Пред се љубов од срце а не заради пари.Кога се постои љубов се друго ќе се среди јес да ни од љубов па само не се живее ама ако постои њубов ќе имаш желба да работиш да створиш.
Љубов за пари не постои. Тоа не е љубов! Јас никогаш не би стапила во брак поради пари. Тоа за мене би ми било жив пекол. Да спијам секоја вечер покрај некого а да немам желба да го прегрнам. Поубаво би ми било да е тој просечен,но едвај да чекам да си отидам дома, зашто таму ме чека некој што ми недостасува. Но од она што се случува денес ако бидеме искрени, мислам дека денес повеќето не гледаат љубов туку прилика ( можеби грешам, но ова 98% се однесува на женскиот пол). Ако некоја девојка има двајца додворувачи, од кои едниот е финансиски добро статуиран (Стан во Скопје, Охрид, вила на Маврово, добар автомобил), а вториот е просечен дечко ( кој за разлика од првиот има поголема интелигенција, амбициозен е, работи напорно да постигне нешто, и најважно од се имате поголеми симпатии кон него) кој ќе го одберете ?Јас гласам дека повеќето девојки ќе го одберат првиот. И сум сигурен дека колку и да се правите скромни, никојa не замижува пред добра прилика. Пример знам девојки кои не сакаат да чујат за дечко, кој нема кола и сл. Секоја чест на исклучоци
Јас секогаш ќе сакам од срце,никогаш нема да гледам даи илма праи или не.Парите не се воопшто важни во љубовта,но ако искрено со полно срце го сакаш ни парите неможат да го купат тоа.Важно е човек да е добар,фин,воспитан,културен и да те сака со полно срце...
Ех! Секоја ден се повеќе сум сведок на љубов за пари за жал...Прееска со мајка ми праевме муабет на оваа тема и кажав дека нема шанси под никој услов да бидам со некој ради пари тоа за мене е бре луѓе најподлото нешто.И шо коа ке бидиш со неа/го кога не те сака парите си го прават своето баш мајка ми ми кажуваше пример за човек кој си го оставил семејството и заминал со друга жена сега е ниту со едната ниту со другата и сето тоа заради пари.Шо кога ке бидиме со некој заради пари ке не шета а? ке правиме нешта кои ке ни прават задоволство а претходно сме неможеле заради немање на пари..Не,не не за љубовта за пари
За жал на денешно време повеќето стапуваат во брак,или се во врска поради парите. На многумина не им е значајна лубовта,повеќето сакаат добар живот,да живеаат на "висока нога",нивниот партнер да има добра куќа,да има добар автомобил,добро да заработува...Јас лично никогаш тоа не би го направила за пари. Никогаш не би можела да бидам со некого што не го сакам,само затоа што има пари и ќе ми пружи богат живот. Неможам да се замислам да легнувам и да се будам покрај човек што не го сакам. Повеќе посакувам да имам скромен живот со личноста што ја лубам. Кога ке си дојдам дома да ја осетам топлината на нашиот дом,на нашата лубов...
За жал многу си во право,све се гледа од призма на матријалното,ама што е тука е,се навикнавме ние машките дека идете за пари,така да многу не се замарам барем јас а за другите незнaм, а еве и нешто да прочитате со совпаѓа со темата. Отворена дискусија: со секс до чевличиња и чантички, и Македонките го прават тоа, зарем не? Велат дека размена на работите и на услугите од овој вид сѐ почесто се случува и кај нас. Не сакаме да морализираме, ниту сериозно да се фрлиме на истражување, туку баш нè интересира што мислите вие за „врските“ и сексот од интерес како најкраток пат до модниот рај? Без да заобиколуваме, прашуваме што мислите за популаризацијата на различните форми на „проституирање“ меѓу младите Македонки, сте размислувале ли за овој модерен феномен кај нас, и во која доза, според вас, е присутен? Што мислите за зголемениот број млади Македонки што во замена за скапи чевличиња, чанти, гардероба, козметика, прошетка во странство…, прифаќаат да влетаат во „врска“? Факт е дека и низ нашите улици често гледаме скапа мода – чантички од Луј Витон, чевличиња од Прада, очила за сонце од Гучи… А знаеме дека, нели, се нема пари. Знаеме и дека на чесен начин речиси е невозможно да се заработи за сите тие луксузни крпчиња од листата на желбите… Или Вие сепак мислите поинаку?
Витомир ова научно докажано? шала Туку и вие машките не сте цвеќиња за мирисање и не сте ништо поразлични од женските спозоруши. Ок, не сите, како што не се сите женски. На темава се е кажано. Колку и да викаме љубов и само љубов, џабе е. Јас сум секогаш за партнерите да се финансиски на слична бранова должина, за да има повеќе разбирање.
Луѓето кој се одлучиле да се интересираат за парите на партнерот,тоа не би го нарекла дури ни љубов за пари туку искористување на партнерот и никако поинаку.Ке земам некој тип кој има пари ко киша што потоа да се згрозувам секогаш кога ке треба да го бакнам,а камо ли да легнам до него и ред други работи,никогаш.Парите вистина го вртат светот наопаку,ама вртејки можеш да останеш и без нив.
Ако сака сите пари нека ги има, ако не ми е убаво со него џабе и пари и кола. Немаат вредност таквите работи за мене, сакам да сум среќна со некој што ќе го сакам и ќе ме сака, а не со некој што има убава кола и слично.
Требе срцето најпрво да ми покаже кого љуби а богами и парите ке дојдат како добар дотур на уживањата...добра комбинација од двете работи подолго трае.
Дефинитивно сум за љубов од срце, не би сакала никогаш да се омаловажам и да си го загубам достоинството. Не ги осудувам девојките кои го прават тоа, но не ги оправдувам зошто ако им требаат пари можат да работат некоја друга работа. Каков сјај и какво траење на врската би добиле ако е се за пари, никогаш нема да осетите да ви дојде убаво на душата. Мизерно ми е премногу.
So decko mi sum skoro dve godini,jas imam 25 on 31,sekogas sum vikala deka parite ne se vazni vazna e ambicijata sto ja poseduva nekoj za da tera napred,nemame pari od skoro ja izgubi i kolata i voljata za se,nesaka da raboti vo makedonija saka da raboti nadvor i jas se toa go razbiram no vo megju vreme on po celi denovi e doma i bukvalno nema pari za nisto,zivee sam i od skoro jas kaj nego,i jas sum vo slicna situacija vo potraga sum po rabota i tuka i vo stranstvo ama ova vekje ne se trpi nekogas si mislam kolku treba da se izdrzi za vistinskata ljubov da potrae,dali vistina vazi ona deka koga se nema kes ljubovta leta niz prozor,neznam sto da pravam od sto sum fokusirana da mu pomognam na nego se zaboravam sebe se povekje licam na ocajna domakjinka,neznam vo glavava mi edzungla,dali a vistinskata ljubov treba da se izdzi se i kako da znaeme deka nema da bide vaka ponataka,i porakava koga ja citam izgleda zbunuvacka ama i jas sum celata vo takava situacija