Љубов е доверба, потреба да бидеш со него дури и кога е нечешлан и со кошаркарска маица на која пишува коби брајан и погрешно е спеловано. Тој пие пиво и зборва за фудбал а ти за шопинг. Една вечер гледате стар трек, другата све за љубав. И двајцата со едно уво слушате дали бебушот спие или не. Тоа е љубов, тоа е совршенство. Тоа е дом.
Љубовта не е потреба, таа е апстрактен поим, таа е секаде околу нас. Љубов е емоција, љубов е срцето, љубов е разбирање. Љубов е многу повеќе од потреба.
Ах љубов нешто што го има се помалку во светот и нешто што е погрешно сфатено Љубовта е таму каде што не постојат услови, каде се почитува различното размислување, другите погледи на свет...љубовта е само една карика која не поврзува и поред нсеогласувањата..љубов е кога ќе пуштиш некој да си оди од тебе иако срце ти се кине и знаеш дека нема да можеж повеќе да го погалиш, нема да можеш да го бакнеш, да го помирисаш..ама знаеш дека оди за да му биде поубаво и подобро....
Љубов.Секој нека ја почуствува барем еднаш.Впрочем еднаш и се случува.После се е обид за нешто приближно.Да не речам срање.
Љубовта е нож со две острици. Толку убава, прекрасна, чиста, силна, нешто поради кое бескрајно ќе се радуваме но истовремено и толку болна, сече и може да не фрли во длабока тага. Затоа, љубете искрено но бидете претпазливи, секогаш размислувајте со ладна глава.
Љубов е ... ...кога неговата среќа ми е поважна од својата ...кога неговиот успех ми е подраг од својот ...кога неговиот неуспех ме боли повеќе од што го боли него ...кога го правам она за кое и самиот знае дека не би го направила за други.. ...љубов е кога дозволувам да ме вози додека со затворени очи седам до него, кога и двајцата знаеме дека на друг возач освен себе - не верувам Тоа е тоа..кога знаеш дека животот ти е безбеден и во неговите раце
Љубов е кога последната палачинка му ја оставам он да ја изеде и притоа не ми е воопшто криво иако се тресам за благо
Љубов е кога те прегрнува силно, љубов е кога ти дели комплименти, љубов е кога заедно правите планови за во иднина, љубов е кога си верувате, љубов е кога те гледа и бакнува додека спиеш покрај него, љубов е кога те храни, љубов е кога те гушка и бакнува кога сонуваш кошмар, љубов е кога ти е ладно ти го дава својот блузон, љубов е кога имате доверба еден во друг, љубов е кога знае да ти украде насмевка, љубов е кога ти простува љубов е кога те остава да си спиеш до него љубов е кога те прави подобра личност и те поддржува во твоите цели и соништа... Заклучок љубовта добива значење и има вредност само доколку покрај себе ја имаш вистинска личност.
Љубов е она што ме тера да го гушкам додека е со мене, а ме тера да плачам кога не е.. она што ме прави среќна во неговата прегратка и тажна во негово отсуство.. макар на минута
Љубов е искреноста према саканата личност, љубов е довербата, љубов е она кога ја прифаќа личноста онаква каква што е, љубов е доделување позитивен комплимент, љубов е она кога си ја покорува грдоста према личноста која му значи, љубов е подршката, љубов е почитта... И уште многу работи кои не ми текнуваат во моментов...
Љубов е и кога трчам по него и ги собирам сите ситници што ги остава ... телефон, паричник, клучеви, powerbank, цигари, запалки ... и мора се кај мене во ташна да стои, инаку ни gps да им вградам нема да ме спаси Љубов е и кога ќе ми рече - пази каде газиш, пазејќи да не се утепам или да не се зашлакам некаде Љубов е кога тој смрзнува, само за да ми угоди мене, затоа што уживам на 15 степени