Само да ве потсетам дека од љубов не се живее и дека недостигот од пари ја разорува и најголемата љубов. Парите не значат се, но значат многу кога ги немаш. Теоретски би требало да биде љубов пред се, ама практично без пари во урбан град тешко може да се преживее, кога лугето се безмилосни во осудата ако само барем по облеката се разликувате вие или вашето дете. Колку и да е силна таа љубов ќе пукне под притисок на секојдневните проблеми. Не мора да е мултимилионр, ама да имате пари за нормален живот А дали може да се живее со пари а да не го сакаш човекот? еројатно да, кога имате пари, кога можете да си приуштите многу нешта веројатно ќе го засакаш, на убаво секој бргу се привикнува. Секако ова е само мое мислење тоа не значи дека вашето ако е поинакво дека не е исправно нели?
Љубов од пари- нема смисла. Од пари може да биде заедница, врска, брак итн.. Ама љубов не може да се нарекува ако е од пари. На темата, никогаш не би одела или нешто повеќе со некој чисто заради пари. Побрзо би се омажила за виза од колку за пари. Онака знаете на лажги мажење колку да останиш негде во странство па да си бараш чаре. Макар што и тоа ми е бљак. Некако ми е прекраток животот да се троши на такви работи. Ми се љуби искрено и чисто и само на тоа и можам да се посветам. Се друго би ми било одвратно
Добро само јас ли верувам дека бракови за пари се дешаваат само на филм или чик лит? Ваквите случаеви не се нешто чести по мене, а и брзо се распаѓаат. Мрдни се и заработи сам место да чекаш некој да те издржува. Мене срам ме фаќа од вакви.
Љубовта за пари е толку ефтино нешто, што нема на што друго да се храни освен на скапи подароци што гарантираат привремена среќа додека Окото Ненаситно не го привлече нешто друго. Љубовта од срце секогаш грее со чувствата, поголем подарок од тоа да знаеш дека си сакан нема.
Ако има љубов има се! Парите се потрошувачки материјал, не траат вечно, еден ден ќе ги снема па за што ќе живееш со некој кого не го сакаш!? А вистинската љубов останува вечно без разлика на материјалната состојба. Во тешките моменти сите бараме љубов, а не пари! Иако голем дел од женскиот род вклучувајки ме и мене многупати кога немаме пари за нешто што го посакуваме си ветуваме дека ќе се омажиме за богаташ со којшто се ќе ни биде на дофат, сепак во моментот кога саканот (со празен џеб) е пред нас се откажуваме од сите пари на светот. Луѓе сакајте се другото само ќе си дојде! Се најдобро