Љубов е излив на емоции и чувства кон некого. Што кога си покрај него трепериш и чувствуваш 'пеперутки' во стомакот и вознемиреност, а воедно наоѓаш мир и спокојство. Љубовта е чувство на среќа, што знаеш дека имаш некого покрај себе и се чувствуваш безбедно во неговите прегратки. Љубовта ако е голема за жал може и да те заслепи.. Љубовта е во целото срце и е многу кршлива, затоа многу лесно може да го скрши срцето.
Љубов е меѓусебен почит..... Љубов е меѓусебно разбирјање..... Љубов е кога му поставуваш безброј глупави прашајња а тој се труди да ти одговори Љубов е кога го боли многу забо а тој сепак иди за да те види Љубов е кога тој се грижи за тебе (а нормално и ти за него) Љубов е кога само поради твојот страм иди со тебе до продавница Љубов е кога ќе стани првин тебе ти се јавува за да ти го слушни гласот Љубов е кога имаш домашни проблеми и тој ти вика ај да те земам за жена да не ми се нервираш ти И љубов си е љубов
Љубов е кога се пронаоѓаш себеси покрај некој и единствена желба тие моментот и чуството на мир во неговата прегратка да не завршат никогаш.
Кога се наоѓаш во голема сала со многу луѓе. Секакви луѓе! И случајно додека пиеш од кафето или додека разговараш или пак додека молчиш, седиш сама со своите мисли - го гледаш него! Тогаш нешто пријатно ќе те обиколи, ќе ја зароби твојата аура. И кога и да погледнеш во него, ќе се потсетиш на таа пријатност. И кога случајно чекориш, молчиш или разговараш тој ќе се доближи до тебе. И ти ќе го погледнеш во очи. И тој тебе. Веќе се разбирате; знаете и двајцата; дека нема назад. Ти си таа, тој е тој. И двајцата разбирате, дека нема што да се превземе тука. Затоа што целосно вие си припаѓате.
Љубов е кога на сред диета ти носи голема капричиоза и кока кола и ти вели дека не тти треба диета зашто си прекрасна...
Љубовта е како дрога.Во почетокот те опфака чувство на еуфорија,целосно препуштање.Утредента посакуваш уште повеќе.Труењето сеуште не е целосно, но ти веќе си ја почуствувал возбудата и веруваш дека ќе можеш да останеш нејзин господар.На саканото суштество мислиш десетина минути и го забораваш во текот на следните три часа.Но,малку по малку,свикнуваш на тоа суштство и стануваш наполно зависен од него.И потоа на него мислиш три часа, а го забораваш во наредните десетина минути.Ако не е во твоја близина те обзема исто чуство како и наркоманите кога се без дрога.
...чувството кога времето поминато заедно не ти е доволно, кога двајцата се чувствувате и дејствувате како една целина, кога ќе се погледнете еден со друг во очи и од нив извира милост,нежност и топлина, кога едниот е подготвен да направи се за среќата на другиот, секогаш сте еден покрај друг кога сте си најпотребни, кога сте спремни да направите одредени „жртви“ во интерес на едниот или двајцата, кога и во моментите кога не сте еден покрај друг, сепак се чувствувате како да сте заедно...