Љубовта во новите врски

Дискусија во 'Врски' започната од marama, 21 јануари 2011.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    65.351
    Пол:
    Женски
    Се почесто сретнувам нови парови, кои што во врска од еден месец се однесуваат како да се познаваат со години. Пред извесен период бев на собиранка и таму имаше пар кој беше заедно еден месец. Постојано се бакнуваа, си кажуваа колку се сакаа, се допираа насекаде. Па и тука на форумов има членки кои пишуваат дека не можат да преболат дечко со кој биле еден месец. Ме интересира вашето мислење- Дали навистина мислите дека може да се заљубиш во некој за еден месец, со него да планираш иднина и да бидеш толку слободен.
    Јас би рекла дека во првите неколку месеци сме занесени, но далеку од тоа дека го сакаме тој што е со нас. Па и не можам да бидам слободна со некој со кој што сум месец дена, ај на само, ама пред други никогаш не би си дозволила да се допирам насекаде. Направете ме старомодна, но ете ме интересираат и вашите мислења.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Според мене, брзи љубови, брзо завршуваат. Ретко е тоа да се вљубиш веднаш. На почетокот се е идеално, маните на партнерот се невидливи, а како што го запознаваш, се повеќе се појавуваат. Поентата е дали и тогаш остануваат заедно.
    А тоа лигавење пред сите, искажување љубов, а потоа ќе слушнеш дека завршила љубовта, според мене не е на место. Не сум за тоа да се кријат чувствата, но сепак за нив е потребно повеќе време од еден месец. Воедно, денес се брзо се случува, љубовта брзо се случува, сексот, ама и разделбите брзо се случуваат.
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.445
    Допаѓања:
    49.220
    Пол:
    Женски
    Можеш да се затрескаш, но не можеш да се заљубиш...
    Не можеш еден човек ни да го запознаеш за еден месец, не па да се заљубиш.
    За тоа треба време.
    Искрено не верувам дека јас некогаш би се нашла на местото на некој таков пар кој изјавува љубов уште во првата недела. Ја и сега тешко изразувам чувства, после 2 години, не па така.
    Се си е до поединците. Ама ако се залеташ, полесно е да бидеш повреден, па според тоа ги разбирам зашто патат после месец дена врска со некого.
    Дистанца е света работа! :) (во почетокот на врската)
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    Според мене не....заљубеност како што кажвте, да...ама љубов, вистинска и длабока....ц...не мислам дека може да се случи за еден месец........мое мислење......тогаш не гледаш ништо, само го љубиш човекот, и како почнуваш да го запознаваш, ти смета ова, она, па не бил баш таков, па се разочаруваш...итн...додека кога некој ќе го запознаеш, му ги знаеш сите маани, и кога ќе го засакаш таков каков што е ....е тоа е веќе љубов........ :inlove:
     
    На teddybear, Gordana10, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Heartbroken

    Heartbroken Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    17
    Jas sum momentalno vo nova vrska i navistina mi e prekrasno :) Ednostavno pred nekolku meseci iskociv od edna mnogu zamorna i dolga vrska mozebi ke si recete mi treba vreme da odmoram ama ednostavno se desi ete i ne sum mozela da zamislam deka ke bide vaka :) inace deckovo e prekrasen nesto sto ne ocekuvav deka ke sretnam. sprotivno od mojot bifsi koj bese mnogu posesiven i zamarase i ljubomoren bese ednostavno mnogu mu ja tupese :) tipov e prekrasen a iskreno se trudam da ne gi povtoram istite greski sto ne dovedoa do propast vo predhodnata vrska :)

    Awwwwwwwwww :)
    [mod-kirilica:2erbk8ph][/mod-kirilica:2erbk8ph]
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Ваквата љубов мене лично честопати ми изгледа толку површноо и излитено што дури и не им верувам на своите очи. Како може да сакаш некој а го знаеш едвај месец дена, единствениот проблем со кој сте се соочиле е дали да се чекате пред Капче или кај Чичко Стоилко, а единствената криза која сте ја поминале бил викендот кога сте немале кеш и двајцата и не сте се виделе цели три дена.
    Мене ми е некако претерано, еве близок мој роднина се вери по само една недела врска, вели дека таа е неговата сродна душа. Каква сродна суша е таа, што си ја видел 5 пати и си поминал само 48 часа заедно неможам да сфатам. Уште ни презимето не и го знае а решил да го помине животот со неа.

