Ако викаш, ќе те чуе секој, ако прошепнеш - ќе те чуе најблискиот,но само тој што вистински те сака, ќе те чуе дури и кога молчиш. Тоа е Љубов!
Љубов е ... Кога не се лигавиме на фејсбук , не акаме срценца на ѕид , не постираме песни за сечење вени , и глумиме Ромео и Јулија . Немаме 5724 слики , не се нарекуваме бар на фб бебушко , срцушко ,љубов . А да и љубов е кога немаш статус на фејсбук :geek:
според мене љубов е едно од најубавите чувства на светот посебно кога е возвратена... љубовта не се гледа преку фб,твитер и ред други работи,таа се чувствува...можеш да приметиш вљубен човек,бар на мене ми се познава
љубов е кога на дечкоти ќе му речеш: "убаво ти стои новата кошула" и постојано ја носи.. хахахаха се шалам.. љубов не се опишува тоа е тоа чувство што те исполнува, те праи среќен..
...патешествие низ непознатиот или недоволно познатиот лавиринт на нашите чувства. На овој терен нашата рационалност често е поразена, гордоста погазена, идеалите срушени, мазохизмот и садизмот на духовен план често цветаат и се шират ко џунџулиња, во голема мера откриваш за себе дотогаш непознати зависности, кои варираат од највозвишени емотивни Килиманџара до најниски страсти од некој подземен Хад... Љубов е слободен пад од Кукуле со претходно сознание дека може черепот да ти прсне од притсокот и да се направиш парампарче, сепак скокаш со целото свое битие, бидејќи тоа е еликсирот на животот и амброзијата на обичниот мал, а тогаш толку голем човек. Затоа, љубовта не е за духовни хипохондрици. Ама, како за инает токму нив ги пикираат најдобрите скокачи, бидејќи селекцијата и распределбата на овој шарен свет отсекогаш била и веројатно ќе остане чорба, салата или каша попара, со по неколку чесни исклучоци тук таму, колку да расипуваат просек, а сите би да сме дел од таа група, ама ...
Па мислам дека нема да можам да го дефинирам поимот љубов,според мене тоа неможе да се дефинира тоа може да се само почуствува.Според мене љубов е тоа што иако сум во 1 год врска сепак кога треба да се видам со дечко ми ги чуствувам оние пеперутчиња во мешето како првиот пат кога се запознавме
Потполно не си во право,љубовта е насекаде околу нас...Не го знаеш тоа чувство затоа така збориш...Кога ќе ја почуствуваш првата љубовна болка,ќе дознаеш што значи да љубиш...Тогаш ќе ти светне...Хм..како нема љубов кога некој толку многу ми значи?Би го дала и животот да е со мене...Тогаш запрашај се..А што беше ова? Одговорот е Спојлер ЉУБОВ
Во последно време си констатирам дека нема љубов се е навика... кога ќе се навикнеш да си со некој и ќе се навикнеш да ги сакаш неговите маани и доблесити тогаш и почнува да ти значи, како да кажам љубов е понежен збор за навика хааааааа
Љубов е кога ќе го погледнам и слушнам сеуште ми предизвикува пеперутки во стомакот. Љубов е што секој ден му се молам на бога само тој да е добар и да ми го чува. Љубов е што тој за мене е целиот свет. Љубов е што секое утро ми започнува со мислата за него. Љубов е што јас сум му се и штој тој е среќен кога јас сум среќна. Љубов е што само што ќе ми го слушне гласот знае дали е се во ред или не. Љубов е што ми е најголемата потпора на која што можам да се потпрам...
Љубов е кога ќе го видиш него и ти се крева адреналинот.. љубов е кога ќе го однесат во болница и коа ќе отидеш таму почнуваш да се препотуваш..ти стои грутка во грло и ти се тресат нозе.. љубов е кога ти летаат пеперутки во стомак. Љубовта е најпрекрасно чувство на свет..нема дефиниција.
[СДК] Сакам да кажам... Љубов е кога дечко се обидува да те науче како да бидеш тишлер , кога ти бара бургија F4 , биц за штрафење ........а ти вртиш со очињата и си викаш побогу што беше сега ова .
ЉУБОВ Е КОГА ВО НЕКОИ ОЧИ, ГО ГЛЕДАШ ЦЕЛ СВЕТ Љубов е кога тато ми купува сешто, кога баба за мене мати торти вешто, кога дедо ми вели : - Внучко моја мила, кога тета ќе рече : - Имаш коса ко свила. Љубов е кога силно ме гушка мама, љубов е кога знам дека не сум сама! Ама таквата љубов, да ви кажам, за мали деца била! Сега во мене поинаква љубов гнездо свила. Сега знам дека , всушност, ЉУБОВ е кога некој засрамено ми се смешка. Љубов е кога Саше ми вели : За тебе ниедна работа не ми е тешка! Кога Баже се обидува стој на една рака пред мене да прави, кога Иво ми нуди сочни јаболка здрави! Љубов е и кога Мики пред сите се прави важен, а пред мене не умее ни збор да каже. И кога еден палав Раде се што има сака само мене да ми даде . Ха, ха , ха, ваквата љубов навистана е смешна! За мене вистинска љубов... е кога во сините очи на едно момче фино од мојот клас (а името му го кажувам само дома, кога никој нема и тоа на целиот глас), целиот свет како на дланка го гледам! И на патот кон дома скришно го следам, скришно го следам! Љубов е да флертуваш прекумерно, но притоа да знаеш дека личноста пред тебе не мора да направи ништо. Љубов е несовршеност во партнерот без да ти пречи. Љубов е да пропуштиш прилика поради тоа што не е вистински момент сеуште. Љубов е кога ти е дадена искрена можност да речеш -не- кога мислиш дека си обврзан. Љубов е двајцата да се грижите. Љубов е нежен бакнеж за добра ноќ. Љубов е да кажеш погодна фраза за да направиш прегратката да се претвори во скокоткање и кикотење. Љубов е да согледаш што твојот партнер навистина сака. Љубов е кога знаеш кое време е, а не ти пречи толку доцна што е. Љубов се рацете (на партнерот) околу тебе што те гушкаат силно. Љубов е да видиш нова страна на личноста што ти мислиш ја познаваш. Љубов е да се разбудиш и покрај себе го имаш оној кој што си го сонувал. Љубов е кога двајца само си зборуваат на половина од креветот. Љубов е да кажеш чао знаејќи дека ќе се вратиш. Љубов е да бидеш покрај љубената утрото кога се буди. Љубов е секс без да кажеш „да водиме љубов“ заради тоа што знаеш дека парнерот сака. Љубов е да кажеш „ако престанеш те убив“ Љубов е седејќи покрај прозорецот, загледан, размислувајќи за вчера ... Љубов е кога во зимо го слушаш ветрот и ти студи, а ти посакуваш да си на топло во кревет со саканиот. Љубов се нештата кои никогаш нема да бидат кажани.