Љубов е кога сите негови работи како на пример клучеви, мобилен, новчаник ги ставам во моето ташниче Ехее 2 ташни досега ми се скинаа Љубов е кога му ги раскажувам последните прочитани книги и тој внимателно ме слуша
Љубов е кога си меѓу 1000 а мислиш само на една личност... Љубов е кога една личност е се што ти треба и покрај сите несовршености Љубов е прифаќање на некој таков каков што е
Да си простите и да ти се чини како сестра или брат да ти згрешил нешто, а не некој странец на светот откако ќе му/и простиш.
Низ годините многу се менуваше. Бевме само ние, млади, луди, вљубени... Без проблеми. Па научивме дека секој проблем е заеднички, кога се појавија. Ги игнориравме или ги решававме. Па, сега не сме веќе ние, не сме двајца. Љубовта доби нова димензија, ново име... Семејство. Свесност, тоа е Љубовта. Свесност за потребите на другиот, но не по цена за сопствениот живот.
Љубов се заедничките патувања и авантури , падовите и искачувањата , добрите и лошите моменти .. Љубов е она што е скриено длабоко во срцето на секој човек , дури и кај најсуровите и најладните личности .
Љубов е кога заедно гледате женски емисии или фудбал, и никогаш не ги завршувате до крај бидејќи двајцата не можете да си одолеете. А потоа тој ја разгледува утакмицата скокајќи делови, барајќи ги најважните моменти, за нели да може да дискутира со другарите. Ти правиш кафе и заедно го поминувате поладнето гушкајќи се под ќебето.
Љубов е кога за прв пат ќе ти направи турско кафе, мислам за прв пат во животот. Тој не пие турско кафе.
Љубов е кога знае и очекува се но сепак ги прави истите работи само за да јас се чуствувам убаво како порано.
Љубов е кога ти ќе излезеш воздух да те фати на кратко, а тој ќе заспие за секунда и ни камера, ни разговор, ни бутур ќе те снајде.
Кога целосно ти го препуштам јорганот, а јас лежам непокриена и типкам на фемина Љубов е...затоа што смрзнав. Не поради тоа што ти го дадов..