    Сепак треба да помине доста време пред се да запознаеш некој, па потоа да му кажеш дека го сакаш, па и да се одлучиш животот да го делиш со него.
     
    На bejbi.91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Meне сето тоа ми е толку одвратно и лигаво.....повеќе ме разнежнува кога ќе видам пар кој може е со години заедно,ама оддалеку им се гледа вистинската љубов,а не со такви бакнежи и лигавења во друштво.....тоа не ми е нешто длабоко ,туку некоја површна вљубеност која кога тогаш ќе заврши :)
    со сила убавина не бидува :)
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.490
    Јас лично за мене не знам што ќе правам :) Сингл сум околу 7 месеци, уживам во младоства, ама за дечко сега за сега не сакам да чујам. Многу се борам за да го преболам бившиот и верувам дека таква љубов нема пак да доживеам, никогаш слична опуштена, искрена, со страст, со взаемност... Тој што ќе ме промени во ваквото мислење, што ќе ме натера да уживам во она што го нуди љубовта, ќе бидам со него. Ама пак мислам дека се со резева ќе земам... Во секој случај она што ме научи минатата врска е: нема глумење, буди го сопствено јас, претопувај го со неговото јас - најди средина - уживај...

    И да, си давам време... и ќе се дадам онолку колку што ми е потребно - НИКОЈ нема да ме брза :)

    А за темава конкретно, од страна гледано, некогаш таквата спонтаност може да доведе до стабилна врска ;)
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.875
    Занесеноста е клучниот поим во новите врски.
    Дека во еден месец можеш да видиш со каков човек си имаш работа - тешко. Затоа и летаме.
    Поточно, и после 20 години можеш да почнеш го запознаваш својот партнер.
    А кога гледаш пар во таков момент, тоа е радоста да се имаат еден со друг, слободата да се држат за рака и бакнуваат пред други, адреналинот додека сите ги гледаат...

    Е сега има разлика. Мене ова никогаш ќеиф не ми правело. Повеќе сум сакала тие работи насамо да ги правам, без оглед дали сум била во врската 1 месец или 1 година.

    Додека не го знаеш доволно и имаш за партнерот слика дека и исто мил, добар и совршен како и неговиот физикус, така и внатрешно го чувствуваш. После е друга приказна. На истиот принцип, интересно ти е и шпоретот да го користиш додека е нов. Кога ке почне да се валка, не само што не ке сакаш да го исчистиш, туку не ке сакаш и да го користиш. Во краен случај и готово кафе ке си купуваш. :wasntme:
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    јас пак на прв состанок се заљубив, ни месец не помина, ме остави :Down:
    по 2 месеци се смиривме, па пак по 3 дена ме остави :Down:
    според него, јас сум била крива за се :)
    поминаа речиси 2 месеци, сеуште не се смиривме, а и не сакам веќе, ама многу ми недостига, можам да го преболам, но друга врска-не ! :worried:
    значи има право артемис-брзо завршува :worried:
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.790
    Oдев со еден дечко 3 години . Беше се супер откако дознав дека ме изневерувал последните 3 месеци со една моја другарка. Не сакам да зборувам за тоа бидејќи е минато .Јас сум таква личност што не му верува на секој , ранлива сум и не ги прифаќам работите со леснотија.Кога ми се случи тоа бев изолирана 2 недели од се, дури и отпатував за да се средам малку ...
    Со новиот дечко правиме 3 месеци на 11ти мај и засега е некако волшебно , дури и ми е страв од што ни е толку убаво . Во мојава врска ми се допаѓа што се е толку опуштено , скоро за ништо не се караме и не ги забележувам ситните работи како со минатиот дечко што го сакав , а за сегашниот неможам да кажам бидејќи сепак не го познавам доволно . Знае доста работи за мене и се запознаваме со тек на време но за да се стекне мојата доверба треба да помине некој период. Како и повеќето девојки на форумов и јас се плашам многу од изневерување . Можеби бидејќи порано имав многу доверба во машките ми се случи тоа но ете , така требало да биде. Сега сакам да уживам максимално во врската бидејќи го гледам тој сјај во неговите очи , оптимизам .. Само тој може да ме расположи и насмее кога не ми е денот..
    Пред некој ден ми рече : Te znam i gledam deka nesto ne e vo red kazi mi ..,,
    Наместо одговор од што ме разнежни доби бакнеж :)
     
