мене и тоа само затоа што се твои работи. Нема ништо од тоа сега. Нема. Покрај тебе јас учев како да бидам јас и како да се носам со сопствениот товар. И сега тој товар ми тежи. Кога заминав си го зедов сиот. Не ти оставив ништо. Товарот секаде тежи цел живот тежина ако немаш кој да ти помогне кога рамениците ќе ти станат преуморни, кога колената ти потклекнуваат. Ти беше тука. И сега сум само јас и она што остана од тебе на моето лице. Несреќата си ја носам само со себе. Исто и радоста. Исто и желбите. И верувам во нив. Верувам дека сето ова остарено, сето потрошено и сето сегашно на моето лице ќе се промени. Дека ќе засјае. Сјаев, знаеш. Толку многу сјаев. Сега е мрак. Лицето. Очите. Мрак.
    Понекогаш сакам да го исечам своето лице од главата и да го погледнам. Да си го видам лицето. Да видам до каде стигнавме заедно, каде не отидовме. Кога моето лице би имало друга уста, кожата би раскажала своја приказна. Приказната од мојата кожа и онаа од душата не ги живее ист човек. Јас го чувам детето во мене кое лицето одамна го заборавило.
    Минувам со раката по сопствените неправилности. Чувствувам вдлабнатини под очите, бразди околу усните, некакви ситни дамки по челото. Чувствувам време кое побрзало некаде од кај што нема враќање и издишувам во плач. Ми плаче времето, знаеш. Толку многу ми плаче што никој не го слуша мојот врисок. Клекнувам во еден агол и ја притискам кожата. Не ме боли стисокот. Можеби ме болат прстите. Можеби лицето ми заглавува полека под ноктите. Можеби сето време стои под моите нокти. Можеби треба да ги откорнам ноктите и времето ќе излезе како воздух од дупнат балон и ќе биде секаде наоколу. Сето време. Сето мое време, знаеш!
    Не знаеш. Нема никогаш да знаеш. Ти нема никогаш да знаеш колку чини и колку не трае време кое се пропуштило. Си мина. Едноставно, си мина. Кога погледнувам на назад, гледам многу луѓе. Многу места. Многу. Многу нешта кои нешто значеле. И кои денес ги нема. Ова мое лице останува од нас. Толку. Само толку. И никогаш немав ништо друго.
    Нема што да се каже сега. Можеби некогаш имаше, но сега е доцна за сето тоа. Доцна е за денот, знаеш. Да беше некој друг ден, ќе имаше толку многу. Денес зборовите се сосема непотребни. Сето она што го знам има еден збор во себе. Доста е. Тоа е тој збор. Доста. Доволно. Повеќе не можам. А сакав, знаеш. Сакав да можам колку што може да се може. А денес се може доволно за да не се може. Ниту збор, те молам, ниту збор. Биди човек ако не можеш да бидеш маж. Тука престанува. Во овој ден и тука. Не прашувај зошто. Не прашувај зошто, бидејќи секое прашање е бесмислено. Требаше да ме прашаш- како си? Да ме прашаш- како ти мина денот? Ништо не прашуваше. Седеше во таа фотелја и чекаше среќата да ти падне од небо. Се обвинуваше себе си за својата лоша состојба и не преземаше ништо во врска со тоа. Кога ќе се умореше од обвинувања спрема себе си, ме обвинуваше мене. А јас не можев ништо да сторам. Отидов со тебе на некој друг крај од светот за да спасувам љубов. А гледав како умираш. Знаев дека умираш. И твоето умирање ме умираше и мене. Сосема полека, како некаква болест која те јаде цел живот и која ти зема по грам среќа во секој ден кој трае. Бескрајно умирање.
    Зошто го направив тоа? Како можеш да ме прашаш зошто човек заминува кога зад сето тоа немаше ништо друго освен љубов? Јас дојов со тебе за да нé спасам нас. Верував во нас. И денес ништо од тоа. Ниту, збор! Немој. Немој, доцна е. Дозволи ми барем да го спасам ова малку кое остана од мене. Малку е, знаеш. А знаеш колку можеше да биде? Знаеш ли? Можеше да биде сиот свет. Можеа да бидат деца. Деца. Знаеш колку сакав да бидат? Твои деца во овој дом? Твои – мои деца? Ништо од животот, мил мој. Сега е некој друг живот во настанување. А го сакав, знаеш. Толку многу го сакав што мислам дека затоа престана да биде. Го убив од сопственото сакање. А ти само допушти да биде убиено. Мора да се чува. Не знаевме како да го чуваме. Ниту јас, а ниту ти.
