Mојата најдобра другарка така си се зафркна за пари, "A бе шоо имал пари, живеел во странство" уште од ко се свршија и забрани со ниедна другарка да не зборува, ниту со мене што заедно пораснавме, се омажи па ја зеде во швајцарија ја затвори во стан да готви и чисти а тој ноќен живот да си тера уфф па нормално дека ќе е така, тој богат од секогаш имал се, и му е гајле за љубов.
АУУ како ги мразам тие што на пари се лепат такозваните Математичарки...Ама не се само девојки и машки ги има такви есапчии... Кое понижување е да одиш со некој за парите само. Да чекаш да те части, да се фалиш оти ти купил ташна скапа, да се возиш во јака кола и сите позади тебе да викаат ’’Леле види ја се залепила на шовершајбната дури, само за да ја видиме’’. И на крај сите ке те научат оти си таква а многу голема е веројатноста твојот дечко да си најде некоја друга што е на негов ранг, а ти ке останеш ем без ташна ем без достоинство. И какво е тоа љубов за пари? Кој ги поврзал тие две работи? Таква љубов не постои. Љубовта е чиста, искрена (не секогаш), најубаво нешто што нема врска со таа смрдлива хартија наречена пари. Во животот се трудам еден ден да бидам некој и нешто, мојот маж да се гордее со мене, ако не друго бар да имам некоја солидна плата, а не да го молам да ми даде пари за улошки.
Љубов од срце!! Единствено тоа може да те исполни, се останато( спозорирање, глумење љубов) го сметам за пореметување... Навистина не ги разбирам девојките на кои целта им е да се омажат за некој си парајлија и така да си го пројдат животот.. Како прво, со него треба да живееш, да бидеш среќна а ако не го сакаш како ќе бидеш среќна? Второ, бидејќи типот ќе си биде богат, постојат големи шанси да те третира ко вреќа ѓубре... Најстрашно е што денес, се повеќе има и машки спозоруши... Знам еден пример кога девојкава иде со било какви и да се дечките само да се од Италија, Германија, Франција.. Тоа е трагично.... Сепак, мислам дека кога и да е, животот ќе ги научи... и тоа добро....
Многу пари во џеп = шетање задоволства(неограничено), трошење од лудост и задоволување каприци. Да шеташ некој покрај себе само зошто има пари, попатно и колку да имаш дечко е очајно и мизерно. Љубовта од срце се повеќе ја снемува, секој гледа да си ја обезбеди иднината, што до некаде е и нормално за времево во кое живееме. Но, јас лично не можам да бидам со некој доколку искрено не го сакам, доколку тој мене не ме сака, таквата врска ме гуши. Колку сака некој нека е богат, тој треба со друго да ме привлече.
Дефинитивно само љубов од срце Крајно понижување ми е да одам со некој само затоа што бил богат.Фала богу Господ ми дал 2 раце и нозе и сум доволно способна сама да си ја обезбедам сопствената егзистенција.Не гледам кај им е задоволството на тие девојки кога ке легнат со богатиот дечко,а не го сакаат.Можеби во неговата кола,новчаник,палата???Не,не, не љубовта е многу повеќе од тоа
Воопшто не го сфаќам ова,љубов за пари,па тогаш тоа не е љубов кога се гледаат само парите и ако е така тогаш во најчести случаи се има по два партнера едниот е т.н. спонзор а другиот се сака... Секако дека би одбрала искрена и чиста љубов,не ме интересираат туѓите пари,секој си има своја среќа. Знам личности кои одбрале да бидат со некого заради пари,имаат се што ќе посакаат но не се среќни,немаат љубов и се каат што ја отфрлиле љубовта заради пари...
Љубов од срце, always and forever Парите се минлива работа, денес ги имаш, утре ги немаш. Љубовта е вечна, нормално ако се одржува.
Јас на сите секогаш им велам животот без љубов не е вреден особено ако планираш брак со партнерот ниедно богатство нема да ти направи да се чувствуваш среќно и исполнето како искрената љубов.животот не е еден ден па да го преживееш во шопинг и тoa да те направи среќна,ќе треба да заспиваш и да се будиш покрај тој човек да се пољубиш па и да имаш секс со тој човек а како би изгледало тоа без љубов?како безконечно мачење на срцето
Точно е дека денес мн одат поради парите, али за тоа сигурно на некаков начин си плаќаат и цена.Во ова не мислам на секс и др работи туку на понизност, премолчување и исполнување на некои негови каприци.Најчесто штом тој финансира со самото тоа тебе ти ја затвора и устата.Кога он плаќа ќе играш по негово и нема спротиставувања ако сакаш да го задржиш.Еве јас и ханито на пример не сме некој богаташи, онака средна класа и баш ни е убаво.Можеби не можиме да си дозволиме да одиме секој месец на патувања или егзотични летувања но и едно одење до Охрид нас ни е убаво.Од друга страна е мојата другарка и нејзиниот ФРАЕР.Типот можеби има повеќе од моето хани али ни за 10 такви како него не би го менувала.Јас барем знам кај што одам сум прифатена и одам со крената глава и кога ќе си дојдам дома се враќам насмеана, а она АКО некогаш излези со неговото друштво ( што е препрепремногу ретко) а да не збориме да појди кај него, се враќа расплакана.Многу пати сум ја прашала зашто плаче или зашто седат само кај неа дома и никаде не искачаат и она ми одговори не сакам да излегувам затоа што не ме дружат неговите другарки и другари затоа што не сум била од нивна класа .Мислам алооо, што правиш со него???? Ако таа сега н е еприфатена, што ќе биде понатаму?Можеби дечкото ја сака, али според мене треба да си прифатен и од другите.Мене најискрено ми е глупаво д аизлезам и да молчам и никој од другите да не ме забележува дека постојам.За што тогаш сум таму ако никој не ми збори?за да подполнувам место на масата?НЕ, НЕ и НЕ! Тоа за мене не е.И кога нешто не ми одговара јас знам и да се спротиставам и да повишам тон на него а она само ќе ја наведне главата и молчи затоа што ако зборни фраерот ќе ја остави.Е па подобро сама одколку се да си собирам на срце за некоја илјадарка плус.Знам дека од љубов сметки не се плаќаат.Во Веро,Тинекс и др. со љубовта на каса да наплатиш неможиш.Да ја поставиш љубовта на маса да ручате и тоа неможиш, но можиме да се потрудиме да работиме и да го постигнеме тоа.Бабами и дедоми немале каде да седат кога се земале оделе под кирија па на крај успеале и куќа и дуќан да спечалат и две деца да школуваат со факултет па не ние што имаме обезбедено станбено прашање.
