Љубов е кога лежам заедно со тебе, кога и двајцата молчиме.. Моите раце се покриени од твоите, срцето забрзано ми лупа, а ја се чувствувам спокојно и среќно во твојата прегратка..
Љубов е кога ти вика те сакам, а не очекува да му возвратиш. Љубов е кога копнее да биде со тебе, а ти вели не сакам да те брзам. Љубов е кога се смее на твојот виц иако не му е смешно или евентуално не го сфаќа. Љубов е кога му се спие му се плаче, ама одбива да спие зошто ти му кажуваш многу важен муабет за депилација.
Љубов е кога свеста му се зема од грижа кога ќе му кажеш дека нешто те боли. Љубов е кога се грижи за тебе ако знае дека мора да одиш по работа во жешкото и ти се јавува да те праша да не ти удрило сонцето во глава Љубов е кога секое утро го будиш рано, иако е многу уморен, и сепак не се лути, туку е радосен Љубов е кога секој ден сакаш да заспиеш и да се разбудиш во неговата/нејзината прегратка Љубов е кога со интерес го слушаш партнерот иако муабетот ти е глупав Љубов е кога ќе го гушнеш и се чувствуваш најбезбедно до сега Љубов е кога двајца скитаат надвор и на -20 степени, немаат пари за да отидат на топло, на кафе или во пицерија, но сепак остануваат заедно до крајот на вечерта
лјубов е кога збориш ко навиен а јас не те слушам шо ми збориш туку само те гледам и се смешкам а не дека ти е интересен муабетот ...еј да и ко ке ми намигниш онака само како што ти знаеш а ја те гледам вака :?
Љубов е кога твојот поглед за него е како книга со илјада страници. Љубов е кога за тебе е совршен и покрај сите маани. Љубов е кога знаеш да простиш и кога си повредена. Љубов е кога и после кавгите и многуте лоши зборови најслатко ти е да се впуштиш во неговата прегратка.
Љубов е кога јаде од твојот прегорен ручек зготвен со многу љубов, и ги цени твоите очајни обиди. Љубов е кога 99% од мислењата кои ги имаш напишано на фемина се на категорија љубов и врски Љубов е кога немаш доволно соодветни зборови да објасниш што е љубов, зошто ниту еден не може да ја долови љубовта која ја чувствуваш кон него.
Љубов е кога тој секој ден се враќа дома со кесичка од твоите омилени гумени бонбони. ...кога се буди само затоа што не си покрај него во кревет. ...кога ти подава тоалетна за да си го избришеш носот кога си болна и се буди три пати во ноќта да ти измери температура. ...кога ти купува влошки и тампони без да му е гајле што ќе помислат комшиката и продавачката. ...кога Рафлс му е пре-солен, а Доритос пре-зачинет ама пак редовно ги купува заради тебе. Љубов е кога те трпи додека си во ПМС.
Кога се буди за да те бакне. Кога зборува сонлив со тебе само за да те сослуша, иако не помни наредниот ден дека било тоа. Кога ветува и го исполнува ветувањето, инаку не би ветил.