Кога патува од друг град само за да ме види на кратко. Кога ме чека со саати во библиотека само зашто имам вежби, а тој завршил порано, но сепак не сака да си оди дома, сака да ме види макар и на кратко. Кога ме разбира дека имам многу за учење, дека често полагам и дека факсот ми е приоритет (па поради тоа многу планови ни пропаднале), а тој никогаш не се лути туку само ме поддржува да си ги остварам соништата и ми кажува дека е тука за мене секогаш, да не се грижам ич и да си ги средам прво сите обврски. Љубов е и тоа што во ниедна караница не се однесувал лошо кон мене, ниту ме навредил, секогаш ја смирувал ситуацијата. Има уште многу ама да, љубов ми е он.
Љубов е оваа движечка сила што ја чувствувам Оваа огромна енергија, еуфорија Огнот што гори во мене веќе толку време, и продолжува да станува се' посилен...
Љубов е кога прави сѐ за да ме видк дури и во карантин дури и да се последни минути од времето за карантин и дури и да е од друг град да доаѓа за мене.
љубов е кога ќе ме изнервира за глупост, и ќе ми се насмее зашто сум лута....а не можам да сум лута кога тој се смее
Љубов е кога си ги повторуваме нашите лични смешки, пак и пак тие и тие реплики, и наеднаш ми вели да не се лутиш што те смејам пак за тоа, само сакам да те расположам. Ама како да се лутам а?
Љубов е кога чека со тебе автобус само за да не чекаш сама и ќе те прашува до каде си и дали стигна додека не се осигура дека си добра.
Љубов е секоја вечер без исклучок да разговараме по најмалце 1 саат. Уморни, нервозни, заспани - не е битно.