Devojki dali bi se borele dokolku go izgubite sakaniot ? Do kade e dozvoleno da se odi so obidite, a da ne se zagubi gordosta ?
Еднаш ја загубив за некој што не вреди. Ако е тој спремен да се бори бори се и ти, ако не чао пријатно. Никој не треба да се моли, по никого не треба да се трча.
Би се борела ако знам дека искрено ме сака, но не би ги пречекорувала моралните норми. Со дечко ми имавме многу бурни периоди, по секоја расправија следуваше раскинување, па помирување следниот ден. И се' поради љубомора. Многу жалам, затоа што без врска сме се нервирале и двајцата. Но, со текот на годините го најдовме балансот и отворено разговараме за се'. Знае дека нема потреба да се грижи и има доверба. Да не се боревме еден за друг и да останевме инаетливи после некоја расправија, којзнае каде ќе бевме сега. Значи, според мене, некогаш е во ред да си упорен, ако силно веруваш во она за што се бориш.
Ако сум го изгубила зашто проблемот бил во него... всушност не сум изгубила. Изгубил тој. И не, нема да се борам за човек што не ме заслужува.
Гордост и не попуштам нималку, како што тој можел да направи нешто што ќе ме повреди, јас неможев ? Не, не, несакав. Затоа што моето „те сакам“ беше вистинско, а неговото е за во корпата до нашата клупа во паркот.
Јас порадди таа гордост си ја изгубив саканата личност и сеуште ја губам он ме моли веќе 2год а јас се правам наудрена а имам дечко ама срцето ми е на др место а умот ми е кај дечкото. И си патам зашто затоа што јас сум инат невиден а и горда јас да бидам као нешто он само да трча по мене.
Просторот и клучот на секоја врска, брак лежи во компромисот и копактибилноста на две индивидуи кои пред се се љубат а потоа и неизмерно се гледаат еден кон друг како за своја душа.. за свое срце, во овој случај и тоа како вреди некогаш да ја потргнеме гордоста настрана и да се обидеме да погледнеме малку и од другата страна, од среќата и од нашата возбуда во себе, од радоста која не плени, не вреди секогаш да ја труеме душата со гордост, кога вреди, не, не треба.
Koга е во прашање љубовта, понекогаш гордоста треба да ја оставиме на страна. Секако, доколку нештото е вредно да се бориш за него.
Со текот на годините научив дека љубовта треба секогаш да ни биде пред гордоста и треба секогаш да се бориме за неа. До крајот. Затоа што, кој се бори, тој победува.
Гордоста Зарем има нешто поубаво од тоа да се гордееш со тој што го сакаш? Ако дошло ред да рушиш гордост заради некого, зарем очекуваш почит од него во заедничкиот живот понатаму?