Постојат многу случаи каде што „цвета љубовта“ само поради големото богатство на партнерот. Некои сметаат дека се поретка е искрената љубов, љубовта од срце. Сакам да го видам вашето мислење во врска со темава
Леле значи како размислуваат моите генерации - мислам на девојките посебно. Значи некоја се смувала другарката ја прашува дали е богат најпрво. Значи се почесто е за пари
Млади и зелени девојчиња може да се занесуваат и да трчаат по пари ама верувајте ми на крајот срцето победува.... И јас и сопругот потекнуваме од скромни работнички семејства што ми е многу мило оти незнам како би реагирала да сум мажена за некој богат и да бидам во ситуација да ми префрлаат за мојата имотна состојба. Љубовта и почитта се поважни од парите, кога партнерите се сложни, се ке се постигне.
Неможам да ги поврзам љубовта и парите-две различни нешта. Љубов заради пари не може да постои, тоа не е љубов. Жално е тоа што на денешните генерации парите им се најважни. Точно дека парите се неопходни за живот, а од љубов не се живее. Но тие се минлива работа, носат моментално чувство на среќа и задоволство, но човек е исполнет вистински само ако вистински сака и е сакан. А парите никогаш нема да можат да го заменат тоа.
За жал денес има многу такви врски заради пари, но сметам дека во таква врска никој неможе да биде доволно среќен. Ако не сакаш и ако не си сакан и не си среќен џабе се сите тие пари.
Парите не можат да те прегрнат, или бакнат. Што ќе ти е богат живот, пари, кога немаш со кого да ги поделиш? Како што рече крејзи ин лав, тие се минлива работа. Сега ги имаш, а утре?! Кога ќе ги немаш и нив? Што ќе ти е ооогромна вила, кога си сам/а? Кога ќе немаш со кого да се насмееш, со кого да плачеш?
Верувај дека во денешно време не само девојките, туку и машките се станати "спонзоруши", бркаат побогати женски. Не знам кој им е филмот, но очигледно не осетиле права љубов за да сватат колку вреди и е убава и дека не може да се замени за ниедни пари на светот.
Љубов од срце... Џабе ти е ако е богат партнерот, а е идиот, се однесува со тебе како со ѓубре, не си среќна, постојано плачеш и си мислиш во кое го*но влегов заради пари... Неможеш да ја осетиш вистинската среќа, неможеш да бидеш со тој што вистински го сакаш... Друга приказна е ако навистина се сакате со дечкото и тој е богат, тогаш ти работи среќата... А кога си со некој само заради пари, мислиш дека имаш се, но го немаш најважното-ЉУБОВ...
пред десет минути ја слусав песната љуноцта со пари не се купу ама без нив век не векува епа има некоја логика
Се почесто денес има такви кои се со своите партнери заради парите, кои тие ги нарекуваат "љубов". Многу добро ни е познато дека со парите не можеме да купиме љубов, среќа и здравје. Денес ги имаш, утре не.. А љубовта е благослов кој не го добива секој, да љубиш вистински значи да се предадеш на некој без кој не можеш.
љубов од срце и тоа со полно срце и до максимум. Не ми требаат ни пари, ни злато, ни кола ми треба искрена прегратка, чисто срце, желба да бидам со некој. Моментално и сум со таков човек се си правиме сами, една соба но ќе биде наша. Дечковците со коли и пари ви ги препуштам слободно, некако никогаш не сум ги сакала, а факт е дека голем број од младината гледаат колку има во џеп а не што носи во срце. просто од тоа ми се
Има секакви девојки, жал ми е за оние кои не го сакаат партнерот туку неговите пари. Партнерот им купува се и имаат се, но се знае што такво машко сака за возврат. Љубовта од срце е љубовта што ја ценам најмногу зошто треба да се сака човекот заради неговите карактеристики, харизма и се разбира изглед и душа, а парите денес ги имаш утре ги немаш
Факт е дека не можеме да се водиме од некои идеали и да рушиме општествени табуа толку лесно- ако има разлика во богатството на партнерите секогаш ќе постои тој јаз дека едниот финансира а другиот искористува, и при најмала кавга тоа ќе биде спомнато од тој што финансира, па затоа не оправдувам љубов за пари- би се чувствувала многу лесно, просто- како јас да не сум способна и немам компетенции сама да си заработам пари. Но тоа за идеалите важи и за љубов од срце- не можете само да се сакате, да одите против сите во општеството, а да немате услови за живот- како да кажам, а да не звучи сурово- се сакате, се убаво, ама немате услови ни да појдете некаде, ни да створите семејство, ни ништо и со тек на време почнуваат кавги, па ако едниот партнер има малку повеќе средства (или пак е пообразован од другиот, а овој без образование не може да се вработи и затоа нема ни пари) го обвинува другиот зошто овој не може да најде начин за да створат семејство, па почнуваат некои нервози, и ајде и да се земат некако, после нивните амбиции сакаат да ги остварат преку децата и така продолжува тој маѓепсан круг на незадоволство. Да не забегувам толку од темата - јас сум за некаков баланс, ако е можен- партнер со приближна финансиска ситуација, кој ќе ви биде привлечен. Не би сакала цел живот да се будам во преубава куќа покрај некој збрчкан морж.
