1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовно резиме за 2010

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 18 декември 2010.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Еееее ко вчера да беше кога се гушнавме и бакнавме и си честитавме Нова Година :party:

    Ми рече: Ќе те сакам најсилно,ќе бидам покрај тебе секогаш. Така и беше,барем годинава-поштувам :$

    Се скрасивме во заедничко топло станче,си докажавме и досадните навики што ги имаме не ни пречат,си докажавме дека врската може да си ја донесеме на едно повисоко ниво,духовно ме исполни.

    Ситните кавги ги имаше,ама ако,разбиваа монотонија :P :D

    Гушкања,бакнежи,секс на кревет,на земја,на биро,под туш....кога сакаме и како сакаме,абе к*р ми е двор ми е,ми се можеше,не се стискав дека некој ќе се разбуди или ќе влезе. ]:)

    Созреав и сватив дека заедничкиот живот не е само секс и секс...има и домаќински обавези :nod:

    Ми докажа дека ме заслужува (ја дека скромна сум многу) и ми покажа како изгледа една вистинска здрава врска.

    Ќе те сакам најсилно и ќе бидам секогаш покрај тебе-оваа Нова Год ќе му кажам јас :inlove:
     
    На girl1985, lebarka, Go-Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Епа вака:
    Годината ми почна убаво со човекот за кој решив да му дадам втора шанса. Се беше ок, си поминувавме денови заедно, си минуваа месеци. После извесно време него го снема 3 недели (по втор пат) и си викам ај да не е нешто сериозно да не се мешам...
    ..ама не било сериозно, дотичниот си искачал со другари, се допишува на фб со другарки, само за мене нема време, ако ако..Прекинавме
    Се видовме пред неколку недели, нешто не беше како што треба
    страста што ја имав за него веќе ја немааааа
    Не знам кај ми отиде,али баш сум среќна
    Сеа само чекам да ме побара и да го заебам на таков начин за никогаш да не ме заборави

    2010 година срање,одвај чекам да помине и да ја заборавам

    2011 се надевам господ ќе е на моја страна и ќе ми пружи нешто многу подобро
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Годината ми почна со бакнеж, а се надевам дека така и ќе ми заврши, па да заокружиме една убава година исполнета со љубов.

    На љубовен план ќе ја паметам по убавите денови поминати на планина додека надвор вееше снег, по убавиот летен одмор, по убавите подароци, по сите пријатни моменти, но и по сите мали караници (без нив нема да биде интересно :lol: ) Summa Summarum - убава година на љубовно поле :inlove:
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Започна како и секоја година. Среќни мигови, воздишки секојдневни и желба за поскоро официјализирање. Но, кога нешто сака, има да те уништи. Не чини. Со месеци не е исто, те така сме, те така. Довербата ми е разнишана, храброста не ми е спремна да се одалечам, љубовта се уште ми ги мати очите. Така и завршува оваа година. Со муабетот „ако иде, иде, до кај што ќе иде“.
    За следнава година, посакувам мир. Сакам да ми е убава, сакам да се смирам и да ставам тег на едната страна од вагата. Се надевам на подобрата.
     
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ставив крај на долга врска (6 год.) И на најчуден можен начин го запознав него,љубовта на мојот живот.Го сакам најмногу на цел свет и вакво нешто немам почувствувано никогаш..Со него видов и почуствував што е вистинска љубов,разбирање,компромис,човек што секогаш знае да ме насмее кога сум тажна на толку прекрасен и едниствен само негов начин,што знае да ме сослуша и да ми даде совет да биде тука секогаш за мене.Тој ми ја направи оваа 2010 год.многу убава што ке ја памтам...
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Започнавме супер заљубени и весели, потоа за само еден месец да раскинеме и да ми се случи најголемото разочарување во животов. Оддтогаш сфатив многу работи и сега кон сите луѓе гледам со резерва. Поминавме во тага и болка некое време, за потоа да оставиме и да заборавиме на некои глупави и непромислени постапки и пак ја обновивме врската. Оддтогаш е шта да ти причам. Си вети човекот дека ќе биде максимално посветен на мене и се што ќе прави ќе виде за врската. Секој ден си докажуваме дека се сакаме и на секое гледање по незнам кој пат се заљубувам во него. Се на се добро помина годинава, но секогаш може и подобро, па затоа сигурна сум дека 2011 ќе биде подобра.
     
