Стојам цврсто зад тоа дека неможе човек да се заљуби толку брзо. Сум била во друштво на неколку парови кои после 2-3 недела се лигават, си изкажуваат љубов и како тие не би можеле да живеат еден без друг. Не е тоа љубов, тоа е опсесија и потреба. Јас и дечко ми долго време се мувавме ама тоа беше исто како да сме во врска ама не официјално и сега сме речиси два месеци официјално во врска меѓутоа никогаш не сме се лигавеле еден на друг. Ок, некогаш ќе си кажеме те сакам ама не претерано секој ден по 907968678 пати. Тоа е многу, и не е вистинско според мене. Полека но сигурно, си расте и се зацврстува врската од ден на ден, но тоа не значи дека треба да си изјавуваме љубов секој ден или да се лигавиме. Далеку од тоа. А и мислам дека на тие што се тлку опседнати побрзо им поминува, ова е друго не се оптеретуваме а сепак знам дека ме сака и знае дека го сакам. Постои љубов бидејќи сметајќи го и времето пред да се фатиме, додека се мувавме, тоа се 6 месеци што не е мал период. Веќе и меѓусебно се запознавме со сите маани и добро страни . А љубов дека постои во првите недели, сигурно дека не, тогаш всушност и не се знаат двајцата, како може тогаш да сакаш некој кој не го познаваш. Може само многу да ти се допаѓа физички, тоа не е љубов.
Познавам една девојка која кога го запознав дечко и кога видов како се однесуваат, мислев дека се заедно долго време а тие само еден месец биле заедно. И за тој еден месец тие запознаени цели семејства, мајката на дечкото таа веќе ја нарекува свекрва итн. Па јас со мојов 7 месеци одам и уште не сме до тој степен. Со најблиските запознаени сме, летово се запознавме, и јас со неговите и тој со моите, но не си го знаеме друштвото, ниту пак мене ми паднало на памет мајка му да ја наречам свекрва. Не можам да се замислам ниту со неговото презиме. За иднината кога разговараме ретко користам израз наш или наши, наше. Сметам дека сеуште е рано за некои нешта и не летам толку далеку. Пред еден месец дури му кажав дека е рано да ме запознае со целата негова фамилија, а тој сакаше да го направи тоа. Сметам дека додека не помине една година од врската ништо не е толку сериозно, сеуште се запознавате, си ги гледате маните, сето тоа ја обликува љубовта. Љубов и заљубеност не е исто.
Јас потполно се сложувам со фактот дека љубовта и заљубеноста дефенитивно не е иста беановита должина. Се си има свое време и простор па така и љубовта.. За да постои длабока чиста и искрена љубов со взаемна подршка и пред се компромис (начинот од вашата самосталност да се претвори во ваша единствена множина) помеѓу двајца партнери е потребно многу време, минато, искуства и изживеаност во една врска. За да врската се претвори во нешто поголемо и помоќно е потребно време и искуство, потребни се сите тие фактори за да надоградат една љубов. На почетокот преовладуваат пријателството и симпатиите во врската, сета таа еуфорија и почеток е возбуда и занимливост, моментот кога двајца партнери всушност се запознаваат и распознаваат самите себеси, се гледаат и чуствуваат, почнуваат да делат и да фунционираат заедни како целина.. Но со текот на времето неосетно сето тоа избледува и исчезнува, сета тоа љубовно доживување и таа еуфорија исчезнуваат и партнерите преминуваат во фаза кога наместо за "љубовни рчки" разговараат и се соочуваат со животни цели и иднината за нив двајца, преовладува хармонија и мир, начин на сериозност и длабоки муабети. Љубовта пред се бара многу време и трпение, бара посветеност и оданост, бара многу изживеани денови и воопшто периоди, бара труд и внимание, бара взаемен компромис .. но пред се бара чекорење на двајца кои неуморно и цврсто се држат за рака, способност од едно да направат све!
Да не споделувам претходен разговор, таму може да се види добро..и се гледа и тука чии зборови имаат поголема тежина.
Да, за жал. Постојано имаше гасење на телефон, понижувања, вреѓања за изглед и делот каде што јас му враќам е веќе на прееемногу негови навреди.
А што е поентата на објавување дел од разговор од кој секако не можеме да направиме проценка кој е крив? Вреѓање на сметка на физички изглед имате од двете страни со иста тежина.
И јас приметив дека го нема, па ајде да не споделувам пак. Моментално не можам да си поверувам со кој сум била.
Нема потреба, си видела и од моја страна, но не си видела пред тоа што е напишано, а можам тука да ти набројам. Интересно ми е што иста тежина ви има она моето и неговото.
Тоа е најважно, остало немаш потреба да се објаснуваш. Не го видов разговорот, така што не можам да кажам повеќе. Ама ако имало вреѓање од негова страна нема потреба да му молчи. Никој не треба да трпи навреди, стави блок,смени број и сврти нов лист.
Што е интересно? Дека женските може да вреѓаат, а машки ако навредат тогаш овде ќе се поддржуваме и ќе сме "феминистки"? Не знам ништо за вашата врска, може тој бил тотален идиот, ама делот што го објави ви беше на подеднакво ниско ниво на двајцата.
Ти благодарам за поддршката, сега ми е потребна и мило ми е што некој разбира дека на навреди не треба да се молчи. ❤
Тогаш што не објави слика само од неговите навреди? У тоа што го објави буквално од тебе почнуваа навредите, како да оформиме поинаку мислење ако пред очи ни е "доказот"? Мило ми е што си се спасила, се надевам нема да имаш такви непријатни ситуации повторно.