Бирам љубов од срце, парите заедно сами ќе ги направиме Доколку е љубовта искрена се може да се среди
Парите не можат да го направат човекот среќен, ако тој не умее да ужива во оние мали секојдневни работи, кои ни ја исполнуваат душата и внесуваат љубов и среќа во нашите срца. Љубов од срце, дефинитивно!
Џабе ми се сите пари на светот да ги има ако не ме почитува, моето мислење ништо не му значи ниту пак го интересира, да ми се прави маж во куќа,а јас да изигравам весела домачица оти нели де поклон ќе добијам, јас да седам дома или да бидам излезена во град, среќна дека мажот ми дал пари да одам на шопинг додека тој всушност успеал да се куртули од мене за да оди кај некоја друга шмизла, оти нели де он има пари и може која сака да ја има... а да не зборам на сето ова да има и психичка или физичка тортура. Секоја чест на исклучоците кои нашле некој кој ги почитува, а има и пари. Само сметам или барем околу мене повеќето такви семејства(нормално повозрасни генерации) богатството го имаат стекнато во брак(а не со богатство или поради него да стапат во брак). Е сега допрва ќе ги видиме нивните синови и ќерки. Бедни се оние мажи кои мислат дека со частење, купување подароци, фрлање пари ќе фатат девојка . Море се мислам и да им се погоди некоја која ќе ги исцица до крај, па после да се чешаат кај што не ги чеша(пак нема да им дојде паметот, познавам еден пример, дибеци) Конкретно јас имав ситуација каде типот мене лично ми се допадна зошто беше навистина интелегентен, паметен, имаше познавање од повеќе работи, а знаеше да направи и нормален муабет. Се така фино, една, две вечери ние во кафич на пијачка, кога 4тиот ден типо низ муабет ми вика имам стан (од незнам колку квадрати)во центар, живеам сам, кола и месечно заработувам по над 2500евра... уште една две реченици и следуваше “Сега ме сакаш?“ WTF ??? значи буквално се претворив во прашалник . Жалосно , требаше само да се потруди да ја прочита мојата насмевка и вниманието кое му го пружев додека правевме муабет за да сфати дека ниту еден од овие податоци не ме интересира... Ова само ми покажа дека тој воопшто не ме почитува како личност, туку веројатно ќе му служам како некој трофеј или барбика што ќе ја шета до себе, без да му биде важно моето мислење...Среќа , ми покажа кој е , па наредното кафе остана неиспиено. Дечко ми не е богат, има нормална плата и живее обичен нормален живот. Но, секогаш го интересира прво јас што сакам, што мислам за одредена ситуација, дали сум добра, среќна... Секој месец ме изненадува со нешто, без разлика дали е тоа чоколадо, ружа или последно беше прекрасен прстен... на два-три месеци се трудиме заедно да излеземе од државата па макар и на 5 дена. Зарем можам да посакам нешто поубаво од ова???? Ни за 100милиони евра не би го сменила
Самата поставеност на прашањето ми оддадава некој наивен детски шмек поради ограниченоста а и предвидлививоста на одговорите. Фрустрирачки е кога е девојка со тип кого не го сака. Да не навлегувам дали е сакана почитувана..секој случај е посебен, но демек она ги користи материјалните благодети кој он и ги пружа без вистински да чуствува љубов. А не е ли фрустрирачки кога врска на далечина едвај опстојува зашто партнерите немаат пари еден автобуски билет до соседниот град да купат. Не е ли фрустрирачки кога едниот партнер заминува на студии во друг град, држава и интелектуално кај кај ќе се издигне а другиот нема ама баш никакви финансии и дреме дома пред комп или ги мери улиците во обид да најде некоја амалска работа. Не е ли фрустрирачки кога се со години заедно а еднаш не успеале да заминат на одмор и како луѓе да делат кревет. Не е ли фрустрирачки кога се свесни дека немаат финансии за заеднички живот, дом, семесјтво. да не редам.... Ниту само од пари се живее среќно ниту само од љубов. Убаво би било кога постои баланс , или барем и нерамноправна застапеност.....али едно без друго