Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовно резиме за 2010

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 18 декември 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    2010 година ја дочекавме заедно интимно бев многу фрки и со драгите личности за нас. кога сказалките се споија посакав засекогаш да бидеме заедно....
    поминуваа месеци и месеци лљубовта те се покачуваше ту се намалуваше. најголемата криза на љубовен план ја доживеав во мај кога првпат после 5 години раскинавме и ставивме крај. ми се сврте животот за 360 степени и дојдов до прашањето сега што понатака кога го нема моето најмило. но некој работи не се трпеа тој претера. меѓутоа пусто љубов па се сакаме седнавме после 3 дена и си разграничивме и објаснивме се. не дозволивме да баналните работи ни расипат се што сме граделе. го преживеавме тој мај и бидејќе од тогаш свативме дека неможеме да живееме еден без друг, август добив понуда за брак. сега сме верени и бескрајно вљубени. нашата љубов во ден од ден се повеќе расте.
    и оваа нова година ќе ја славиме заедно..
    оваа година ќе си посакам бебенце :lol: и ќе се надевам дека желбата ќе ми се исполни како во 2010 :lol: :lol: :lol:
     
    На GeorGinnA, girl1985, Scarlet88 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    На кратко:
    Заљубени си ја дочекавме 2010 година,со изминати 9 месеци од нашата врска па така течеше целата врска без значителни промени...се надевам дека оваа година ќе си ја дочекаме со многу љубов и разбирање! :inlove:
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Новата 2010 ја дочекав сама со пријателите. Во тие моменти, а богами ниту сега не ми треба некој, најубаво ми е вака. Некаде во фебруари имав една мала авантура, всушност траеше само еден ден или подобро кажано една вечер, а потоа се оддалечивме, се каравме, сега не ни зборуваме. Одтогаш не ми затребал никој, немам голема верба во машките, а всушност ми е рано за нешто посериозно. Уште од лани сакам едно момче, но за џабе, колку лажни надежи ми има дадено (намерно или не) ниту самиот не е свесен. Оваа 2011 ќе ја дочекам повторно сама со пријателите, само тие ми требаат и никој друг. :)
     
  4. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Слично е и моето резиме,кратко
    Веќе 4 месеци во врска ја дочекавме заедно 2010,во која имаше мнооогу убави моменти,успеси и падови,па и малку караници,да не биде се рамно де :) и сега 2011 ќе ја дочекаме повторно заедно и посакувам љубовта да стане уште поголема,поВатрена хахахаах
    и годинава да падне секс! ]:) ХАХАХАХА
     
  5. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Новата година 2010 ја почнав со него.Не бевме заедно но славевме заедно.
    Бевме во фаза на мување после врска :lol:
    Имаше многу скар смир ситуации.Цела година бев со него.
    Имав летна авантура со друг,бидејќи он беше во врска тогаш со друга.
    Кога дозна батали се,дозна дека јас сум му љубовта.
    Пак се смиривме.Почнаа кавгите наши деноноќни...
    Пукна пак врската.Доверба нула,љубомора насекаде..
    Сега сум сама еден месец скоро,но заљубена сум уште во него и тој во мене.
    Серијата не е завршена,тек ќе има бурни епизоди во 2011. ;)
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Љубовно резиме за 2010
    Годинава се разликуваше од другите години поминати заедно само по едно... по спокојството кое го чувствував во негово присуство! Можеби тоа спокојство, таа опуштеност се јавуваше како резултат на мојата созреаност, како последница од стекнатото поверение, како причина за да сфатиме дека наредниот чекор треба да ни биде брак! Оваа година правевме многу планови значајни за нашата заедничка иднина,планови за кои планираме реализација во 2011! Се сакавме и во оваа година, имавме прекрасен сексуален живот, доживеавме прекрасен одмор со убаво друштво... и имавме една сериозна кавга! :doh: Ја надминавме брзо, но не можам да кажам дека беше безначајна... Надминавме уште еден проблем,а после се‘ сфатив дека сум направила правилен избор во мојот живот! Изборот беше тој!
    Не дека немаше други ситни проблеми...ама не им придавам некое посебно значение...
    2010 е мојата најспокојно помината година... во која врската ни се зацврсти уште повеќе, а се надеваме дека 2011 ќе биде уште позначајна за мене и мојот дечко!
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Хмм.. оваа година ми беше најдобра. Конечно и јас да го најдам мојот принц на бел коњ :D . Нашата љубов започна уште од лани но оваа година ја официјализиравме (точно ли го напишав?). На 2ри мај се фативме и ден денес сме неразделни. Вчера наполнивме 2 години откако се запознавме. Секако имаше некои караници кои фала богу не беа фатални за нашата врска. Се надевам и 2011 и уште многу години ќе поминам со него. :inlove:
     
