Љубов е кога ти дозволува кога сакаш и колку сакаш да си играш со косата, без да мисли дали брзо ќе и станае мрсна. Кога галеријата и е полна со рандом твои фотографии, затоа што во секоја прилика те слика. Кога намерно и кога може нешто сама бара помош од тебе, затоа што знае дека сакаш да и помагаш. Кога секое подарено цвеќе го суши и чува. Кога гордо на сите кажува дека си и дечко. Кога во врска вели "ние", а не "јас". Кога спиете заедно и сабајле треба прв да излезеш и ќе те осети дека стануваш, те влече за рака и не те пушта без бакнеж.
Според мене ова не е љубов, не поради што ти дозволува да одиш, туку потребата од барање дозвола за да излезеш некаде со друштво, токсично е..
Не, туку ако постојано мораш да бараш дозвола е токсична врска, не е љубов тоа што ти дозволила, да било љубов ќе си кажеш само кај идеш а не како тинејџер што си ги прашува родителите ти неа да мора да ја прашуваш.. Тоа значи дека нема доволно доверба во тебе и сака да те држи под нејзина контрола, нема што ти сакаш, туку што таа нареди..