  7. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    И во 2010 влеговме заедно и во 2011. Во оваа година сфатив некои работи-се што лета не се јаде!
    Многу неубави работи се случија во нашата врска, што ја уништија мојата доверба, па се надевам дека до крајот на 2011 ќе си ја врати.
    Но, морам да ги нагласам и убавите моменти, оние најпрекрасните. Првата заеднички помината ноќ (освен летните одмори), па мојот роденден, па одморот, па неговиот роденден, па викендот во планина, па изненадувањата во последно време...
    Го сакам, се надевам дека ќе заслужи и во 2011 да остане така. :)
     
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Се запознавме на почетокот на 2010. Разгори некои чувства во мене, но не беа тие, вистинските.
    После месец дена, ја разбивме монотонијата. Почнавме се почесто и почесто да правиме муабет.
    Меѓувремено, се мислев дали да се враќам на бифши дечко. Ми вртеше романтики 24-7, но не се вратив. А со господинот што го спомнав на почетоков на постов, “подобро“ се запознавме во Aприл. Првиот месец си игравме криенка миженка ( бевме во т.н. Тајна врска |( ) ,што на крај дозна еден негов другар, и нормално дознаа сите. :$
    Се каравме -смирувавме,каравме- смирувавме. Ама пак на крај судбината не враќа еден кон друг. :lol:
    П.С. Додека се скаравме подолго едно време јас засвиѓав еден тип, на журка. Со кој правев лично муабет, но... Имаше девојка. Да немаше сега ќе беше друго :lol:
    Како и да е, со тој што сум ја пречекала новата 2010-како тотални странци, со истиот ќе ја дочекам и 2011-веројатно како дечко и девојка.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ќе напишам, ама ќе е досадно за читање :).
    И оваа година беше прекрасна на љубовен план. Нит се каравме-миревме, нит имаше некои бури и стишувања, само чиста, смирена и нежна љубов. Си даваме топлина, утеха и мир, ги трпам неговите тешки моменти и тој моите.
    Ќе ја запаметам 2010 по далечината од три месеци. По солзите пролеани пред да замине, мислејќи дека нема да се видиме долго време. Неговите незапирливи, моите скриени и проголтани. Се правев силна за да го утешам и да му покажам дека се’ ќе биде во ред.
    Тие три месеци беа недостиг и болка, но и поголема љубов отсекогаш. Јас го поддржував во секој момент и во секоја негова одлука, а тој мене ми покажа дека далечината не значи и осаменост. Сфативме колку навистина си значиме еден на друг и дека заедно треба да бидеме без оглед на се’.
    Ќе ја запаметам 2010 по одлуката од негова страна дека парите и заработката не се важни ако не е среќен... ќе паметам дека се врати тука каде што припаѓа - во моите прегратки :inlove: .
    Најважно од се’ - ќе ја паметам по одлуката дека во животот ќе успееме секогаш еден крај друг. Можеби потешко и за подолго време, но заедно и посилни од секогаш.
     
    На enca.69, julie77 и sonuvacka им се допаѓа ова.
  10. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    2010 почна со него, но пролетта одлета од моите прегратки, неколку месеци поминаа во тага по него потоа една авантура, па уште една ....и сеуште статус сама ....али подобро сама до вистинскиот од колку од цвет на цвет, не дека не е убаво , но тука пречат чувствата а јас нив не можам да ги исклучам
    ...темава е прекрасна баш мие мило што имам толку вљубени пријателки на фемина , идната во поголем број
     
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    лоша...почетокот на крајот тогаш почна и траеше пола година..ја дочекав без него еве сега и оваа новава без него..така требало да биде ваљда..веќе не се ни сеќавам после толку прекини,кој месец годинавбевме заедно..се беше напнато и се чекаше крајот...а сеуште е тажно...пред неколку месеци дефинитивно не сме пар,и како да се беше сон ..а не беше..и сега кога ќе се свртам назад си велам дека можеби можевме мн повеќе но ете....а не дека не го сакам,само нема иднина а љубовта не умира...доживеав уште едно разочарување,за некој верував дека е нешто што не е....лоша на љубовно поле беше годинава.Како поборник на љубо0вта и обожавател на тие пеперутки во стомак и чувството да сакаш некој повеќе од себеси се надевам дека следнава година ќе се заљубам опасно..во мој стил да изгубам осет и свест за реалноста :) тажна бев мн пати изминатава година :(
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    2010 си ја дочекавме заедно, така ќе биде 2011 :D
    знаевме чат-пат доста да се закараме, но битно лутината не траеше подолго од еден ден. Можам да кажам и дека врската стана уште поубава и поцврста после заедничкиот одмор. Нека си продолжи така и следнава :)
     
  13. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Ејј баш интересна тема.Никогаш не ми дошло на памет да си направам љубовно резиме.
    Оваа година ја започнавме заедно и заедно ќе ја завршиме и започнеме новата година.
    Во текот на целата година ние двајца премногу ја зацврстивме нашата љубов и го стекнавме најважното за една врска довербата.Оваа година сватив дека без него сум како празна чаша.Со него ми е прекрасно...

    Но,за наредната година сакам да се изменат многу работи во врскава како на пр.да не бидиме и двајцата толку големи инаетчии бидејќи кога ќе имаме некоја кавга ни едниот,ни другиот попушта..а потоа се каеме и двајцата.Сакам да не се разделуваме,бидејќи ние да сме разделени и 2 дена еден од друг потоа само се караме.
    И сакам повеќе секс.-не 3 пати неделно туку 7 од 7 дена.Затоа најмногу се лутам.
     
