Љубов е кога си покрај мене,кога те гледам и заборавам дека постои било што друго на светов. Љубов е тоа што не ми излегуваш од глава во ниту еден миг и тоа што побудалувам ако не те видам или чујам повеќе од една недела... Љубов е мојата бескрајна доверба во тебе и тоа што еве една година измина, а јас сеуште не успеав да ти откријам ниту една маана. Љубов е тоа што неможам да се замислам покрај немој друг и тоа што ме убива помислата дека други те имаат.. Љубов.... љубов е тоа што те немам поради тоа што знам дека ти заслужуваш нешто многу подобро од мене. <3
Љубов е кога се гребете,гризате,мразите,карате, и кога урлате едно на друго,но сепак не раскинувате и се тоа завршува со бакнеж.Ете тоа претставува љубов за мене. Никогаш да не се откажеш и силно да сакаш.
Љубов е, кога во преполн кафич ти дозволува да ги ставиш студените стапала под неговиот задник, за да ти ги згрее плашејќи се повторно да не настинеш. Можеби е некоја сосема друга димензија на љубов, ама љубов е!
Некаде на нетов имав прочитано дефиниција за љубов од мало дете: Љубов е кога баба ми сеуште го сака дедо ми, иако е таков стар и збрчкан. Тоа е целата работа, да најдеш некој со кој ќе го поминеш остатокот од животот
Љубов е кога цело школо те бендисува,половина клас те сака,сите негови другари ти имаат изјавено љубов,многумина ти ја имаат докажано нивната љубов и упорно се обидуваат да те освојат,а ти го сакаш само НЕГО,со целото твое срце.Кога се би направила за него,кога тој е единствениот кој може да те натера да рониш солзи но и единствениот кој со еден збор може да расположи. Љубов е кога ти толку многу го сакаш но тој не е свесен за тоа,а ти не можеш да ја намалиш љубовта.Кога ќе се помириш со тоа дека без разлика на се,тој никогаш нема да биде избришан од твојот живот и дека не можеш да не го сакаш.
Љубов е кога ти ги трпи сите хистерични испади,особено во периодот на ПМС,и наместо да крене раце од тебе,ти вели дека те сака секој ден се повеќе.
Ljubav je kad ja volim sebe, i sebe voli mene. Ljubav je kad' ti decko dopusti da mu pokvaris frizuru ! *_* Ljubav je kad te voli,a ti debela! ♥
...нешто што не исполнува,што ни дава смисла за живот,среќа,надеж и верба. Каква и да е љубовта,значи голема посветеност и големи чувства кон некого или нешто.Нешто што дава смисла на се,што ги исполнува нашите мисли,нашите срца. И ништо друго не станува важно,само таа љубов. Мислењата на другите луѓе,годините,километирте,дали таа љубов е двострана,дали бадијала се мачиш...И колку причини да има за да го оставиш тоа нешто или тој некој,ти сепак наоѓаш една да не го оставиш. И кога нема една,само ќе кажеш „љубов’ Кога срцето ти трепери,солзите течат сами,а гласот исчезнува. Баш за тоа нешто! Кога е невозможно да се откажеш од тоа нешто,од тоа чувство на среќа што тоа ти го носи. Љубовта е прекрасна,само треба да знаеме каде да ја најдеме
Љубов ееее... кога се тресам кооо..... будалица пред единица, ко прваче пред диктат. Љубовта е коктел од чувства, и не се дефинира лесно. Лаку ноч.
кога ја пречекуваш дадичка од факултет со домашно направено благо кога ја крепиш баба ти под рака бидејќи се уморила да оди кога палиш камин за да им биди топло на родителите кога се враќаат уморени од работа и им приготвуваш храна кога му кажуваш на саканиот дека ни две минути не би издржала без да го слушниш од ко ќе се налутите и дека го сакаш најмногу на светот
Љубовта е... Ах нема дефиниција за љубовта што е конкретно .Таа е чувство кое што е неописливо.Љубовта е кога ќе видам некое мало детенце па ми се разнежнува душата,кога ќе ги прегрнам брачедите. Кога имаме заеднички ручек и сите сме среќни на маса,си кажуваме шеги. Кога ќе го погалам мачето ,а тоа ќе ми се вртка околу мене милно. Кога ќе го пречекам него на станица ,ќе го прегрнам силно и кога ќе се залепат нашите усни,кога ќе ме гледа на посебен начин и ќе ме растопи само со еден збор.Наутро кога ќе ме разбуди со милување и бакнеж,кога ми ја пее омилената наша песна и игра ,кога ќе го погледнам и си кажуваме еден на друг дека сме едно и секогаш ќе сполотени така заедно.Ахх љубов
љубав е .....кад делиш парче кифлу на два дела или гумицу на два дела.... шала настрана кога станува збор за љубовта ја разбирам како магична со самото треперање пред љубениот и пеперутките во стомакот,препотување,срамежливост, сакам да сакам и сакам да сум сакана тоа е најважно во неа.
љубов е се што носи болка,тага,несреќа,те прави слеп,го гледаш само тоа што ти се допага а другото не...