Сакам јас да го добијам прва писмото па потоа да напишам до него. Но со овој безчувствителен идиот што ретко знае да изрази чувства, чисто сумњам дека некогаш ќе добијам вакво писменце.
Јас на почетокот на врската му пишав љубовно писмо и тој ми врати и од тогаш секогаш си пишуваме љубовни писма еден на дуг. Чувството е преубаво,посебно кога по некое време кога ќе бидеме се надевам во брак ќе ги отвориме и ке ги гледаме заеднички писмата кои што ќе си ги пишуваме еден на друг.
Еј колку само писма му имам напишано и самата незнам Ама сега ќе ги соберам во една тетратка ќе ги запишам и наслов на тетратката ќе и ставам. "Писмата што требаше да ги пратам,а никогаш не ги пратив" и ќе му ги дадам
На почетокот на врската му имам пишувано на дечко ми....сакам да му пишувам,па и потоа-обично за годишнина-така нешто пократко.... дури во последно време повторно добивам инспирација, а сега како што ќе замине на пат......дефинитивно овие солзи ќе дадат зборови во мисливе мои...и ќе му го дадам пред тргање
Уф... љубовно писмо е најскапиот дар кој може да се добие според мене. Само тоа може илјада пати да прошепоти колку некому недостигаме, само тоа може да не врати милионити пат во едни раце, и бескрајно долго да ни повторува зошто тие раце нне можат без нас. И додека да го добијам, некогаш, од некој, така долго, така емотивно еве Ви дел од писмата на Фрида Кало за нејизниот Диего Ривера, зошто писмата ја чуваат љубовта, векови "Ništa se ne da uporediti sa tvojim rukama, ni sa pozlaćenim zelenilom tvojih očiju. Moje tijelo je ispunjeno tobom danima i danima. Ti si ogledalo noći. Groma bljesak bijesan. Vlaga zemlje. Udubljenje tvog pazuha sklonište je moje. Moji prsti krv tvoju dotiču. Sva moja radost je kad osjetim da život kulja iz tvoje fontane i ispunjava putanje svakog mog nerva koji je i tvoj.”