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    2010 година дефинитивно до сега најубава година, остави голем печат во мојот живот. :)
    Започна толку убаво, со неочекувани средби, многу љубов, бакнежи, мазење и пазење :lol:
    За прв пат во животот се почувствував толку исполнето, задоволно и среќно. Најубав момент ми беше мојата веридба, го пронајдов човекот на мојот живот :inlove:
    Се надевам дека ќе има уште многу, многу вакви убави години и моменти. :)
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    2010 година. Почна најубаво до сега. Ја дочекав со него.
    За прв пат во мојот живот се почувствував сакано, заљубено, среќно, како во бајка.
    За жал не ни сонував дека таа бајка ќе ми ја растури некој толку близок. :@
    Во февруари се сплетка со другарками, се скаравме. Јануари ке го памтам како најубав месец во мојот живот :inlove:
    Во февруари тагував, плачев, бев лута на цел свет, се ми пропадна во вода.
    Се скарав со другарками со која бевме 4 години неразделни.
    Потоа талкав по нова љубов, но никако да ја најдам. Во сите го барав него, па за 1 вечер повеќе не ми беа интересни. Не памтам со некого да сум излегла на трезно. Сите ги сакав...на пијано. :)
    Летото немав никој, сингл бев и ми беше досадно :emo:
    Се на се, и не толку многу добра година.
    Се надевам на подобро во 2011, и на заборавање на старата љубов!!
     
  16. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Љубов, љубов и многуууу љубов.. По некоја караница што е многу нормално но секоја караница не зближуваше се повеќе и повеќе :inlove:
     
  17. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Заедно ја дочекавме 2010, заљубени......Така продолживме цела година, и еве сега ќе ја дочекаме заедно и 2011. Оваа година ми помина прекрасно во поле на љубовта, исто како и претходната. Прекрасни моменти со мојата љубов, секое мало кавгиче се решаваше со бакнежи и гушкања :) . Едноставно, вака би сакала да продолжиме и наредните години :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Marence.D му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    2010 ја дочекав сама со мислите кај една личност која ми беше посебна и која мислам дека зафакаше одредено место во моето срце,со текот на времето почна се да се менува од љубов ниту Љ немаше....а така е и сега, цело лето мина така се немаше разменување на љубов, си бев сама со себе најубаво друштво...Така беше и до пред некое време додека не дојде тој викенд само 2 вечер,само 2 излегување беа убаво во негово друштво.Токму тој викенд ми влеаа надеж,т.е. лажна надеж за да продолжам да се надевам на таа личност,надеж која повеке ја бркам,ја туркам од мене ..не ја сакам....сама бев и сама сум си сега така да оваа година огромна НУЛА за љубовта....а во 2011 сакам да влезам без никаква надеж и без никакви верувањеа дека љубовта ке ме посети,па што даде Бог тоа,како и да е годините се пред мене .... ;)
     
  19. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    2010 ја дочекав како и 2те години пред неа и така ќе ја дочекам и 2011. Со љубениот ми :P . Можам да кажам само дека секоја година ми е се подобра на љубовно поле, па се надевавам дека така ќе продолжи. Сепак мислам дека оваа година доста созреав на љубовно поле. За разлика од последните кога знаев дека ме сака, го сакам и тоа. На почетокот на годината исфрустрирана дека љубовта трае 3 години и дека на мојата среќа наскоро ќе и дојде крај, за подоцна да ја откријам маѓијата на (се надевам) вечната љубов :inlove:
     
  20. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    2010 а и неколкуте претходни години ги дочекав заедно со него,но секогаш несреќна , а 2011 ке ја дочекам сама но многу по среќна од кога и да е .....
    бевме зедно но не поради тоа што взаемна љубов чувствувавме него што беше премногу несигурен во себе дали некогаш ќе најде подобра од мене видов сосема друга,мрачна негова страна што се обидувам да ја заборавам и никогаш на никој не му посакувам таква горчлива љубов,го видов конечно лицето на оној за кого би го дала и животот и својата последна капка крв,длабоко се разочарав од се ,поминав многу тешки ноќи( да се одвикнеш од некого е многу потешко и од одвикнување од дрога ....значи тешко сум ја поминала годината )...сега по секоја цена се труди да не се заљубам во друг ,сака да има други ,а јас да немам свој живот и да бидам осамена ,а во секој случај изгледа се надева дека ќе бидам секогаш туика за него ...Но никогаш тоа нема да се случи јас можам и ќе издржам без разлика на се ....Најголема желба ми е да пронајдам личност што вистински ке ме цени не поради надворешниот изглед туку поради моите квалитети како личност,конечно да се насмевнам, да ги избришам солзите од лицето и да имам пеперутки повторно во стомачето зошто сум заборавила како изгледа чувството на вистинска љубов ...