Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовта откако ќе се омажите

Дискусија во 'Брак' започната од black-i, 5 јуни 2010.

  1. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Јас сеуште не сум во брак, но можам да кажам нешто од она што го гледам. Моите родители и после толку време во брак (а и долго време пред тоа биле во врска) ми изгледаат како секој ден да се позаљубени. Татко ми ја изнедадува мајка ми со кафе во постела, мајка ми него со масажа и уште мн такви ствари. Никогаш не сум слушнала и не сум писуствувала на некоја голема кавга. Кога се гледаат очите им светкаат, ептен ми се мили и заљубени. Како тинејџерчиња :Р
    Љубовта постои и во бракот, само треба да ја негуваш и да не дозволиш бракот а и сексуалниот живот да ви бидат монотони. Внеси нешто ново :)
     
    На Ilinaaa, tessie, slavica999 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Нормално дека работите се менуваат кога стапувате во брак. Како прво да го земеме фактот дека се што било обврска на вашата мајка дома кај вас сега ќе биде ваша обврска. Почетокот за мене беше тежок, првите 7-8 месеци, па потоа со мм почнавме да се усогласуваме и да се прилагодуваме еден на друг. Во однос на љубовта, ако ме прашате мене би ви кажала дека сега го сакам многу повеќе отколку кога бевме само во врска, иако мислам дека се зависи од личностите. Сексот е веќе друга тема... Нормално дека со зголемување на обврските, па деца, па работа и сл., сексот страда и тоа многу :) Се помалку време имаме за секс мислам дека и се помалку размислуваме. Ако порано имавме секс два до три пати неделно сега имаме само еднаш, ама кај нас тоа воопшто не влијае на врската.
     
  3. Ariel25

    Ariel25 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Јас сум мажена веќе неколку месеци,а живееме заедно веќе година дена,и деф. дека работите се менуваат.Има добри моменти има и лоши.секојдневните обврски работата тоа е една дневна рутина што уништуаат мн. од романтиката. Треба труд,прилагодување.ние двајцата сме доминантни личности ,тоа тука е плус потешкотии. Мажите сакаат да се доминантни,отстапете му го тоа,бидетее мудри и послушни само така работите ке бидат онака како што сакате. Кога си во врска,излегуваш се гледаш 2 сати и тоа е тоа,а во заеднички живот заедно си цел ден,и решаваш мн.проблеми во тој ден.Сепак мн. ми значи на вечер кога ми студи,тој ме топли,кога сум тажна ме теши,кога си потпевнувам ме гледа и се смешка,кога откачвам се смее и уште мн. мн. други ствари. Иако сега му сум лута, и не му праваам муабет во наредните дена, знам дека без него животот би немал смесла,како сега.
     
  4. roksen

    roksen Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Vo brak sum nekolku meseci so mojot soprug,predhodno bevme 4 godini vo vrska,od koi poslednite 2 godini po nekolku meseci sami ziveevme zaedno,i sega sami ziveeme- vo dr drzava,normalno deka dogja red i da se skaras no koga seto toa trae nekolku minuti i sleduva razgovor zosto toa se slucuva,dogja do najslatkoto pomiruvanje :inlove: :* mn e vazno pred brak partnerite da mozat zaedno da ziveat ako se vo moznost da se pocuvstvuva taa zaednica,fala mu na Gospod mislam deka sekoj den se poveke i poveke si go sakam mojot soprug i toa e vzaemno cuvstvo......ne mozam a da ne go ispratam i da go precekam od rabota bez da si go iguskam i izbacam-ako ne go napravime toj nas ritual ne ni odi denot kako sto treba ili da si posakame i dobra nok i dobar son i pokraj toa sto spieme eden do drug,najvazno e mislam spored mene kako ke pocnes da ja gradis vrskata taka ke prodolzi i ponatamu i vo brakot,so doverba,pocit,razbiranje,komunikacija a pred se ljubov i taa treba da se neguva i zacinuva sekoj den raboti koi go pravat zivotot-zivot!!
     