    На happynessss му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Не дозволив никој да види колку сум вљубена, занесена и тотално одлепена по него во првите неколку месеци.
    Си се држев на дистанца, не бев ладна, но не дозволив ништо да излезе неконтролирано од мене.
    Знаев дека си имам работа со некој кој тешко искажува емоции и си молчев и јас.
    Немаше некои длабоки погледи, немаше држење за рачиња во јавност, лигавења, а за искажување Љубов, боже сачувај, ни на крај памет.
    Кај нас беше по обратен редослед, се' се крчкаше полека и тивко, за да на крај експлодира!!!
    :D
    Чувствувам нешто посилно, помоќно, повредно од оние кои според мене ја истрошиле и истискале љубовта (која не постои) во првите две-три недели, а потоа им скиснало.
    Не се каам за бавноста со која се развиваа настаните, ниту за чекањето во поглед на изјавување на сите чувства.
     
    На Unica и teddybear им се допаѓа ова.
  13. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Според мене вистинската љубов не се раѓа преку ноќ. За да засакаш некого вистински и да сакаш да го поминеш остатокот од животот со него, треба нешто навистина многу силно, нешто кое ќе расте во тебе, нешто кое ќе биде постојано и реално. Вистинската љубов не е на облаците, таа е во тебе! Во твојата душа, во твоето срце и мисли! Врз неа не влијаат надворешни и површни фактори, ти едноставно сакаш! Но, што јас зборувам, начисто се занесов. Подобро би било да прекинам, бидејќи вистинската љубов секој ја сфаќа и доживува на различен начин.

    Сепак ќе се согласам со некои претходни коментари, дека убавината и целата таа бајка од нова љубовна врска е само занес (доколку новиот партнер е и нова личност за тебе, странец, непознат. Во случај да го познаваш можеби би било нешто поразлично, но во главно барем од едната страна, тоа е тоа). Ти леташ, бидејќи тоа е твојот прв полет после разочарувачкиот пад и тоа е полетот кој те прави да се чувствуваш повторно силна и жива! Занесена си од моќта на новата личност која успеала во тоа, а многумина до тогаш не успеале, па дури ни ти самата.

    Но, со тек на времето (како што тоа лечи и брише се', така создава и пишува). На крајот ти остануваат само две опции - или новата страница од твојот живот ќе биде испишана со многу срциња или ќе остане празна за некои други идни времиња. :)
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Никогаш не сум била во категорија на лесно заљубливи личности (за жал не сум ни во лесно одљубливи).
    Еден месец е премалку време за да знаеме на што сме и емотивно и во поглед на заеднички интереси, камо ли планирање на иднина.
    Се сеќавам како на отприлика толку време во претходната врска кога ми направи тој некоја алузија околу брак јас се налутив прилично и му реков како не ме ни познава.За мене неколку блиц-средби и понекој заеднички оргазам не се мерило за еврластинг рилејшншип вит хепинес.Не велам дека ова е генерално правило,ама јас секогаш на тие што ми се поставувале како да веруваат во ова сум им сугерирала како за месец дена можам да бидам што ќе посакам и да прикажам што ќе посакам и тоа да нема блага врска со вистинската состојба.Па првиот посериозен проблем да биде вистински колапс!
    Љубовта е комплексна емоција на која и треба време за развој, мене ме боли кога денес пречесто ја поистоветуваат со евтин занес стимулиран од неколку симултани алкохолизирани сексуални споделувања.
    Љубовта стана синоним за плитка емоција,бидејќи ја валкаат на овој и на безброј други начини на кои не е веројатно да ја има-како тие патетики на виртуелна Фејсбук љубов.Секој сака да ја поседува тоа е вечен човеков стремеж и потреба но нејзината големина никогаш не би била таа низ сите епохи на човештвото да беше достапна како ваучер од сто денари или мастика на парче ова во денешни аналогии го искажав.
    Така да љубов за еден месец е вона би копија на блед занес кој најчесто од форсирање ќе премине во меѓусебна одбивност.
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    661
    Со мојон сме речиси 4 месеци.

