Љубов е кога дечкото е среќен кога девојка му е среќна, и обратно, девојката е среќна кога дечко и е среќен....
Љубов е кога внука ми, која нема 2 години ќе добие чоколадце и на зезање ќе и речам да ми даде и мене, и ми го дава скроз цело.
Паднав од точак пред некој ден и ми рече : не си ти за точак,ниска си не можеш да застанеш на нозе,дај да ти ставам завој на нозете. И кога искочив на кафе со другарките ме потсети пред искачање да ставам пудра на колениците за да не се гледа. Тоа е љубов
Љубов е твојата насмевка,кога се будиш и како страмежливи гримаси,додека ги отвараш очињата,целата разбушавена и топла.
Koga naogjate nacini i neumorno se borite sakaniot da e do vas, toa mi e univerzalno Koga megju tolpa lugje, se poglednuvate i se razbirate so pogled Koga slusate pesna i se pronaogjate, pa samo si se smeskate
Порано мислев дека љубов е да те сака некој и да го сакаш, но тоа не е љубов тоа е потреба. Љубов е сѐ. Ако можеш да го издефинираш тоа сѐ тогаш ќе знаеш.
Љубов е кога знаеш дека некој дома те чека и кога едва чека да се прегрните ,изгушкате и кога едвај чекаш да го видиш
Периодов изгледам ужасно .Бременоста тешко ја поднесувам,нонстоп ми е лошо.Ама он вчера ми вика Зрачиш целата .Знам дека не зрачам..знам дека и он знае ама ми кажа се со цел да се осетам јас поубаво Го викаа денес на кафе.Ама не појде.Ми имаше ветено дека ќе ми зготви нешто што мн го сакам.И го слушам на тел вели:Незнам дали ќе стигнам,ветив на жена ми ручек ,тоа ми е денес најбитната обврска. Сабајле се боцкаше со мене .Само за да ми се намали стравот од игли.Демек ако те боли тебе нека ме боли и мене За мене ова и сличните гестови на ова се и повеќе од љубов
За мене љубов е кога го мислам и сакам повеќе од себеси (а себеси се сакам највеќе и си се ставам на прво место за 95% од работите) Кога едвај чекам да го видам и да го гушнам а тоа ми ја полни душата до бескрај Кога осеќам сигурност и топлина покрај него