Зошто веднаш осудувате девојки, без да размислите малку подлабоко и што би се рекло малку подалеку од носот? Еве вака ќе пробам да појаснам. Секако дека парите играат битна улога во една врска. Си имам и близок пример, како им цвета љубовта затоа што си имаат да си дозволат се. Си одат на излети, на одмори, по забави и.т.н. Тоа е знак дека врската не им е досадна и не им се сведува на кај неа дома-кај него дома и грицкање семки низ чаршијата. Додека на пример, пар којшто неможе да си дозволи барем еден одмор годишно, или барем еден излет, се гуши во монотонија, досадно им е, затоа ракинуваат. Врската им се сведува на тоа, кај неа дома-кај него дома релација. И нормално е дека почнува да станува досадно, нема за што да се разговара, прво и основно па потоа се друго. Значи друго е кога имате да си дозволите заеднички одмори, патувања и.т.н, а друго е кога седите дома пред ТВ и секој нареден ден е загатка - што ќе се прави вечер, затоа што навистина нема што да се прави, нема идеи, нема можности да се реализираат идеите доколку ги има. Да не ме разберете погрешно, материјалиста не сум, но реално така си е. И повеќето девојки го бараат тоа. Зошто на пример некоја да се досадува кога може да има екстра забавен живот полн со забави, одмори, патувања и.т.н. И тука нема ништо погрешно, секако додека е во границите на нормалата, потоа љубовта сама си доаѓа. Имаш се што треба да имаш и тоа е тоа
Офи,ти скорпијо една.. Се согласувам со тебе и би додала нешто. Само љубовта не ги плаќа сметките,не храни детски усти,не носи храна на масата. Ај сеа се сакаме и се ќе направиме. Мало морген. И јас не сум материјалист. Ниту сум спонзоруша. Но темава ме потсети на мојата прва и последна врска која ја имав. Дечкото имаше пари,да. Фала Богу,имаше и многу други квалитети. Но баш оноа,еј ај ќе одиме ваму,или наму,ќе прошетаме,ќе пиеме кафе на друго место,ќе организираме скара некоја на планина преу викенд,беше одлично. Јас би го сакала и без тоа,затоа што се заљубив во него,а не во неговите пари. И токму напротив,толку многу го мразев понекогаш тоа што има пари,бидејќи сите го искористуваа. Факт е,јас се сметам сеуште себеси за млада за да размислувам за врска со прстен,или сериозни обврски кои доаѓаат со бракот и такви ствари,можеби да имам сега некој би се задоволила и со зобење семки само,но како што кажа Сеси,некој компромис,баланс,на секој добро би му дошло. Имам и такви,и такви случаи видено,имаат многу пари,но љубов никаде,или немаат пари,но љубов имаат и за продавање. И после не бидува. Но никогаш не би се омажила за некој само заради тоа што ни самиот не знае колку пари има. Кого сакам јас,него или неговите пари? Со кој ќе имам секс,со него или неговата кола? Јас сум од тие поскромните,не сум воопшто скапа,добро количество почит би ми завршило работа. И да е висок.
Според мене, сето она што го напиша Офспринг е ок, НО ако и двајцата имаат пари за да си дозволат луксуз каков што сакаат... Инаку, доаѓа пример летен одмор, тој сака да лудувате на Златните Песоци или да се шетате покрај романтичниот Јадран, а ти немаш ни за купачи не за друго...ок е, тој части, се за неговата принцеза, заљубени сте-какви пари какви бакрачи, што е мое и твое е...Викенди на планина, вечери во ресторани, концерти, журки...Прашање е до кога ќе плаќа за тебе онака чисто од мерак, без да побара нешто за возврат-пример твојата понизност, благодарност и затворена уста бидејќи направил многу за тебе? И прашање е до кога ти ќе можеш да уживаш во тие благодети овозможени од негова страна без да се чуствуваш...штознам...лошо??? Не сум ни за другата крајност, но и оваа не е туку така лесна како што навидум можеби изгледа...
Шкорпионке, зависи од дечкото и неговиот карактер. Ако е тип со стил и искрено те сака а ти го почитуваш и не му изведуваш финти да се осеќа глуп нема никогаш да ти спомне ни пари ни ништо ниту ќе бара понизност туку напротив ќе те поддржи и во твоите амбиции и ти да заработиш баш дека ќе може. Жена која е способна и интелигентна ќе знае да ги искористи неговите пари и за заедничко добро наместо само да ги троши .