    Околу мене, вака како што гледам, 15 годишни, се знаат месец дена па и повеќе и одма бегање од часови за да се видат со љубовта на својот живот, да му напишат на ѕид колку го сакаат и да си смислуваат проблеми за да имаат тема за што да напишат на статус.

    Леле мори мајко.
    Ќе се отрујам со паштета.

    Конкретно кај нас, работите не одат така. Ни јас ни он не мешаме љубов, онаа вистинска, со моментална напаленост, затрескување или убаво чувство после фино лапање.

    Мислам дека сум заљубена, сепак тој повеќе... само не знам да го кажам тоа, можда пошто не ми го ни кажувале на мене. Ама толку е. Не се лигавиме, единствено коа сме сами, па и мене не ми е ни пријатно тогаш.
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Хммм, малце е глупо. Идеш месец дена и велиш се сакате. И уште неможеш да преболиш. Абе и врска од една две па и повеќе години се преболува. Но, доколку партнерот сте го запознале, многу време пред да започнете врска, се е поинаку. Зошто инаку би започнале таква врска ако тој некој не ви значи. Но, пак зависи и до човекот, секој е различен. Јас тешко се приврзувам. Но, ако засакам некој ќе го засакам веднаш, ако не го засакам за месец, два....никогаш нема да го засакам.
     
  17. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Spored mene brzi i forsirani ljubovi brzo i zavrsuvaat
     
  18. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    334
    Па зависи од пар до пар. Јас ако не се заљубам, во првиот месец, дефинитивно нема да се заљубам. Ма каков месец бре, јас во мојот се заљубив по две недели. А јас бев вечниот скептик(италик и болд и андерлајн) за ваква љубов преку ноќ. АМА ми се случи и мене и си реков: Еј, епа возможно било.

    Еве уште малце година, а сеуште се сакаме како првата недела, и сеуште сум возбудена пред да го видам :)
     
    На Neznam1 и D.D им се допаѓа ова.
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Некако ми е исфорсирано цело тоа покажување емоции на почетокот на врската. Не за друго, пластично делува кога се хиперболизира нешто што и реално не постои толку рано во врската. Држење за раче ок, ама лигавење пред друштво не.

    И чудно ми е како некои си слават месечнини. Со зборовите на мудриот капетан Пикард:

    [​IMG]

    Убаво е да се сакаме, ама многу е поубаво кога чувствата си доаѓаат со тек на време и допринесуваат за интензитетот на врската, наместо драматизирање на љубовта па сечење вени кога дотичниот ќе не` остави.
     
  20. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    хммммм, ако добро прочитав сите вие сте против вакво "брзо заљубување" или во превод никој од вас не верува во -љубов на прв поглдед .
    Жал ми е што јас имам спротивно мислење од вас , затоа што верувам дека е можно да се случи љубов уште првиот ден , а не првиот месец :)
    Не сите врски започнуваат во диско или кафулиња , па партнерот за прв пат да го запознаеме таму .
    Јас со мојот дечко започнавме токму ваква **брза врска ** со многу емоции , не биравме место за искажување емоции ( секако во граници на нормалата ) и не испуштавме ден да си кажеме колку се сакаме по милион пати без разлика кој е во наша близина .
    Едноставно осетив дека ми се сучува љубов , почуствував дека и он го чуствува истото , така да не се мсилевме многу .
    Сеуште сме заедно и сеуште функционираме на ист начин , со многу емоции , разбирање , љубов и секако милион пати и кажување и докажување по текот на денот колку се сакаме .