Па никој не може да га каже точната дефиниција бидејки сите сфаќаме различно Па за мене љубов е микс од се! А под се се подразбира:среќа,тага,разбирање,подржување на еден на друг,привлечност,почитување,болка,правење работи кои никогаш нема да ги направите за друг
Љубов е кога и на бајато лепче ќе му намачкаш сантиметар кристал маргарин а нему му е и тоа вкусно затоа што е направено од тебе
Љубов е кога си покрај мене, кога и двајцата молчиме... Кога мојата коса е меѓу твоите прсти.. Кога ќе се погледнеме со небесните очи, кога ќе ми намигнеш.. Љубов е секој момент поминат со тебе.. Љубов е кога ме гушкаш, љубов е тоа што си ми пред се пријател, а потоа партнер.. Знам што е љубов, затоа што постоиш ти.. Во моето срце, таму и остани.. Љубовта за мене си ТИ
Да се надорзам на Пирамитка-Љубов е кога ќе зготвиш нешто што ни свињите не го јадат, а тој ќе голта и ќе вели-па не е толку лошо... Љубов е кога во текот на ноќта случајно ќе се разбудиш и ќе го покриеш... Љубов е кога сред лето испотени (да не речам запотени и залепени) спиете гушнати
Љубов е кога од негде-никаде се појави ти и ми го смени животот за 260,69-43/21 целзиусови степени. Љубов е кога се сакаме Љубов е кога во тишината кажуваме зборови кои не можеме/сакаме. Љубов е кога присуството твое ми е потребно до болка. Љубов е кога те слушам како се колнеш на вечна љубов, а јас те слушам и тивко плачам ( носето ме издава секогаш! <-фаца шмркам! ). Љубов е кога љубомориме. Љубов е кога не се изневеруваме. Љубов е кога ќе ти покажам ушињата. Љубов е кога ти го сакам стомакот. Љубов е кога го сакаш ова несовршено тело што ти го нудам. Љубов е кога те гледам во очи додека водиме љубов и ја пронаоѓам причината за живот. Љубов сме јас и ти. Љубов е кога несовршеностите за некого се совршеност!
Љубов е кога цел ден со тебе ќе оди од бутик во бутик Љубов е кога ќе се разбудите заедно и ќе ти каже дека си најубава Љубов е кога ќе готвите заедно
Љубов е кога покрај тебе се чувствувам како најсреќната личност на светов, а кога не си до мене не поминува ни пола саат а веќе ми фалиш... Љубов е кога и двајцата молчиме а се разбираме и со поглед. Љубов е кога не сакам да заспијам затоа што реалноста ми е поубава од сонот.
Љубов е кога прави (правам) се за да бидам (биде) среќна (среќен). - а потоа- Љубов е кога само јас сум присутна за него на планетава. - за на крај - Љубовта е тортура која ако си замислуваш дека ќе биде целосно совршена, искрена и чиста многу си се излажал.
Љубов е ѕвезда во која го замислувам твоето лице, љубов е погледот кон небото кој ми ја растреперува душата и ме носи некаде таму, сама во далечината... За да мечтаам некаде во најжешката пустина или на санта студен мраз да го повикувам твоето име... Љубов е кога ветрот ми ги мати мислите. Кога со крвави букви твоето име е испишано на моите дланки. И ништо друго веќе не можам да допрам. Љубов е кога со поглед ја расплакуваш мојата душа. ЉУБОВ Е КОГА ПОВЕЌЕ ТЕ САКАМ ТЕБЕ ОТКОЛКУ ШТО СЕ САКАМ СЕБЕ
Има една книга, се вика „Љубовта трае три години“, маж ја напишал. Опишани се фазите на љубовта и има вистина во трите години. Јас сите ве прочитав и ми беше убаво, а и малку ви завидував, зашто и јас до пред некое време го имав тоа што вие го имате и мислев дека е љубов. Сега, се запрашав што е љубов и пробав да најдам зборови и да ги споделам со вас, но не успеав. Уживајте во неа додека трае, можеби љубов е тоа - да трае. После љубовта што останува? После љубовта не останува ништо...
Кога на првиот состанок те прегрне цврсто, дури потоа те бакнува. Кога сте во манијакална прегратка чиниш едниот ќе патува за Австралија на неопределено, всушност само бележиш територија. Кога сте со саати во кола на минус 15, покриени само со јакни и гушнати, а голи и не сакате да си одите дома бидејќи тоа значи да се одделите од совршенството, кога си цртате смајлиња на замагленото стакло и линии за тоа чија љубов е повисока. Кога скоро секоја постапка и мисла бара свој одраз во неговото постоење, дали тоа би го усреќило, растагувало, разлутило итн. Кога потонеш во нечии очи и најдеш мир. Кога внимателно ги бришете телесните течности еден од друг после секс и сакаш да се гушнеш и кога е измешана и потта и солзите.
Љубов е потребата да го набљудуваш додека спие. Да му ги анализираш сите црти на лицето и да не можеш да заспиеш од возбуда, затоа што си конечно мирна во неговите прегратки. Љубов е кога ќе се огледаш себеси во неговите очи.
Колку и да сакаме да ја објасниме љубовта тоа е невозможно.. Барем јас така мислам. Љубовта се само доживува...
Љубов е да го тешиш кога губи неговиот омилен тим. Љубов е кога во сред кафич одненадеж ќе ти ја бакне раката.
можеме да напишеме ; љубовта е најубавото нешто! / љубовта е само болка и солзи. се зависи од тоа како ни оди во љубовта во тој момент. искрено мислам дека, и да ни го скршат срцето и да ни го подарат најубавото време на светот и да не сакаат и да на оставаат, љубовта е и ќе биде .. љубов. тоа е, све во едно. ќе те растажи и насмее во исто време, ќе те натера да преколнуваш се, ќе те натера да си пееш по цел ден од среќа. љубовта сме ние сите,затоа што таа живее во нас. се' што изразуваме, изразуваме преку љубов. љубовта е чудо, магија.. нешто безгранично. затоа не смееме да дозволиме било што да ја спречи љубовта која ја имаме во себе. најголем ризик треба да даваме кон неа. треба да го ризикуваме сето најмало делче од нас доколку тоа е потребно за да ја добиеме и немојте да мислите дека го пишувам ова само зашто добро ми оди во љубовта. секогаш истото мислење за љубовта го имам, и ќе го имам
Ако прашате дете че речи дека е играчка..Ако прашате човек че каже дека е чуство...Но ако ме прашате мене че го изговорам неговото име..