1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовта откако ќе се омажите

Дискусија во 'Брак' започната од black-i, 5 јуни 2010.

  1. ILoveBaby

    ILoveBaby Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2016
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Ние сме во брак 2 години а во врска бевме 1 година. Мене се ми е истосега обврски тоа е нормално. Иначе подобро ми е во брак :)
     
    На Majakisss му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.091
    Допаѓања:
    220.944
    Пол:
    Женски
    Љубовта откако ќе се омажиме е всушност самата таа љубов што ја доживуваме од самиот почеток, ако сме биле еден за друг, ако ја имало таа искра и таа хемија потребна за меѓусебниот опстанок и заедница сметам дека нема простор за негативни дискусии за темава.
    Но, нели се се менува и ништо не е вечно, прашањето е колку ние сопружниците сме доволно заљубени еден во друг и колку тоа сме спремни да издржиме пред предизвиците низ животот и секогаш да останеме како "едно", не тврдам дека ништо не може да се смени во однос на самата љубов и односот меѓусебен но тука навистина се во прашање големи фактори.

    Лично за мене, таа љубов и таа блискост што ја имам со мојот сопруг е непроценлива и далеку пофанцинантна во брак и заедница. Немав време да разглабам како беше во врската но дефенитивно живеачката ми е далеку пофантастична. Во смисол на самото поминато секојдневие и ноќта, компромисот на самата обострана фунционалност, будењето покрај најважниот човек и самиот живот живеејки го со него.
    Ми се чини дека никогаш во животот нема да се покајам за мојаа одлука за да бидам среќна, исполнета и заљубена.

    Да имам и уште еден живот би го барала истиот човек под дрво и под камен и без размислување би му го посветила остатокот на мојот живот, без разлика на се!
     
    На Tatjana95, MargaritaD^2, ЈеленаЏиш и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    БРАВО!!
     
    На vitamina и hermosa им се допаѓа ова.
  4. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Љубовта е поголема и мн ни е поубаво сега зошто сме цело време заедно :inlove: Тој ми е најголемата поддршка и едноставно не можеме еден без друг.
     
  5. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Поинаку е, љубовта е позрела, па тоа е нешто прекрасно.
    Градиш заедничка иднина со некој без кого веќе не можеш да си го замислиш животот.
    Правите планови заедно, ги остварувате или се носите со последиците на неуспехот.
    Се борите заедно.

    Нема ништо поубаво од тоа да се разбудиш покрај својот сопруг, да го испиете утринското кафе заедно и да си дадете елан за наредниот ден.

    Според мене, битно е убаво да се познавате еден со друг, да си верувате и безрезервно да се поддржувате, тоа е клучот за доживотен и успешен брак.
    Треба да си се посветите еден на друг, да правите другиот да се осеќа сакано, почитувано и ценето.
    И се разбира, никогаш да не ја загубите смислата за хумор.
    :l:
     
    На mila1111, theowndemon, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.