Љубов е кога го гледам додека тој занесено работи нешто и ми доаѓа насмевка на лицето и си помислувам: "Среќна сум што те имам".
и немо се разбирате и разменувате убави вибрации кои ви ја топлат душичката како ништо друго на светот,и исполнети сте со мир кој е толку благопријатен
Љубов е кога ти раскажува за серијата „Љубов и казна“, тебе тоа воопшто не те интересира, се преправаш дека ти е интересен. И после онака од љубов, го казнуваш. Јако!
Љубов е кога ви иде да му ја искршите главата, а кога ќе ви се насмее со тоа невиното фациче, возвраќате, и во истата секунда заборавате зошто сте биле лути и го ословувате со будало една подарувајќи му скромно кис4е. И љубов е, кога си ги мерите стомаците и вашиот е помал За денес доста од љубов
Љубов е кога јас толку немирно спијам што го туркам од креветот 20 пати во ноќта (а сум тридупло помалецка од него), а тој не се буни, па дури проверува да не сум отскриена, ме бакнува, ме гушнува и продолжува да спие (очекувајќи го следното туркање).
“Love…is kinda like…you know when you see a fog in the morning when you wake up before the sun comes out? It’s just there a little while, then it burns away. It burns away…quickly. Love is a fog that burns with the first daylight of reality.” - Ch. Bukowski Ете тоа е љубов. Nothing more than morning fog.
...кога ќе потроши од парите за жици за гитара и ќе купи костени за да ти се згрејат рацете и да добиеш облог. Haters gonna hate!
Љубов е кога трчаш низ улици, носејќи последно парче торта во рацете што не си ја пробал, за тој да касне.
Љубовта е предизвик кој не тера на акција, љувовта е искра која не прави многу жешки, љубовта е збор кој не разнежува.
Љубов е кога девојката е излезена на студентска забава, а дечко и е дома и и пишува семинарска. -превземено од фб