Љубовта е, всушност, сеизмограф на сите човекови духовни подвизи. Човек без љубов е човек без свој лик, без своја трага, без свое име, без свое време, без своја содржина. Само заљубените веруваат во животот повеќе од сите и создаваат повеќе од сите. Спојлер по повод реиздавањето на ''Дениција''.
Љубов е кога ќе го прифатиш другиот со сите негови мани и недостатоци. Кога ќе кажеш , нервозен е , на моменти луд, на моменти идиот , ситничар... и кога нема да можеш да го замислиш поинаков, затоа што го сакаш баш таков каков што е.
Љубов е ..НЕШТО ШТО СПОРЕД МЕНЕ НЕ ПОСТОИ ! Барем зборувам за онаа помешу паровите.Сето тоа е коктел од адреналин и еуфорија која за брзо поминува.
Љубов е кога ќе ти се развика со сета сила да му однесеш тоалет ( а тој веќе си ги завршил сите церемонии, парфимирал цело ВЦ), а ти трчајќи му носиш и се надишуваш природни свежи миризби Љубов е и кога ти му кажуваш ми се спие, а тој: ти спиј си јас ќе си завршам работа Љубов е сега кога јас си седам тука и глупам тропости (тропам глупости де), а он чека ред 3 часа
Љубов е несовршеност во партнерот без да ти пречи. Љубов е да кажеш погодна фраза за да направиш прегратката да се претвори во скокоткање и кикотење. Љубов е да кажеш чао знаејќи дека ќе се вратиш. Љубов е да кажеш „ако престанеш те убив“ Љубов е седејќи покрај прозорецот, загледан, размислувајќи за вчера ... Љубов е кога во зимо го слушаш ветрот и ти студи, а ти посакуваш да си на топло во кревет со саканиот. Љубов се нештата кои никогаш нема да бидат кажани.
Љубов е кога ке те видам и се топам, Љубов е кога ке ми се насмевнеш-ја имаш најпрекрасната насмевка на светот, Љубов е кога ке ме прегрнеш- ја имаш најтоплата прегратка, Љубов е кога ке ми се јавиш во 3 часот сабајле и ке ме разбудиш- зошто си ме сонувал, Љубов е секој твој поглед кон мене, Љубов е секој твој допир на моето тело, Љубов е секој твој бакнеж на моите усни, Љубов е се она што го добивам од тебе... Едноставно ТИ си мојата дефиниција за Љубов
Љубов е кога ми попушта на сони. Љубов е кога сите утакмици ги гледам со него и навивам ко луда во долен веш со боите на неговиот тим
Љубов си ти љубов е кога те љубам, љубов е и кога ти се лутам без да ти се лутам, љубов е кога ноќе се будам да видам дали си го тргнал прекривачот и пак те покривам љубов...кога се смеам кога ме брзаш да излезам од тоалет и ми шеташ пред врата и ми вадиш нерви пред излегување... љубов е кога ме молиш да ја бакнеш мојава утроба, кога не можеме да заспиеме без мирисот еден на друг барајќи си ги погледите во мракот....
Љубов е да го изговориш па макар и испееш следниов текст од длабочините на своето битие, а не како третокласен театарски суфлер- http://www.youtube.com/watch?v=1BFrTxvxKTs
Љубов е кога го сакаш таков каков што е и ништо на него и во него не сакаш да промениш...Љубов е кога сите негови маани ги сакаш исто толку многу колку и неговите убави страни
Љубов е кога зборите 2 саати на тел. и после 10 мин. се слушате пак зашто сте заборавиле да си кажете нешто
Љубов е кога о делам моето омилено чоколадо на половина, за да има и за него, да си се заблаже. (Ама под услов после цело да ми купе)