    На AloneM и MandyLane им се допаѓа ова.
  5. E12345S

    E12345S Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo jas sum nova i bi skala da mi pomognete so vasite iskustva vo brak sum dve godini imame malo dete od godina ipol otkako se porodiv mojot maz ne me ni poglednuva pred toa sve bese super nonstom mi obrnuvase vnimanie sekoj den sakase sex sega nisto i otvoreno razgovaram so neko i sve mi odgovara mnogu sum umoren da ne go razbudime deteto i slicni raboti ve molam pomagajte kako da mu go privecam vnimanieto. ;(
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ^ Една од честите грешки кои ја прават паровите откако ќе им се роди дете. Несвесно љубовта ја пренесуваат на детето и забораваат на самите себе си односно на својот партнер.
    Ова не значи дека треба да се тера како што било претходно односно 100% внимание на партнерот туку доволно во текот на денот да се сподели некоја емоција. Јас велам крадење од слободното време за себе и насочување кон партнерот.
    Обврските сами по себе си го прават своето од една страна не гледајќи на друга страна дека згаснува љубовта. Ако не се одржува и и` се посветува минимално внимание секое живо суштество кога тогаш ќе посака да биде посакувано и љубено и тогаш обично се изневерува и се влегува од проблем во друг проблем. Емоционалната потреба е интересна работа :) . Колку повеќе сакаш толку повеќе ти се враќа.

    Е12345S отворено разговарај со него за проблемот што те мачи. Потенцирај му дека се одалечувате а причина за тоа не треба да биде работата и детето. Со тек на време ќе ви се јават поголеми фрустрации и нервози и еден ден ќе бидете тотални странци кога ќе видите како си го уништувате бракот. Почни тактички и не навалувај веднаш секс, тој ќе си дојде сам по себе. Доволно е навечер или во текот на денот на пример ако имаш можност, да му покажеш милост, внимание, љубов, да се почувствува посакуван. Ако има емоција кон тебе со еден допир, бакнеж ќе почнеш да го палиш а се останато само по себе ќе си дојде. Разгори ја страста и дели повеќе заеднички моменти со него (едноставно само лежете, гушкајте се, галите се....).
     
    На hermosa, E12345S и imelda им се допаѓа ова.
  7. E12345S

    E12345S Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    sekogas razgovaram otvoreno no toj toa ne go priznava i nikogas ne sum se posvetila samo na deto sekogas se posvetuvam i na dvajcata no ete toa on ne go pravi rabotata mu e takva sto izlaga od doma vo osum nautro a se vraka vo edinaeset navecer i samo nedela e sloboden no i porano bese taka pa pak mi posvetuvase vnimanie a sega nisto od toa neznam kako da mu go privlecam vnimanieto
    ;( :(
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Eли,штом не признава отворен разговор,манипулира а тоа е најопасен тип на човек.си имав работа со таков ,и плус незрел беше.
    но ајде,од искуството се учи.
    мојот став на оваа тема е дека има луѓе кои животот го сфаќаат како забава,лесно е кога си во врска отидеш на кафе/ручек/вечера,во кревет романтики ,имаш послободно време и се караш за глупости,понекогаш.
    а бракот е сериозна работа,бара посветеност и пожртвуваност.треба да си психички подготвен дека во бракот нема играчки,има сметки за плаќање,треба да се работи за да се опстане ,треба да посветиш внимание на брачниот другар,па плус кога ќе одимаш дечиња треба подеднакво да се грижиш за мажот и за детето.
    некои мажи и жени ,без оглед на годините,никогаш нема да бидат зрели за брак.
    мислат дека да имаш жена/маж, треба да е исто како во врска.сум гледала и слушнала за мн примери каде мажот е разочаран зашто не е ист животот на самец и на женет,нема излегување често со другарите и кога он сака,семејството е на прво место.друго им смета ако жената малку се запостави заради немање време или не им е интересно да ја гледат партнерката секој ден до нив.епа можам милион примери да дадам ,но зброт ми е некој/а и на 20 години е зрел/а за брак,а некој/а никогаш.
    се е до нас,како го перципирме животот,бракот и поврзаноста со партнерот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Зависи од многу фактори според мене: каков е човекот покрај нас, колку отвореност имало во нашиот однос и колку на истата сме спремни во еден брак (ова според мене е можеби меѓу најважните :!: ), колку сме подготвени за самиот чин и дали сме одлучиле да (не) стапиме во брак од правилни или погрешни причини.

    За животот, сосема е исто како кога бевме во врска/верени и живеевме заедно. Љубовта си е иста, страста си е речиси иста,
    имавме мал пад на тоа поле, но благодарение на нашата отвореност и обострана готовност да го одржиме браков како што треба и тоа се реши
    , туку друго имам забележано што е сменето. Грижата еден за друг (обострано) . Со текот на времето станува се` поголема и желбата што повеќе да го заштитиме другиот.

    Мислам дека кога веќе самата врска оди накај брак, мора малку со позрел пристап да поработиме на меѓусебните односи. Лично кај нас, многу позитивно влијаеше тоа што уште во самата врска, не си префрлавме еден на друг за работи кои не зависеа од нас. Кога ќе се случеше нешто такво, си викавме „Ај биди ти жив/а и здрав/а, се` се постигнува“, немаше муртење, обвинување и слични работи кои не би вродиле со плод, туку би му дале горчлив вкус на тоа дотогаш што сме го изградиле.

    И исто така, многу е важно и двајцата да го сакаат и да сакаат да го сочуваат бракот. Не зборувам за трпење на се` и сешто само да се остане во брак и да се газиш самиот себе. Зборувам за тоа да постои обострана желба за подобар меѓусебен однос.

    Додуша мислам дека, за нас лично, околностите си го направија своето и не` натераа еден во друг што побргу да го најдеме својот најдобар пријател.
     
    На galijan му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    мене љубовта ми остана бас иста како и кога бевме деЧкои девојка па верени :lol: ама бас потполно иста :inlove: истите емоци,слиЧни слуЧки,романтиката,љубомората :D :D :inlove: исто :inlove: незнам сто да наведам друго ама се е исто,само сто сега е поубаво заедно сме секој секунда :)
     
  11. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Со дечко ми сме заедно повеќе од 10 години.Сега планираме веридба.Можам да кажам дека се сакаме се повеќе и повеќе.Одвај чекаме да се земеме и да си имаме детенце и заеднички дом.Возрасни луѓе сме, завршивме факултет, имаме колку толку убави работни места и сега е на ред брак.Сакам да кажам дека во брак треба да се влезе како реализиран човек кој знае што сака и кој за сите проблеми разговара со својот партнер.Дете на 18 години не може да има, барем на почеток убав брак бидејќи сеуште мисли дека бракот е милување и галење а не и обврски и грижа за домот.Љубовта постои, само треба да се негува.
     
    На Vetruska, leo-n-tina, L-a-r-a22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    179
    Ние со мојот сопруг бевме во врска 7 години се земавме пред 7 месеци и сите работи се сменија.Живееме сами но сепак нонстоп се наога причина за расправија.Се надевам ке се смени нешто затосшто почнав да размислувам на развод.
     
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    146.570
    Пол:
    Женски
    а бре орхидејче,како тоа одма не ви оди па за развод размислуваш.ако по секоја караница прва помисла ти е развод до никаде не одиш.чекај велиш само 7 месеци сте во брак уште не сте се навикнале на заедничкиот живот.џабе сте биле 7 години во врска тоа како што и сама забележуваш нема врска со бракот.бракот е нешто сосема различно и далеку посериозно.негувајте си ја љубовта што пред тоа сте си ја имале ,треба време за да влезете во колосекот на брачниот живот и многу умешност за да се усогласат обврските и потребите за сите да се срекни.
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Кога само ќе се сетам колку си се сакаме и се....и кога ќе прочитам нешто вакво страв ме фаќа. :o
     
  15. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Време е за бебе ,и јас имав долга врска и после неколку месеци ,почнавме за глупости да се расправаме,и си решив што ќе чекам сакам бебе и бидна бебе ,сега е понапорно ,но откако се роди малиот некако и посмирени сме бебето дава една таква убава енергија и во најтешките моменти ,нема време за глупости да се расправаме се се сведува и подредува на него.
    Така да тоа ти е мој совет.
    Развод никако ,толку години да инвестираш во врска и сега за глупости да се разведеш :fubar: .
     
  16. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Nekogas ni bebeto ne vredi da bide,,,zosto ako pak prodolzat so istoto ke bide poloso i za niv i za bebeto,,,,brakot ne e igracka ako taa razmisluva za razvod znaci deka imaat poseriozni karanici ili nesto slicno,,,nikoj ne e budala da razmisluva na razvod toa e poslednata opcija vo brakot
     
    На MargaritaD^2 и imelda им се допаѓа ова.
  17. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    179
    Искрено додека не се средат или барем да почнат да одат во позитива работите не планирам бебе.Бебе е плод на љубов не експеримент дали ке ни биде подобро. Многу е тешко да го каѓжеш ова срека што постојат форуми па можеш да се искажеш :) Се надевам дека ке почнат да се средуваат работите ако не....
     
  18. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    trpenije spasenie ,,,ne brzaj prvo vidi koja e pricinata zosto se karate koj e kriv,sto mue e na maz ti zosto nastanuvaat raspraviite,,zosto ednas ne razgovarate otvoreno,,,veruvaj prvata godina od brakot e najteska dodeka dase priviknite eden na druk da si gi naucite karakterite,,
     
  19. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Епа ако 7 години немало љубов ,нема да има ни за бебе ,сакам да кажам дека неможе човек за 7 месеци да се промени овде нешто недостасува или имаш некој поголем проблем што не е за споделување,бидејќи туку така не се помислува на развод.
    Бракот бара да се посветиш,да толерираш,да научиш да го сакаш маж ти и покрај маните,како и да е тоа треба да е взаемно ,не само еден да дава друг да зема.
    За мене бебето беше зацврстување на врската и љубовта.
    И дете родено како плод на љубов ,незначи дека нема да биде во иднина и дете на разведени родители.
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    првата година на заеднички живот е најтешка за сите без разлика дали има љубов или не.

    јас сметам дека со мм имаме една неверојатна врска, огромна љубов, разбирање и почитување и сум премногу среќна и горда на тоа.

    НО кога почнавме да живееме заедно беше многу тешко и покрај сета љубов, уште тогаш се жалев на форумов, плачев мислев дека нема ништо да биде од нас, нервоза до плафон навистина имаше тешки моменти.... затоа е многу полесно да се живее заедно пред брак за да се прилагодите еден на друг и самата помисла дека сте во брак да не ви тежи во тие моменти. ние дури и се степавме неколку пати :lol:


    ние заедно живееме веќе 4 години а во брак сме едвај 10 месеци. мислам дека е премногу рано да зборувам но до сега ништо се нема сменето љубовта е иста функционирањето исто така. ние веќе си имавме живот, систем на функционирање така што самиот брак воопшто не влијаеше на љубовта или на однесувањето.

    така да ум во глава ако се сакате бидете стрпливи, смирени и дајте се од себе да се прилагодите еден на друг. многу важно е двајцата да се трудите...
     
    На Moira, Mrs.Bass, imelda и 2 други им се допаѓа ова.