Љубов како на филм

Дискусија во 'Врски' започната од The.Complicated, 30 октомври 2010.

  1. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Дали ви се има случено некој специјален и неопишлив момент како на филмовите? Или дали сите моменти во нив се ваше секојдневие?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Ев ќе издвојам еден на кој се досетив сега.
    Со дечково кој ќе го спомнам во текстов никогаш не бев во НИКАКОВ љубовен однос. Сега сме приајтели... засега :lol:

    Бевме ДЕЦА, а и уште сме. Тој дури и помал од мене. Ме бркаше по таа тревната површина, јас бегав. Зошто ме бркаше? Не знам. Можеби му беше тоа само еден глупав изговор за да имаме нешто што ќе не поврзува. По долго трчање ме фати. Со неговите дланки ги обви моите и за да не избегам стапна врз моите патики со врвовите на неговите. Стоевме премногу блиску еден до друг и се гледавме очи в очи...

    ...се‘ додека не се развика другарка ми и не го скрши филмот :D :D :D
     
  3. fragolina

    fragolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Еј многу сакам филмови да ги гледам и да ги правам и да ги уживам. Филмови многу сум направила и љубовни и сексуални ептен сакам да бидам во главна улога.Дури и убаво ми е да си сеќавам на нив пак ми се враќаат истите чувства што сум ги имала додека траел филмот. :rofl:
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Запознавањето со мојот вереник беше исто како на филм... Случано, спонтано, ненамерно... Така е кога Господ ќе замеша прсти...
    П.С. Сори што не сакам да опишам ;)
     
  5. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    104
    Првиот бакнеж со сегашниот дечко ми беше како на филм.
    Јас во дискотека со другарки,тој со другари...Испивме и двајцата малку повеќе но бевме свесни што правиме...
    Ја пуштија hero од енрике и ме погледна..
    се приближи и ми шепна да играме.. :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    отидовме на подиумот и се гушнавме ...
    пред крајот на песната ми се доближи и...се случи :) :) :) и еве до денес се памтам тоа и никогаш не се заборава :$
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    И мене ми се има случено момент како на филм.. Со дечко ми една вечер цела седевме на една клупа. Седевме се гушкавме, се бакнувавме и си кажувавме колку си се сакаме. На тргнување јас прва станав од клупата а после мене и тој. Јас бев свртена со грбот и тој од позади ме гушна и ме бакна на вратот. Јас се завртев и го гушнав и се бакнавме потоа тој ме зеде во раце и така ме носеше некое време.... Многу шесто се сеќавам на таа вечер и се чуствувам прекрасно. Среќна сум што сум со него. :inlove:
     
  7. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    115
    Уф, ми се има случено ептен филмски момент пред неколку месеци со личност која се уште пробувам да ја заборавам.
    Време 4 сабајле. Небо полно со ѕвезди. Ние двајцата легнати на плажа, неколку метри пред нас бранувано море. Гушнати и покриени со крпа гледаме во ѕвездите. На мобилниот одиат песни од Jason Mraz.
    Тој: Да би постоел господ(и двајцате сме атеисти), би го замолил да направи две работи за мене. Првата работа е да ги доближи ѕвездите поблиску за да можеме поубаво да ги гледаме, а втората работа е да го направи овој момент вечно да трае.
    После овој муабет следуваше неверојатен бакнеж.
     
    На kjukli, Bok и red им се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.350
    кога се вратив после десет месеци од странство, јас на аеродром и таква збунка го барам со поглед, и тој истрча од никаде ме гушна ме крена во вис. куферот падна а ние само се гушкавме, бакнувавме и плачевме на сред пат каде што излегуваа луѓе :inlove: најемотивниот момент во мојот живот ...,
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Море како што на моменти сум си уфилмана , со стаж на EX DRAMA QUEEN :D ми се случиле многу убави моменти баш како на филм.

    После запознавањето со сегашниот дечко, го немав видено воопшто, се додека не го видов случајно за време на една изложба, на која воопшто не сакав да одам. Ме натераа другарките. Пофилмско - здравје. :D
    Гледам секси дечко со убаво газе и само и шепнав на другарка ми - Тука е. Нормално, го следев од слика на слика, додека не си кажавме здраво. :lol:

    Некаде во август му бев на гости и знаев дека си свири на гитара, онака од ќејф, ама поима немав дека ќе ми иссвири песна само за мене. Во тој момент, додека го гледав и слушав, внимавав да не се подмочам случајно од среќа, емоции на измешана среќа и копнеж и нежност и лудачка желба за секс. :lol:

    Јас сакам ретка супа без фиде и еднаш еден дечко како помали ми имаше прецедено цело тенџере со мала цедалка за чај. :D
    Ви се молам, нели е тоа љубов како на филм???
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Jordanovska-K, Night.Star, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Јас уживам во врската со дечко ми. Искрено ми е најубаво, неопишливо. Се чувствувам во секој момент најсреќно, исполнето. Мислам дека ќе се пронајдам во втората реченица
    . :lol: :lol: :lol:
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    50.016
    Пол:
    Женски
    Имало такви моменти но ќе има уште многу, на почеток сме :)
     
  12. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    7.410
    Пол:
    Женски
    Искрено секогаш се чувствувам како да снимаме некоја сцена од некој филм. Неописливо е.. Ми фали летото и долгите вожњи на мотор, тогаш се чувствувам како филмска дива. Но, затоа ноќите кога заспиваме ни се најфилмски ако можам така да ги наречам. Секогаш се држиме за рака пред да заспиеме.
     
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    44.374
    Пол:
    Женски
    Сцени каде што луѓето се сретнуваат по катаљарда пати во животот.
    Па се нешто нови шанси си даваат и како хрчаци во круг.
    Еве ме, филмска хероина. Да сонував, немаше да постанам.
    Живота бре, красота.:D
     
    На Cinderfakinrella, Someonespecial и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  14. lovely97

    lovely97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    9.076
    Пол:
    Женски
    Ние двајцата сме си сами на себе филмови. Не се пронаоѓаме во никој филм, а ниту пак сме имале сцена како на филм. Јас и он сме самите режија, актери, сценографи и се друго. :)
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.