    Не зборувај и толку кажи. Ништо друго не треба. Здивот ми е празен. Нема ништо друго освен умор. Како да минале векови. Така ми тежи сето ова. Понекогаш мислев дека треба да се престане и да се умре. Лесно е да се умре, знаеш. Најтешко е да се живее кога не знаеш како треба да живееш, кога сето кое се случува се чини како камен. Како карпа. Сакав да престане. Тогаш помислував: немам друг живот, само овој е. Еден. И ја подигав главата. Те гледав од високо. Ми се чинеше така мал. Толку многу ситен, како речиси и да те нема. Ќе те погалев по главата. Ќе ми заспиеше на градите. Ќе си ветевме некое среќно време кое ќе биде. Никогаш не се случи. Јас и ти се разминавме со среќата безброј пати. Доцна е, мил мој. Останува да боли. Да ме боли студениот здив во устата. Кој ќе ми го згрее? Не може здивот да ти биде топол ако срцето ти е ладно. А мислам дека веќе го немам. Тогаш ќе си речам: стави се во една крпа и пушти ја по водата, нека се најде на дното од реката. Така си ја пуштав среќата, можам да си ја пуштам и тагата.
    Како одново? Не сум веќе млада, знаеш. Ја немам истата сила. Ги немам истите години. Ми останува да се надевам дека некој ќе ми ги разбуди ѕвездите во очите. Дека ќе ме спаси од сопствениот заборав. Има многу луѓе кои сакаат да бидат нечии ѕвезди. Јас те имав само тебе. Ништо добро од сето тоа. Никогаш ништо добро. Немаше. Сакав да има.
    Во овој куфер го ставив она што ми треба. Многу е за да биде малку. Цел живот и цела јас. Ќе си никне на ново место. На животот не му треба ништо друго освен живеење, а ова овде одамна не е тоа.
    Не зборувај. Кажувам и за двајцата.
    Нема што друго да се каже. Со секој нареден збор ќе остане повеќе за кажување. Тука запирам. Не сакам повеќе.
    Ми кажуваа за луѓето кои се сакаат цел живот. Мислев дека јас и ти сме од тие луѓе. Сега знам дека цел живот сакање значи цел живот откажувње. Оваа љубов не беше ништо друго освен откажување. А не можам да се откажам од себе си. Тоа не.
    Ќе ги отворам. Ќе ги отворам сега. И очите, и лицето и здивот. Си го должам тоа. Покрај многуте долгови, си го должам себе си тоа. За сето ова овде. За сето кое може да се случи. За она кое го пропуштив. За она кое можеше да биде толку, толку многу мое. Денес за себе. Утре за некој нов ден. Верувам. Верувам како што верував дека едно друго небо можеше да ми донесе насмевка. Денес верувам во ова овде. Во моето. Во она кое никогаш не излезе од мене. Своја. Своја, знаеш. Морам да бидам. Не престанувам. Секаде може да се биде среќен. Секаде може да се љуби. Секоја љубов која може да биде. Во ова дрво. Во онаа жена. Во оној случаен минувач. Во тебе. Во себе. Во сето.
    И ја подигам главата. Границата ми е во ѕвездите. Од таму паднав. Си стојат и ме гледаат. Ги слушам како ми шепотат: стани, исправи се. Душата чувај ја горе. Главата уште погоре. Шепотат: верувај и молчи. Смеј се тивко. Скриј ја насмевката. Потоа нека одекне насекаде. Смеј се и биди. Нема никој да ти замери.
    Ги слушам ѕвездите. Сите ѕвезди.
    Немам кому да се лутам.
    Имам само време кое ме чека. Време без сето време кое поминало. Можев да пораснам многу. Да отидам некаде кај што се блиску ѕвездите. Ги имам, знаеш. Во очите. Во здивот. На лицето. Секој човек си има своја ѕвезда за да му свети. Понекогаш знаснува. Понекогаш ја покрива некој сосема црн облак. И тогаш доаѓа утро. Пред утрото мојата ѕвезда е најсјајна. Ми се смее од висината. Си се гледаме. Сами и двете. Нема друго.
    Ти ми беше тишината на рамото која ме чуваше од зло кога не можев да се чувам од светот. И сега морам сама. Сосема сама. Јас и мојата ѕвезда. Да свети кога мракот е во мене и да згаснува кога светам јас.

    Извор:Ilike.mk
     
    На leila.f му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    уште да исполниш се од ова што пиша...и навистина да бидеш секогас со нејзе..она треба да биде најсрејкна на свет....биди со нејзе и сакаја секогаш..и ке успеете