Љубов е кога на сред караница ќе те гушне силно.... Љубов е кога ти ги слуша откуцаите на срцето додека спиеш...
-кога ми е страв од нешто а он ми вели легни кај мене на гради,јас нема да спијам ќе те чувам -кога во еден ноќе ке стане да најде дуќан отворен за да задоволи некој мој хир(сладолед,сок..) -кога ми ја дава неговата тренерка за да не ми студи надвор и лаже дека нему му е ок да седи по кратки ракави -кога јас не спијам до два наутро иако умирам за спиење само за да може го гушнам на кратко пред да потонеме и двајцата во сон -кога му велам дека сум супер иако не сум секогаш ама несакам да се грижи покрај се и за мене се е љубов валда кога двајца безусловно го прават еден за друг
Љубов е кога ќе те гушне а ти се почувствуваш како дете,сигурно заштитено и среќно Знаеш дека во секој миг ја имаш најголемата подршка и некој кој безусловно е до тебе и штити. Некој кој знае како си со еден поглед без да те праша
Кога глумиш дека спиеш и чекаш тој прв да заспие и после да му се восхитуваш и да го гњавиш, да го снимаш кско хрчи и да го сликаш така заспан и изгубен. А да ќе заборавев, ЉУБОВ Е ДА МУ ГИ БРОИШ ТРЕПКИТЕ! Јас му ги броев додека спиеше 186 има на левото око