  8. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    2010 ја започнав со неговиот бакнеж и прегратка.Врската траеше до крајот на јули.Раскинавме и јас незнам зошто :?: Баш и сакала да знам,но немам никаков контакт со него и не би сакала да имам.После него се мував со еден многу згоден тип,но тоа беше само една вечер и онака за преболување на врска од 11 месеци.А сега запознав едно многу добро момче,но финтата е што незнам дали навистина сум заљубена во него,бидејќи еднаш сум еднаш-не :wasntme: Оваа година внесе многу промени во мојот љубовен живот.Добив нож во срце,видов како е некој да те повреди и верувајте се исплакав едно добро. ;) Имам голема мешаница со чувствата и се надевам дека Дедо Мраз ќе ми донесе искрена и нова љубов во 2011. :angel:
     
  9. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Баш на 01.01.2010 започнав врска, и баш тој прв ден кога „официјално се фативме“ се испијанив и спиев 5 саати на неговите колена :lol: Врската траеше 6 месеци - беше убаво дури траеше. После тоа лето си го поминав најубаво, се забавував и не ми беше гајле за ништо. Баш пред да заврши летото се заљубив во еден идиот и никако да го преболам. Пред месец и нешто влегов во врска и сега за сега е ок, па за понатаму ќе видиме.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Во 2010 уживав во сето внимание на светот што ми го подари мојот дечко! Се надевам дека ќе си уживаме цел живот и ќе се сакаме како што се сакаме сега :inlove:
     
    На sonuvacka, GeorGinnA, girl1985 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    2010 почна со залуденост...не заљубеност... не знам ни јас како можеше да разбуди интерес во мене едно такво човече...дете...но, ете. :) Тоа брзо заврши... иако немаше ништо големо конкретно,па останавме другари...фантастичен карактер е дечкото. :) Потоа во февруари има една кратка врска од месец дена, со градски мангуп што добро ме потсети дека ми се може и со такви, ама не ми се сака баш :D За на крај да си се заљубам во мојот штрумф... :inlove: добра година во суштина....и на други полиња...Би сакала да ми се повтори..Не добра...Фантастична.. пу пу ...
     
  12. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    љубовно резиме... се на се ТАПА :D ништо посебно нема да ми ја обележи оваа година на љубовен план, здравје... ќе си посакам во 2011 да ми се случи љубов и така ;)
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Љубовно резиме за 2010:
    Ја почнав 2010 во врска за во фебруари да расчистиме(кој кретен). Во мај имав авантура што мислев дека ветува многу али далечината не уби. Летото како лето, се наоѓаше некој да се тепа време, али емоции НИКАДЕ!
    По оооогромна пауза во октомври запознав дечко што на прв поглед ме воодушеви...за 1 месец ми здосади.ма ни месец не потраја!
    Сега, пред крај на годинава запознав некој кој може ветува нов почеток, (да не се урочам :D ) ахх ми треба некој да ме смири, доволно беа луди ноќи со другарките и авантури за викенд... :)
     
  14. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    2010 ако некој ја обележа тогаш тоа беше тој.....и тоа во мојот живот влезе на 23 јули и се задржа се до крајот на годинава! Не ја обележа баш убаво ама.... беше навистина прекрасно додека траеше !
     
  15. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Годинава ни м од момче, ни љ од љубов не видов.
    Сама, цееела година сама, ЦЕЛА ! Прекрасно, или можеби не :worried:
     
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Љубовно резимме за 2010 : /
    Ништо повеќе од две- три авантурички кои завршија, како што започнаа... спонтано.
    Никаква сериозност од моја страна, до мене е проблемот зашто се уште немам сретнато некој со кој би се видела во врска. Значи отприлика како и минатите години.
    Со надеж дека 2011 ќе донесе некој за озбилно.... или можеби не. Не знам што сакам. :?:
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Прво имам едно прашање: зошто повеќето сте раскинале во февруари? :D (кобен месец било изглеа годинава)

    А што се тиче моето резиме, не се жалам годинава. Можело и подобро, секогаш може, ама се на се убава година. Па нека ми е нареднава и поубава :inlove:
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Оценка: 8. :)
    Цела 2010 ја поминав со едно момче, на 12.12.2010 му раскинав.
    Оваа година сакам да ми биде убава, полна со љубов и да немам многу караници со овој дечко. :inlove: