se slozuvam so tebe i jas sum vo brak skoro godina mislam deka ne treba da se tera inaet da se ima razbiranje so soprugot i se ke si dojde na mesto ama stom ja izdrzavne ovaa godina velat deka ke se tera za dolgo kriticnoto pomina
Уф, многу се ужаснувам од лоши приказни и искуства на оваа тема, знам дека е ГОЛЕМА промена и прилагодување, ама да се сменат работите за 180 степени, до оној некој степен на непрепознатливост на двајцата и од толку љубов да остане само огорченост и секојдневни кавги, не знам... Или да ми се швркне веднаш после потписот во матично како што прават поголемиот дел, да ми дојде некој ден со мотор или спортско автомобилче зашто му прднало на паметот да доживува втора младост и втор пубертет или оние што после тоа се како кучиња пуштени од синџир, па не се прибираат со денови и ноќи, а претходно биле релативно нормално партнери. Им се менува менталниот склоп преку ноќ. Или јас да се швркнам, ме фати параноја од целиот тој заеднички живот, некоја блага хистерија што сега, како понатаму, брррр... се страшувам вистински. Не сакам тоа да се случи никогаш, јас живеам со мислата дека - после тоа ќе ни биде поубаво!
И треба да биде поубаво Трендафилке барем мене така ми е, не се жалам Кога веќе сте решиле да се венчате, значи дека сте го прифатиле партнерот онаков каков што е, со сите доблести и недостатоци. Заедничкиот живот подразбира компромис, толеранција и разбирање, а љубовта ако ја има (има и бракови без љубов, да не се лажеме), се гради и понатаму, не само пред бракот и во првите години. Ако помислувате на развод при првиот посериозен проблем или кавга, тогаш или не сте го одбрале вистинскиот партнер или нешто со вашите очекувања од бракот не е во ред (читајте, сте очекувале премногу, сте добиле помалку, па се разочарувате). Затоа добро е некој период да се живее заедно пред бракот, да видите како функционирате во заедничкиот живот.
трендафилка не се работи само за него и неговите желби и каприци се работи и за тебе, твоите навики твојот простор твоето функционирање и ти ќе имаш проблем со самата себе си и со него но тоа ништо не е страшно. навистина е прекрасно да се размислува на таков начин дека потоа се ќе биде убаво но живи луѓе сме со чуства и со мани а животот не е бајка цело време....
Вкупно од 10 години врска, можам да кажам комотно дека половина живеевме заедно. Дали кај мене, дали кај него, дали се блесавевме низ цела Европа со месеци, во секој случај - заедно. Секоја одлука, секоја ситница, секое кафе, се беше заедничко. Од веридбата живееме заедно, и тоа топтан со се неговите, имавме милион проблеми дневно кои успешно ги решававме. Приметив дека сите проблеми кои ги имаме не се расправаме за нив, туку ги решаваме. Веројатно и двајцата сме такви да не си ја префрламе вината и не се караме за туѓите влијанија. Ги поминавме сите фази, од пубертет, до збеснување, пијанчење до сабајле, па ај вегетаријанци ќе бидеме, е ај сега незнам што, значи сите можни и неможни лудила. Па и на брод отидовме, мислам уште на нафтена платформа само не бевме. Не дека сега не знае некој од нас да збесне, како јас минатиот викенд цела за никаде, со се стомак отидов да се журкам затоа што свеки ми здосади дека жената откако ќе се омажи треба да оди на работа, да пере, пегла, готви и робинка да биде. И јас дотерување, и правац журка. Резил, незнам што да кажам. мм исто, си има негови моменти. Никогаш не сме си ги забраниле, од причина што после сме како бајчиња еден према друг. Рецепт, успешен. Сме се сакале, се сакаме и ќе се сакаме, па незнам што да се случи. Нашата врска беше градена на стакло и тоа скршено, па и направивме темел како за стокатница. Фала му на Господ што ми го даде, уште сто животи да живеам, уште сто пати нека ми го даде него!
Сите што рекоа живеење заедно пред брак, да ги поздравам, а момичките да ги послушате ако имате можност. Тежок е тој период, навикнување на сите навики еден на друг. Не е тоа љубовта што се менува, туку стилот на живот а со тоа зависи како се прилагодувате. Јас како што сум жена како прво и ме бијат хормони, па и знам сама на себе премногу да си бидам, и да ме тера нешто да излезам од дома за да не си правам гужва, уште на такви моменти ми фали и некој да се сопинам од него низ дома Периодот на навикнување на делење нов дом со некој друг не полни нервоза без да ја осеќаме, се додека не се испукаме за два чорапа споени од разни парови Финтата е да си давате сеуште слободно време еден без друг, да имате време да дишете што се вика, па и да имате што муабет да си направите на крај на денот, каде беше вака така, кој виде како си помина што има ново кај нив... За љубовта конкретно, тоа е нешто што се одржува, со давање, покажување и искажување дека ја има. Тоа што сме се омажиле не ни гарантира дека ќе останеме заљубени во партнерите, и тие во нас, оти не фати некоја мрза и полека се запоставуваме додека не се створи јаз, па или ќе градиме мостови или ќе си мавнеме раче. Инаку, најдобар совет што имам да понудам на темава е, никогаш не останувајте скарани пред спиење.
Првите неколку дена, бидејќи бевме претепани,ненаспани и уморни...нон стоп со гости. Немавме ич време за себе и апсолутно ме фати паника, дека мм сменил нешто со чувствата. Но штом заврши таа фрка трка....се виде дека љубовта е суште тука и дека се си е прекрасно
Кај нас љубовта не е толку застапена како што беше првата година од бракот. Нашата љубов е насочена кон синчето.
Кај мене љубовта не се намали, напротив расне секој ден и секој миг поминат со мажето ми. А како што гледам истата ситуација и кај него е. Баш ни е убаво заедно, уште едно бебенце и ќе биде најубаво. Спојлер Жена на братучед на маж ми, прашува: И сега се сакате ли од како сте во брак? ( и тоа првите 5-6 месеци од како правевме свадба, а пред свадба една година живеевме заедно) Јас и маж ми се погледнавме и почнавме да се смееме. И маж ми рече: Како може да не се сакаме? Ако потпишеш во матично и љубовта треба да престане ли? И таа: Не, онака прашувам. И тоа прашува пред маж и. Мислам дека кај нив љубовта згаснала, а имаат мало дете. Кој незнае да ја негува, љубовта ќе си оди. Не го дозволувајте тоа!
Бракот, исто како и врската, треба да се негува. As simple as that. Со секој изминат ден го сакам се` повеќе, а и тој мене. Кога си доаѓа од работа секогаш е насмеан и ме гушка силно, силно.. нема поголема среќа за мене кога сме заедно. За нас, бидејќи предходно не живееве заедно, се сменија обврските. Порано јас не готвев воопшто (додека не бев мажена), а сега, периодов немам работа, па домашните обрски се мои, освен за викенд кога заедно готвиме, заедно се`.. Ете тоа се смени само. А љубовта расте. Дај Боже секогаш да бидеме вака среќни.
Pa raste . Ustvari , uste od pocetokot na brakot , si " frcat " ljubovni iskri od nas , pa sveki cesto znaese da go kara mm : " ama ne ja gusi tolku zenata , imaj oset bre dete . Znam deka si ja sakas , ama ako prodolzis da ja gusis vaka , ke ti pobegne " . Cesto znae da me gusi i stipne pred nea , ona rab na psihijatrija , pa si e operirana od sram , ama mene me jade sram , nekako , ne sum taka vospitana , pa mn cesto znam da mu se razvikam ili da go stipnam xD A sinko ne dava za ruka da me fati mm , mi se cini nekoas deka toj e poljubomoren od mm
Kaj mene od denn na den mi e se poubavo lubovta pojke ni se zgolemuva. Nekogas znaeme da se pokarame jas so mojata nervoza ama nasata karanica trae 5 min i pakk kako nisto da ne bilo pokraj mene si imam maz koj me razbira svajka i blagodarna sum za toa.. Sega si ocekuvame bebcee si pravime zaedno nekoj planovi i toa e to .. Okolu brakot treba i da se posvetis za da ti bide sovrsen kako i vrskata mene sega vo brak mi e mnogu poubavo negoli vo vrska
Во брак ни е многу поубаво отколку во врска, се смееме, гушкаме се поддржуваме, знаеме и да се скараме, но тежок човек сум за живот и компромис, имам моменти кога воопшто не сум флексибилна, и големи критериуми. Премногу сум одговорна можеби затоа. Најчсето знаеме да се спречкаме за свеки и золва ми затоа што свеки е научена да манипулира со сите, па јас не ја оставам.. Тие треба да се најмалку важни, се научив да ги исклучувам, но сеуште учам од скоро сме во брак, а и многу сме млади. Се ќе биде, најважно е дека премногу се сакаме, разбираме.
Многу ми е мило за повеќето мислења кои ги прочитав тука, па ме интересира дали некој има ваков пример: На факултет кога учевме за љубов се спомена таа романтична љубов. Беше споменато дека таа престанува штом целта е исполнета односно ако на некој му е целта да стапи во брат - односите после брак се ладат, или да има деца - па после тоа односите се ладат. Од една страна ова ми беше логично, од друга не. Ме интересира, зошто реалтивно далеку сум од ова, пред да стапите во брак, дали имавте некоја цел или очекување од бракот и како тоа се одразило отпосле?
Секој има некоја цел пред да стапи во брак.Секако во брак не се стапува без Љубов нормално е тоа , ама нели како што кажа после доаѓаат деца и нормално е да има помалку време да се посвеге еден на друг . А тоа автоматски значи и оддалеченост.Сепак љубовта трае но не како на почетокот.Има романтични моменти ама тоа се помалку за разлика од на почетокот.А сметам дека и довербата е многу битна ако партнерот има доверба во тебе и не се сомнева т.е не бара лакно во каша тогаш мислам дека врската е постабилна и бракот поцврст . Инаку во секој брак има моменти на криза и недоразбирања кои секако дека можат да се надминат. Тоа е мое мислење а целта е да се остане заедно до крајот на животот ако има меѓусебно разбирање и толеранција.
Мислам дека подобро ни е во брак, имаме разбирање за се,кога нешто ни смета седнуваме разговараме, јас знам повеке да тропам кога сум нервозна ама он знае да седне со убаво да разговара со мене дури и да ме подучи, исто така љубовта ни е поголема повеке се сакаме се гушкаме и се друго
Според моето искуство љубовта си останува ако ја имало уште од почеток само обврските се менуваат. Меѓутоа на почеток треба прилагодување на нова средина на друг карактер. Потоа се навикнуваш со тек на време...