Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов е...

Дискусија во 'Врски' започната од LivingGlam, 15 август 2011.

  1. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Љубов е нешто за кое сите филозофираат, а тоа не може да се дефинира и затоа секој ја сфаќа на свој начин. :?:
     
  2. antoanets

    antoanets Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    мојата ... кога те гледам ваков со фриз лустерица, небаре умопобрканиот на Гогољ, а срцето ми тупка ли тупка.
    неговата... кога ми дозволуваш да ти ја скастрам косата само и само јас да се насмеам, (за да ме извадиш од состојбава која ме прави идиотка) за само да ми ги исполниш моите забегани желби.
    кога ме советуваш на потешкиот начин т.е. дозволуваш да паднеме поради мојата неопислива потреба за ризици, а самиот знаеш дека не се баш најдоброто решение, но ги прифаќаш.
    кога те гледам како се даваш за мене, а јас себично барам уште и незнам за доста.
    мојата... кога чувствувам дека си мојот чувар од сите опасности.
    кога ја прегазувам мојата суета само да бидеме заедно - патем упм многу е несвојствено за мене тоа бе.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    А бе дечки нема љубов, се е само навика :|
     
    На renne му/ѝ се допаѓа ова.
  4. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Љубов е бакнежот во чело.
    Љубов е возвишеното чувство кое го осеќаш кога ќе те гушне толку силно, што уште малку фали да ти го искрши секое ковче од торзото.
    Љубов е кога додека сте на час ќе ти пише порака за да погледнеш надвор и да видиш дека паѓа она што најмногу го љубите и ве потсеќа на вашиот почеток - снегот.
    Љубов е кога ти го масира премногу истегнатиот грб од салтата на физичко и иако можеби не масирал добро, после масажата се осеќаш како препородена.
    Љубов е кога на зима ти ги зема замрзнатите рачиња и ги става кај него во џеп, а тој во неговите хухнува за да си ги стопли.
    Љубовта е кога те љуби, иако го нервираш со претераната грижливост и ненормално многу го потсеќаш на мајка му.

    Љубов е кога ќе се искрши додека научи да го прави ова .. а кога треба да ти покаже и не успее, ти му кажуваш дека нема потреба да го учи, само за да не се искрши уште повеќе.
    [​IMG]
     
    На La.Reina.Del.Sur, Tenkai, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Кога последната коцка чоколадо ти ја давам тебе :$
     
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Љубов е кога под јорган ќе му пуштиш бело гулабче, а тој ќе ти возврати со гавран или џентлменски ќе го отвори прозорот.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    Љубов е кога едноставно неможеш без човекот кој го сакаш, а тоа не се опишува туку само се доживува :)
     
  8. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Љубов е кога тој е зафатен, а ти стоиш од страна и го сакаш повеќе од неа !

    Љубов е кога рамазено богато девојче и вели на другарка и : Тука немаше ваква панделка, бев до Солун за да си ја купам

    Љубов е кога ќе простиш и по 1,000,000,000 пат

    Љубов е кога му смрдат чорапите/мишките, а ти глумиш дека ти е затнат носот.

    Љубов е кога дечкото седи дома, дури ти се пијанчиш по дискотеки.

    Љубов е кога ќе ти купи од убавиот сјај за садови ... за да не ти се сушат рацете.

    Љубов е музиката во позадина и ТИ.

    Љубов се нештата кои никогаш нема да бидат кажани.

    А според мене љубов не постои и во љубовта не верувам!
     
  9. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Љубовта е дете на восхитот и мајка на разочарувањето.
     
  10. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    љубов не постои,сето тоа е само навика
     
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Љубов е нешто повеќе од сите клиширани реченици кои ги користиме за да ја опишеме. Тоа е да ги сакаш сите луѓе на планетава онолку колку што ја сакаш таа една личност посебна за тебе и што е уште поважно, таа личност да не ја сакаш само за себе. Бидејки таа сама по себе е суштество кое дише, мисли и чувствува и има потреби, соништа и цели, и најверојатно ги имала пред да те сретне тебе.
    Љубов е да и се тргнеш на оваа личност од патот кога ќе забележиш дека и пречиш во остварување на истите, но без гнев, без трошка лутење или каење за времето кое сте го поминале заедно.

    И, сте сакале ли вие некогаш?
    Дури и мајките кои е невозможно да не си ги сакаат нивните деца, се чувствуваат празно бидејќи мораат да ги пуштат да си заминат, да пораснат.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Која е разликата помеѓу ми се допаѓа и сакам? Ако ти се допаѓа едно цвеќе, обично го кинеш. Ако го сакаш, го полеваш секој ден :!:
     
    На glorijaMKD, srcuskata5, NightAir и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    За првпат во животот не би можела да го опишам она што го чувстувам за тебе.
    Љубов е кога како хипнотизирана гледаѓ во неговите очи бакарни си размислуваш дали може да бидат поубави..
    Љубов е кога се плашиш дека ќе го изгубиш од толку многу што го сакаш ..дека некоја дуга може да ти го земе колку и да веруваш во неговата љубов !! Ахх оваа љубов ќе ме отруе..
     
  14. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    :inlove: љубов е кога приметив во неговите очи звезди сјајни.....мил поглед,раце кои нежно ме привлекуваа кон него,усни кои жедно ме бакнаа..немаше посреќна од мене...... :inlove:



    :envy: леле....сега нема понесреќна од мене,сето тоа плаќам со солзи и болка.. :envy:
     
  15. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Љубовта нема дефиниција. Секој различно ја толкува и чуствува. За мене љубовта е најважно нешто за да може човек да живее исполнето и среќно.
     
  16. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    за некои Љубов е чисто срање за некои забава за некои СЕ!
     
  17. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    ^Еве, за мене, љубовта е чисто срање.Во 21 век, таа повеќе не постои...
     
  18. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Не би се согласил баш со тоа твое размислување, секојдневно ние примаме и даваме љубов кон членовите на нашето семејство,пријателите,родителската љубов зар сеуште мислиш дека во 21 век не постои љубов или да набројувам уште примери :D ?
    Љубовта е смислата на животот.Колку и да сака некој да игнорира не може бидејќи тоа чуство е незаменливо,те носи во облаци и прави да се чуствуваш посебно.Љубовта е нешто што го оплемнува човекот.Таа е нешто што го исполнува човекот од дното на душата.Го исполнува него а и неговиот живот,го прави среќен и задоволен.Љубовта е најдобар учител :P
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.519
    а јас одамна заборавив што е тоа љубов.би било убаво некој да ме потсети
     
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    :D Мислам дека со фустанот е најреално :D
    За мене љубовта е нешто недокажано, нешто недопрено, некршливо. Идила. Кога не ти требаат зборови, не ти треба време, не ти треба сила, не ти треба ништо. И далечината е блиска, и болката е безболна, и тагата е среќна, и времето е безвремено.
     

    Прикачени фајлови:

    • ljubov-e-00.jpg
      ljubov-e-00.jpg
      Големина на фајлот:
      89,3 KB
      Прегледи:
      113
    • ljubov-e-01.jpg
      ljubov-e-01.jpg
      Големина на фајлот:
      79,3 KB
      Прегледи:
      113
    • ljubov-e-003.jpg
      ljubov-e-003.jpg
      Големина на фајлот:
      97 KB
      Прегледи:
      113
    • ljubov-e-04.jpg
      ljubov-e-04.jpg
      Големина на фајлот:
      81,6 KB
      Прегледи:
      113
    • ljubov-e-06.jpg
      ljubov-e-06.jpg
      Големина на фајлот:
      78,3 KB
      Прегледи:
      113