Љубов е кога на сабајле иако не е со тебе ти посакува добро утро, кога ќе сака да те поддржува, да те слуша внимателно кога сакаш да кажиш тоа што ти е одвнатре,кога ќе е со тебе и во лошо и во добро. Љубовта има бесконечно објаснувања. Љубовта е таа што ве прави среќни и ви дава надеж и причина за живот кога знаете дека е тука за вас во секое време. Љубовта е драгоцена ама денес малкумина се тие кои што ја почитуваат, лажно се сакаат, ја гледаат љубовта само за да се пофалат пред другите дека има партнер/партнерка. Но, јас сум од оние кои трпеливо ја чекаат вистинската љубов која не е само за провод, туку искрената, доверливата љубов која сите ја заслужуваме. Само треба внимателно да се одбира.
Лубов е кога во партнерот ке најдеш другар, да те ислуша макар цела ноќ кога ти е тешко и да разговара со тебе Лубов е кога во партнерот ке најдеш татко, да осетиш сигурност и заштита со него Лубов е кога во партнерот ке најдеш маж , охрабрување , мотив, желба , среќа за живот. Кога денот ти е исполнет и кога легнуваш обравчињата да ти црвенаат од среќа кога знаеш кои имаш зад тебе иако некогаш направиш глупост кога имаш некој кој ке ти каже принцеза додека стануваш со разбушавена коса и замижами очи. Кога со збор те доведува до бајка, од која што несакаш да се пробудиш, а иако се пробудиш сонот станува реалност тоа е то Love you my baby
Љубов е кога гледате документарец за поларни мечки и плачеш ти зошто мечокот умрел, а он ти дава шамиче да си избришеш солзите. И да, љубов е кога те трпи трезен. #трустори
Љубов е кога се грижиш за него повеќе од себе си. Кога неговата среќа ти е најбитна на светот. Љубов е кога двајцата во се се поддржувате, кога заедно ги остварувате вашите соништа. Љубов е кога му правиш палачинки во 3 по полноќ, кога танцувате заедно на светлото од фрижидерот. Љубов е кога му го правиш омилениот ручек после напорна работа и го дочекуваш со бакнеж. Кога попрво би гледале некој филм заедно во сабота навечер со пуканки и омилената чоколада наместо да се пијанчите по ноќни клубови до раните утрински часови. Љубов е кога спиете заедно и наутро тој ти вели дека си најубавото нешто на светот таква поспана без шминка и разбушавена коса. Љубов е кога ги учите вашите деца да бараат љубов како вашата. Листата е долга.. Last but not least љубов е кога имаш партнер, најдобар другар и сродна душа во еден човек. Интересен е и цитатот што кажува за разликата меѓу допаѓањето и љубовта. Кога цвеќето ти се допаѓа го кинеш. Но кога цвеќето го сакаш секој ден го полеваш со вода.
ljubov e koga ke te obzeme silno cuvstvo kako da poletuvas peperutki vo stomakot koga mines pokraj nego
Љубов е кога во 1 30 после полноќ ќе дојде за да се видете по цена да го казнат 500€ за нерегистрирана кола.
Љубовта е како ветер . Не ја гледаш , но ја чувствуваш . Љубов е кога некој ги исполнува твоите желби , иако навидум е невозможно да се исполнат . Љубов е кога го будам со скокоткање , и иако тоа највеќе мрази ( да е друг би му плеснал една ) , пак ме гушка и не ми се лути ( а знам дека во себе чади од нервоза ) . Љубов е кога ги собира пајаците ( јас имам фобија ) .
Imame pogresna obzervacija za "Ljubovta" u denesno vreme, premnogu e niska razinata na svest u globala kaj covestvoto, za da go dozivee toa cuvstvo na prava, iskrena, cista ljubov. Nie kako bitija sakame da poseduvame stvari, sme opsesivni, alcni, neblagodarni, nezahvalni, ljubomorni, zavidlivi, pokvareni, sebicni, egocentricni, toa e sprotivno od "Ljubov". Taka da ne se zavaravajte deka sakate nekogo, ili se plasite da ste sami, ili vi e dosadno, ili ste se naviknale na nekogo, pa vi fali cuvstvoto dodeka ste bile so nego, mozebi vi fali seksalniot interkurs so odredena licnost, toa ne e "Ljubov" Ne secite veni, toa e samo prolazna opsesija. Ke treba da evoulirame uste malce pojke vreme, za da go postigneme toj klise zbor "Ljubov"
Кога ти спие на рака... а тебе ти се укочила и те боли ама не мрдаш..не сакаш да го разбудиш.. Што е една рака во споредба со таа спокојна насмевка до тебе
Кога одиш да си земеш пасош и жената се мачи да го најде, а тој ќе се уфрли: "ене трети ред горе, ја познава". Од километри лице ти препознава, дури и на слика од пасош таква цела "изместена"...